Јас решив постепено да ги отфрлам работите кои ми штетат. Лебот беше прв и успеав да не јадам цела недела и продолжив, после него беше благото и грицките, 4 дена издржав и вчера после кавга со мајка ми и брат ми, еден куп нервози уште што не апнав. Кога сум под стрес јадам и тоа ми е многу лоша особина. Вчера изедов два чоколадни мафина, едно ќесе чипс и некои крекери и стварно цел ден имав грижа на совест и вечерта кога легнав почна желудник да ме боли, дали од измешани оброци, дали од нервозата не знам. Битно денес почнав ден со овесна каша со путер од кикиритки, бадеми, семки и банана. Ова ми е оптимален хранлив доручек. Инаку пошто сега упаѓам во темава да си ја кажам приказната. Кога почнав да работам, цел ден стоев на нозе, немав време за соодветна исхрана и живеев на банички и сендвичи. Качив 6кг и никако не можам да ги решам веќе 3 год, константно таа килажа. Реално вака не изгледам дебело многу, барем не во целост, ама имам стомак и рацете ми се многу здебелени што најмногу ми смета зошто секогаш имав убав и слаб горен дел од телото. Не се ставам на диета ама пробам да си внесам ред, сабајле овесна каша или јајца, на пладне да не мешам месо и компир или ориз, туку да јадам со салата и вечерта да јадам ептен нешто лесно. Проблем ми е што имам болки во желудникот кога јадам касно, а бидејќи работам до касно стварно ми се пријадува и не знам како да го решам ова. Последната година се борам постојано со издуван стомак и потешкотии со цревата, болни гасови и не можност да функционирам како што треба, мислам дека ми е од нездравите јаглехидрати, шеќерот и млекото. Го заменив шеќерот со стевиа и млекото со растително, од бадеми и кокос, поскапо е ама јас и онака пијам само со смути и со кашата. Ќе видам како ќе влијае ова. Почнав и редовно да вежбам во теретана, кардио и со тежини, а дома јога. Знам дека може нема да ги намалам килограмите, ама барем да направам мускул и тој да тежи, а не салово. Инаку идеално се осеќав со 57кг и би сакала да сум толку.
Броjче, овес кога jaдев порано, повеке од 4-5 дена едно по друго, и особено ако не беше искиснат добро..ме болеше желудник. Исфрли бананата. Замени со друга овошка. Кашата пробаj со сок некое време, или jогурт место млеко или замена. Кисело млеко само к.млеко jaди во денот. И навечер,ако желудникот ти е надразнет, стопли млеко и со шекер/замена..испиj. Грицките и мене ме убиваат. Од нив и издуен стомак, гасови.
@zhap4e и мене ме болеше од неа додека не сфатив дека не ја варам доволно тука ја јадам жива, последните неколку недели ја варам тамн и со замена на млекото и напротив се чувствувам полесно, столицата ми е средена(порано страдав од многу нередовна) и не сум подувана од тогаш. Бананата може треба да ја исфрлам оти секако многу е калорична. Сокови немам навика да пијам ич, ама грицките и мене ми се слабост, многу. Компирот дефинитивно најмногу ми прави проблем сум приметила и сакам да го избегнам ама омилен ми е. А за киселото млеко имаш право треба да консумирам, ем за кандидава со која се борам, ама пусто ич немам навика, ете може не сум пиела јогурт и кисело млеко месец и повеќе, само павлака.
Познати ми е оти истите проблеми ги имам. Компир не ми споминjaj. Цела врека да испечам, цела ке изедам. Друго не. Кисело млеко и joгурт али сркаj си. Нека ти стане навика. Павлаката повеке ми го стужнува стомакот,мене) со лесно, аj.
Имаш диети на форумов, разгледај, одбери и почни. УН и Хроно се најпопуларни моментално, а и најздрави.
Денес за тоа шо имав слаб појадок, имав јак ручек и уште сум сита и кузнај кога ќе ми биди вечерата. Последниве неколку месеци толку ми се навикна организмот со помалку исхрана од обично шо реално ретко имам потреба да јадам поќе од тоа колку шо сум се навикнала да внесам. Утрово сабајле се напив пола банана, со 5-6 јаготки, лајче орев, скоро две лајци овес - изблендирани со вода. За утре сабајле во план ми е едно јаболко, еден морков, лајче цимет, две лајци овес - изблендирани со вода. Денес за ручек имав некакви тестенини, им заборавам име, со сирење, така да внесив поќе калории него шо обично внесвам за ручек така да скокам ужинка и дирек на вечера која е планирана за сардина со зеленчук или пилешки филети со печен зеленчук и печурки. Вагата де крева на 60, де спушта на 59. Не баш од ден на ден, ама сепак варирам. Периодов guilty pleasure ми се ресаните, таман исклучив кафето со млеко и шеќер и пијам црно и горко, сега мајка купва секоја недела кило ресани и видов кај седат и на почеток каснував по 10тина (премногу!), сега намалив до три на ден. Можи зато вагата се дума дал да се качи на 60 или да остани на 59. Ама не можам да поминам покрај најлончето и да не провнам раката внатре и да земам.
Кето диета или ротациа хидрати. ун диетата не е здрава. Телото трпи стрес од гладување и складира масти. Со ротациа хидрати скинав 15кг за 7 месеци. Телото е навикнато на тој режим на храна и е потребна промена,шок систем за да се прекрши тоа плато. Намали уште 300 калории и вметни храна која што не си ја јадела досега само да не е масна храна.
Епа после неполни четири месеци вежбање, намалив во обем 5 цм (струк и колкови). Сега сум 71 цм во струк и некои 101 цм во колкови. Се немам мерено на вага, и така не ми е некој репер бидејќи вежбам редовно и не морам повеќе да ги стегам рацете за да ми се познаваат мускулите, веќе убаво се оцртуваат, така да има помалку сало, а повеќе мускули. Не бројам калории, јадам онолку колку имам потреба. Грицки јок, единствен начин да им одолеам е да не ги купувам, па така место пакетче чипс или колачи, на плотната во кујна ми стои голем тањир полн со разно овошје, па ако ми се грицка ќе посегнам по тоа. Кога излегувам, гледам прво да се најадам од дома нешто здраво и корисно, зошто се знам себе си и нема да издржам при најмало чувство на глад да не купам нештпо што не треба. Уште работам над моментот кога ќе можам гладна да поминам покрај храна што не треба да ја јадам и да не ми се посака да купам од тоа. Не оди брзо, ама се движам во правилната насока, го гледам тоа на себе. Мотивација за вежбање ми се фактите дека доста беше да ги игнорирам потребите на телото, доста беше да наоѓам изговори и бидам мрза надевајќи се дека генетиката ќе ме спаси од гојазност, доста беше трошење време на глупости место тие половина час да ги искористам правилно. Кога се сака сѐ се може, па така и јас - решив и исполнувам.
Јас секогаш се навраќам на мојата омилена диета и после невнимателен ден осеќам дека треба пак да се вратам на драга диета ирена. Вагата е уште меѓу 59-60, мразам стагнации. Утрово се фатив со други работи и заборајв да јадам, па сега да видам шо овошки имам. На бегање требаше банани да си купам ама изумив, па се надевам на татко ми дека му текнало .Така да засега во план е банана и јаболко или некоја друга овошка. Ручек сигурно ќе ми биди малку ориз, неколку маслинки, лепче си викам и еден домат со кромид салата. За вечера копан со салата од зелка или од краставица. Кога планирам попаметно јадам па редно е вака да почнам. Со купив и ново џиџе, па да си земам овошјето и се фрлам на вежбање. За вчерашната немотивација денес одам тубо.
Денес 69 кг. Конечно 6 напред. Почнав и со вежбање, имав пауза од околу 3 недели. Без глутенот сум како нова. Јадам понекогаш и Нутела, кога ќе размислам јадам калорична но здрава храна. Целта сега ми е 65. Идеално 60-62. Ама треба време и труд.
Здраво женски. Дали некоја го има користено сирупот за слабеење honey slim. Како што гледам на фб има многу задоволни клиенти. Позз
Имам 66 кг, сакам да ослабам до 60 килограми. Пред 5 дена започнав сериозно со процесот на слабеење, т.е 1 оброк (ручек), 3 часа интензивно пешачење + 45 минути вежбање во текот на денот. Без шеќери, благо, газирано, грицки, тестенини, леб и сл, освен тој еден оброк кој вообичаено е кисело млеко и зеленчук или јајце и зеленчук. Воедно конзуирам 2 литри вода дневно. За колку време мислите дека би ја постигнала својата цел?
Прилично брзо, ама успат ќе поминеш низ пекол. Не си играј со здравјето. Подобрп јади 2 3 пати дневно и внесувај се што му е потребно на организмот. Не си ни нешто дебела па да превземаш вакви мерки.
Немој да се оставаш со само еден оброк на ден. Ќе го забавиш метаболизмот и уште поголем проблем ќе си направиш. Јади почесто, во помала количина. Одбегнувај шеќери во проста форма, а внесувај повеќе протеини, здрави масти и сложени шеќери. Пиј многу вода и имај здрав сон. И заедно со физичката активност ќе има резултати. Не се фокусирај само на кардио, прави си и тежински вежби - со тегчиња, склекови, чучњеви, стомачни итн. Сепак, не претерувај со вежбањето, имај 2 дена за одмор во текот на неделата, на пример Среда и Недела. Причината за тоа е да го спречиш зголеменото лачење на кортизол, хормонот на стресот, кој го отежнува слабеењето.
Ima li nekoj vo grupata sto e na dieta bez blago i leb . Za kolku vreme pocnavte da oslabnuvate i dali imavte rezultat. Kaj mene seuste nema pa da prasam dali da.prodolzam ili dr care da si baram hahha
posle 15 dena pocnuva da se osejkat rezultati. 6 meseci pravev dieta i masni naslagi nemav ic. Posle prestanok na dietata za 2 meseci se se vrajka.
Да се пријавам тука , после бременоста си се вратив на мојата килажа , ама пак качив така да за да си дојдам до посакуваната цел треба да ослабам 15-20кг. Совет?