Честитки и за тебе Морам да признаам голема мотивација сте ми Јас уште една недела па се мерам со метренцето, не знам како издржав до сега да не се мерам. Јас највеќе заради метаболизмот и вежбам. Деновиве сум надвор трчаме со дм заедно двајцата се мотивираме еден со друг. Се приметува и кај мене разлика, гледам по фармерки, фустани кои ми стоеле кнап што се вели, сега се таман
Јас внимавам 3-4 недели и можам да се пофалам со -3 кг. Мислам дека е ок резултат за толку време, не гладував воопшто. За мене клучно е да научам да одолевам на искушенија и полека успевам. Со исклучок на ПМС, страшна сум тие денови. Почнав да вежбам лесни и едноставни вежби, ама се уште не вежбам толку често и долго колку што би сакала. Сепак енергијата почна да ми се враќа, не можев да се качам еден спрат по скали без да издишам. Продолжуваме понатаму.
Денес: Топла вода со ѓумбир Д: нес, 1 вршла, 1 парче сирење, маслинки и двопек Р: Џигер во домашен сос(кромид,морков и патлижан) и зелка салата Ужина: праска В: салата краставица со кисело млеко. зелен чај во изобилие исто така и вода
Пак јас а ако Денес: Топла вода со ѓумбир Д: нес, 2 кришки потпечени во релна со кашкавал, кечап и маслинки Ужина: 2 праски(една голема една мала) Р: шопска и стек Вечера ке немам зошо касно ке ручам, сега ке вежбам дур се истуширам дур јадам 6 ке ме фати.
Друштво, ви се враќам јас. Дводневната пауза се направи двонеделна. И сигурно сум 3-4 кг плус, се гледам во огледало и не можам да си верувам. Ако, ќе ги симнам и тие. Без разлика колку сум уморна одсега ќе се трудам да вежбам, барем половина час во денот. Да се надеваме овој пат на резултати. Почнувам пак со УН, ама денес си го држам овошен колку за прочистување. Утре одиме со протеински и ќе го рачунам за прв ден. Денес изедов една цела лубеница и испив повеќе од 2 литри вода. Од вц не излегов. Одиме јако.
22 ден и -6кг нема поубаво чувство од тоа да гледаш како од ден за ден се намалува килажата и се топиш.
Кои овошја се најдобри за замрзнување? Сакам да си замрзнам додека има за да си имам на зима за смуди.
Јагоди, малини, вишни, цреши, боровинки и слично. Со другите немам многу супер позитивни искуства со замрзнување.
Кога ги мрзнев ептен испуштаа вода и водата мрзнеше башка на еден начин и вкусот им беше поразреден. Овие другите баш задржуваат вкус, тој тип на овошје, ама можиш да пробаш да видиш како ќе ти се допадни. Стави разни овошки во замрзнувач и блендирај по некој ден.
Три дена на диета минус 2 килограми(многу е ама што знам ) Д:3 праски Р:Јајце,домат и една кришка леб В:1 павлака и 1 парче лубеница +мала физичка активност
Како издржуваш @Ladu in pink Мене ова можи и во оброк со ужинка да ги пикнам. Зато сум во темава, зошто јадач сум. Јас имам чудни изливи на глад каде шо меѓу 1 и 7 сатот јадам три пати, а претходно и после тоа не осеќам никаква потреба за храна. Денес пробав да ја шутнам вечерата најкасно шо можи и останав на голема салата. Успех. Вагата моја, која се сомневам дека со две кила бар дава помалку, ме дава нешто меѓу 59 и 60. Три пати се мерев за секој случај, исто дава. Пак ќе речам, неќам да вервам дека е точна зошто цел за слабеење ми беше 55кг и не сум среќна со како изгледам толку блиску до целта. Па си се тешам дека имам 62/3. Појадокот секогаш ми е ист, имам тропско мусли, ставам две лајци, скроз малку млеко колку да се измеша, растресена лајца крадам од тоа што има брат ми, моментално коко макс, и по топче- две едни бели како чоко стоби флипс клавам сечени. Дур вежбам го оставам да намекни и после јадам. Денес за ручек помфрит со месо. Вечера салата од една краставица, домат и пол, и парче и пол сирење. Ужинки имам од турско кафе и нескафе со шеќер. Пробвам да се форсирам на еден начин на начин на кој јадев претходно, балансирано појадок- ужинка- ручек- ужинка- вечера, ама не можам. Вака се јадам во тие 6-7 сати и на утро и во осум да станам не осеќам глад до 1. Во 6-7 кога вечерам еве уште не осеќам глад поќе. Ама од 1-7 сум незаситна. Дојадвам, земам книга да читам и почнува да ми се јади. Вака подолго пишам зошто престанав редовно да пишам во темава, па ќе ве посетувам кога ќе намалам кило пак.
Nekoj so iskustvo bez blago i leb za kolku vreme pocnavte da oslabnuvate se popraviv na odmor plus koga dojdov mnogu jadam blago
Здраво друштво! Темава периодов не е многу активна, многу грешиме изгледа, па не ни се пишува за тоа. Јас се уште вежбам, ама престанав да бројам денови, треба да прочачкам низ мислењата назад да видам дали веќе почнав со четврти месец вежбање или уште не. Вагата покажува 68 кг, не знам колку е точна, јас повитко си се чувствувам. Веќе тежината не ми е некој репер, сега се стремам исклучиво кон добар, фит изглед. Периодов навечер пиев голема чаша смуди за вечера, некогаш и нешто повеќе како супа и слично, ама решив место ова да преминам на салата со додаток леќа (само варена леќа, без супата и зачини). Доручек ми е смуди и потпечени семки, ручек нешто посодржајно со салата, а за ужинки по некоја овошка. Решив да воведам кардио насабајле, а навечер тежински тренинг, па да видиме дали ова ќе даде побрзи резултати. Кај мене минусот е тоа што преку цел ден (освен кога вежбам) сум многу малку физички активна, такви ми се околностите па затоа резултатите споро доаѓаат. Не ни очекувам дека од некои 72 кг ко што бев кога почнав да вежбам ќе станам супер згодна за неколку месеци, па затоа не се разочарувам и секој мал успех ми носи многу радост. Од гревови, минатиот месец јадев два пати домашен помфрит, еднаш мекици и два пати купечки двопек со лук и маргарин. Плус, по некоја коцка 70% темно чоколадо еднаш неделно кое што содржи шеќер. Вака кога ги набројав не биле малку.
Јас имав два лоши дена во Јули во поглед на храна која внесував, ама се тешам дека имав менс, тогаш не можам да контролирам потребите за благо. Денес уште не сум почната со вежби, ама појадок се думав салата од варено јајце да прам. За ручек имам грав. Многу ми пречи гравот, ме дуе, ме боли желудник, а толку ми е вкусен. Го сакам во сите облици. И најтешкиот дел за мене - вечера. Е аман, кога на право ќе ми текни вечера? Вчера имав стандард појадок со кашата, а ручек и вечера ми беше мала пица од буре, не можам да опишам колку мала, ама имаат големина мала, средна (стандардна) и фамилијарна. Е јас зедов малата. Како и да е, јас останав во дефицит, и тоа прилично голем дефицит. Јас или надминвам, како тие два дена во Јули, или ептен сум длабоко во дефицит. Вчера ме даваше поќе накај 59 вагата него накај 60, штом станам сега ќе видам дал ќе заокружам на 59. Уште не знам дали е точна, ама знам дека ако ставам килажа или слабеам го кажва тоа, така да дур и да имам кило- две плус, знам дека намалвам.
Каде одам секаде се мерам и секаде различно кажува. Има ли куќа со точна вага на овој свет? Да не знае човек дали да се опушти со јадење или да се прибере. На плажа пак окото само накај подебелки жени ми се вртеше. Си велам -види ги што се убави, полни, сВе си има, не г'з, не гради, само јас ако почнам да јадам ни во г'з ни во гради ќе ми оди, директ во стомак. Одам да вежбам.
Луѓе, незнам каде да се обратам ама ми треба еден многу важен совет. Ослабнав, успеав во тоа, имав свој режим на исхрана, јадам од се во умерени количини, избегавам брза храна, благи, се од тоа веќе со месеци немам во уста ставено. Можеби некое чоколатце и по некое парче торта, ама тоа беше малку, не беше претерано. И сега проблемот е во тоа што неможам да си ја вратам нормалната исхрана, самиот организам не ми прима многу храна, а воедно уште повеќе слабеам и веќе почнува да ми се врти во паметот, одвреме навреме ме боли кај стомачните. И ако имате некое решение, нешто што би можело да ми помогне, многу ќе ми значи. Ве замолувам да ми помогнете на некаков начин ако можете.
Секогаш мери се на иста вага, не е толку важна бројката која ќе излези колку шо е важна константноста. Пример ако качуваш кила, на иста вага ќе покачиш кила и ќе знајш дека пример си ставила кило или две. Исто и ако намалваш. Кога ја зедов оваа вага имав 62, јас се сомневам дека дава со две кила помалку, ама сега ете влегов во 59, и битно ми е да знам дека намалвам, а не точно колку кила имам. Ај одам уште тегнење ми остана за денес и да појадувам. Штом јадам, нема сила шо ќе ме стани да вежбам.