Колку калории внесуваше додека беше на диета? Доколку те боли кај стомачните, а не вежбаш па да биде воспаление на мускули, можно е да имаш проблеми со желудникот. Најдобро е да посетиш лекар, сигурна сум дека тој/таа ќе можат многу подобро да ти помогнат.
Ама јас не бев на диета, јадев од се по малку, на пример тоа што го јадам за поручек малку јадам, а ручекот јадев во големи количини зависно од тоа каква храна има за ручек. Ќе видам дали ќе ме боли и понатака па ќе превземам нешто ако почне повеќе.
Sweetlove, ако немаш апетит, имаш болки и слабееш многу...молимте не чекаj дал ке престане, дал ке се засили. оди на лекар, провери се. После се друго.
Само јас си знамимам многу малку време за да ослабам па си направив построга диета(знам дека кога ќе завршам со диетата ќе има јојо ефект но тогаш ќе ја мислам битно ми е да ослабам)инаку да ти кажам многу тешко издржувамдосега ме имаат фатено неколку кризи за благо ама храбро издржав
@Ladu in pink би ти предложила броење калории дур се навикниш на помали порции, плус можиш да си дозволваш слатки задоволства се дур си во дефицит. Веќе два или три месеци бројам шо сега од око знам колку внесвам, а и поголема порција едноставно не можам да ја изедам, се е до навика. Ако се лишиш од слатки задоволства, кога ќе си дозволваш ќе изедиш премногу наеднаш, и џабе цел процес до тогаш. Или втор предлог, практикувај 80/20, каде 80% од исхраната во денот ти е здрава, а 20% ти е нездрава. Значи во тие 80% имаш помали, балансирани оброци, а во овие 20% би ти замениле една нездрава ужинка. Ако се лишиш од нешто повеќе го сакаш, ако си дозволваш бар малку нешто шо сакаш ќе научиш да ти биди доволно. Мислам успевам да останам на едно крем бананче, а не на цело паковање. Ако ова не е успех, не знам шо е. Денес покрај вежби кои ги правам на сабајле, плус пешачев кратко, околу 5км. Обично дупла ни е рутата ама денес имавме измешани приоритети. Утре имам пак закажано шетање, надежно подолго овој пат. Магнезиумот вистина ми опушти малку мускулите зошто не можев да седам последните два дена. Исто така, во огромен дефицит сум, ништо не ме прај посреќна од недополнато јаболко на апликацијата. Туку сакав да ве прашам, дали некој јади ricemeal и дали е препорачливо да се јади? Во маркет најдов едни ќесички со три различни вкуса и за проба ги земав, колку да сменам шо појадувам ми здосадва едно исто. Имате некакви искуства?
Разгледаj состав, калории, Демон. Немам jaдено тоа. Кажи дали е ко сутлиjaч )) вчера почнав со онаа, 8кг за 8дена. Стандард али, изменета по мое. Супер мина денот и вежби и храна. Течен ден е по планот, али jaс внесов и нетечни ствари: утро - две праски испасирани со два моркова. Хаос комбинациja, али добро ми доjде. Ручек и вечера истото ... кис. млеко место joгурт - едно канче, плус интегрален леб со семинja (од сечениот) три кришки. Од утрово стомаков е подсмирен, подспласнат. Фино е. Денес е компири ден. Варени ке се и у водлесто пире- густа супа со вегета и зачини ке ги претворам, пошто ми фали манджа. А може и не.
Ова со броењето на калории ми звучи како добра идеја,инаку планот за исхрана 80/20 ми изгледа потежок затоа што знам дека во оние 20% ќе си дозволам повеќе нездрава храна и ќе ја расипам диетата.
Па не можиш да си дозволиш поќе од шо треба. 80% пд денот пазиш, и тие 20%, пример 100-200 калории ти се нездрави. Дал е тоа ред чоколадо (86калории од приликата), неколку гризини, смоки (100+ калории), нема да ти смени многу ако си во дефицит и ако остатокот од денот ти е по план. Еве утрово пробвам нешто ново, изненадно пред вежбање зошто многу рано вечерав вчера. 253 калории е порцијата со јаболко, 239 калории е порцијата со банана и 232 калории е порцијата со малина. И се приготвува со вода. Не знам колку е здраво ама е стварно фина замена за појадок зошто ми се смачва од едно па исто.
Она вчера со јаболко и цимет едвај го изедов, ама ова денес од банана ... Вчера сепак ги скокнав вежбите, значи факт стана дека штом јадам нема сила шо ќе ме натера да вежбам. Ама посекако си праев планови вчера кој ден да ми е за одмор, оти 7 дена во неделата е премногу, па ете испадна вчера, четири дена вежбање, па пак слободен. Одма денес не ми беше толку напорно вежбањето како претходните дена, нормално си има улога одморот. А вчера после долго време јадев боранија. Чуда се случуваат, не ми беше гадна. Дали ако направам како брашно од овес и дур вежбам го оставам да кисни во топла вода ќе биди океј на вкус? И од горе после ќе му изрендам коцка темно чоколадо, некоја малинка или јаготка или третина банана значи нема да е само овесот, ама онака, дали е ќе е океј? Овесот ми е најкомплициран за конзумирање зошто буквално се лигаам над него и го одбивам, па често татко ми ми се смеј дека со многу „апетит“ сум го јадела.
Bravo za tebe jas nz na mene sto mi se sluci za 2ned 4kg se popraviv mora da idam da se proveram.ova nikogas mi se nema sluceno
Упорност и трпение. Ама почни-прекини нонстоп е лошо, само губење време, а и брзо здосадува така и пак на храната пак кила плус. Ако започнеш држи, тешко е ама како ќе гледаш се повеќе резултати нема да сакаш да се одкажуваш.
Се тера и овоj дел. Не по правила на 8 за 8, ко шо мислев, али калории и маснотии се скратени. Темата за вежбачи ми е поголема мотивациja деновиве.
За две години се здебелив 23 кг. Имам 83 сега. И имам проблем што јас, не се доживувам дебела. Старата летна гардероба, фустани, блузи, сеуште ме собираат и можам да ги носам, а не се ликра, и веројатно оттаму и мислам дека сум истата. Добивам коментари дека сум здебелена. Пред еден месец ми испукаа стрии. Сепак не знам каде се ставија тие 23 кг, навистина не изгледам за толку. Како и да е, денес сум во неверување и во паника. Како ли ќе ги симнам и ќе се вратам на старата тежина? Напротив, вечерва сум само гладна.
Што може да доведе до стагнирање на килажата? Имам уште 2-3 кила за симнување, ама последнава недела никако да мрднам надолу со килажата, дури и варирам +-. Страв ми е дека ќе почнам да се демотивирам
Вежбаш или само држиш диета? Ако само држиш диета можеби треба да намалиш на калориите. Ако пример имаше 80 килограми и јадеше по три јаболка на ден (ова ептен од ракав земено, јади многу поќе од три јаболка на ден), почна да слабејш по одредена брзина. На 60 килограми три јаболка на ден ти се доволно, ама тебе целна тежина ти е 55. Е сега мора да скратиш едно јаболко, за да стигниш до 55 зошто со моментална активност и внесвање на калории, тоа е сосем доволно за тежината која си. Или пак ако не си физички активна, почни некоја физичка активност, значи јади како до сега, ама вежбај малку поќе. Друго, ако случајно одиш во теретана и вежбаш тежински вежби, кога ќе почниш да ставаш мускулна маса - таа тежи повеќе, и од таму ти можиш навистина добро да го оформуваш телото, ама вагата да не го покажува. Немој целосно да се потпираш на вагата, можиш да мериш и обем и да гледаш како ти се намалува од месец во месец, или едноставно пробвај стари алишта.