Имаш физичка активност? Не нешто што ти е веќе станато рутина (како секојдневно пешачење) туку нешто што ќе те испоти и замори повеќе. За исхрана, не се изгладувај затоа што ако го доиш уште бебето не е здраво, туку намали на глупости ако сси почнала претерано да ги конзумираш.
Откажав и леб и газирано ама благото неможам и заради тоа немам резултати , одев на зумба ама и тоа не беше многу ефективно и престанав. Сега од септември сум во план да одам во теретана ( не за друго , највеќе можам временски да се прилагодам и во план ми е да почнам со некоја диета.
Најдобро имам слушано за УН, најздраво се губеле кг. Дефинитивно најефикасно се слабее со гладување одреден период па после јадење умерено, ама здравјетоо..
Ме интересира каде можам да купам овесни снегулки за варење? Купив едни од ДМ ама обични само со млеко да ги јадеш или јогурт не беа за варење тие...
Еве јас пред околу месец и нешто дена не јадам леб, благо, газирано , грицки -5кг пикажа вагата. Сега имам уште 5 -6кг за симнување па ќе видиме
Ме памтите????? Леси се врача кучи беа5 сеа се 8 кг вишок Неам појма од кај да почнам и шо да правам ама знам дека мора да се симнат
Вечните борци, Алис )))) Извади си листето од нутриционистката и тераj. Августот го минав у вежбанje. Истепав стапала и колена али, па си ja глеам половината. Заборавив дека имав половина )) и 8кг за 8 дена ja истерав, видоизменета...и продолжувам со слична, малку поразлична исхрана, броенje калории, туj-oнуj. Vamonos, Алиске. фалеше
@ALISA0000 хахаха еве ме и мене. Ма не ми се идеше ваму, оти ништо паметно немам да кажам.. Добро, јас стагнирам и не мрдам, мада на тоа јадење, не знам и како не сум поправена. Утре планирам и една ккс да правам, одамна немам правено. И... Да продолжам. Заклучив дека летото ми е потешко за слабеење. Ама ај да не си барам оправданија
Тука сум и јас. Од денес одлучно, храбро и без грешки. Стартувам со УН. Единствен проблем/грешка ќе ми биде кафето, пијам само 3/1, од турско имам нагони за повраќање Најпогодна ми е зашто овожавам зеленчук и овошје. Некоја да ме дружи?
Не варирам веќе меѓу 59 и 60, сега варирам меѓу 58 и 59. Така да, напредок. Пак ќе речам можи поќе кила се, уште не верувам на вагата, ама бар знај кога зголемвам/ намалвам и тоа ми е доволно, зато впрочем и сакав вага. Последната недела вежбав, ама не доволно. Јадев, е тоа поќе од доволно. Имам некои тегоби во желудник, пак, па јадењето ми е малку раштракано, не можам многу да вежбам зошто кога имам мака со другаров, едноставно не можам дур сум во болка да вежбам и зато не сум толку активна во темата за вежбање зошто вежбам на рати, и без некој претходен план, како други пати. Ама, стагнација е подобро од зголемување на кила, така да не се жалам многу. Утрово вежбав пола од шо обично вежбам, па сега сите обврски кои ги имам ќе ги терам пешачејќи. Можеби ќе потрошам многу време ама нема гајле. Се надевам штом ќе се вратам ќе можам да си извежбам преостанатата половина од вежбите.
Пишам ново мислење за да ти стигни известување зошто касно видов, па нека спој модератор после. Како се држиш за сега со броење и колку примаш на ден? Јас два месеци мислам иди како бројам, веќе навика ми стана, почнав од око да знам колку калории е нештото и каков однос јх, масти и протеини има. И обично пред да посегнам по нешто ќе проверам колку има калории и ќе си дозволам едно до ни едно, пример чоколатце, а во нормален ден би изела 3. Обично работи како кафе со млеко, пудинг, парче леб и сл., ми се однапред планирани. Најголема мака имам со компир, многу јх има, многу калории има, ама е убедливо guilty pleasure. Да не лепам и тука омилената песна, која е за компири. Кога ќе си гледам стари слики од храна коса ми се крева колку сум внесвала калории. Кажи како ќе ти биди со броењето, ме интересира зошто јас и другарка ми сме многу задоволни. Прво таа ми се смееше дека сум basic white girl со броењето и провервањето на паковките, ама брзо после то ми се приклучи.
Прв пат пишувам во темава. Јас цело лето одев на вежбање, трчав, возев велосипед секој ден по 15-20 км. Кој ве лаже дека треба да избегнувате леб, благо, чипсови? Без леб не се живее. На организмот му треба и масти и јагленохидрати, протеини, белковини.. Се треба да се јаде, ама тоа да е во умерена количина. Некој ќе рече: Да, ослабев, не јадев леб, благо чипсови. Ама се се враќа ако немаш физичка активност. Мене фитнес клубот ми беше на 3 км од дома. Станувам во 8, па обавезно ќе земам лепче со еурокрем или со што било. Да имаш сила да вежбаш. Одам таму вежбам 1 и пол час до 2, па пак уште 3 км за дома. Навечер одам да возам велосипед чисто рекреативно. Јадам се, дури можам да кажам не пазам, ама имам голема физичка активност. Работата е да потрошиш повеќе отколку што ќе внесиш. Ако внимавате на исхраната без вежбање џабе се... Се се враќа така. И јас од ова имам резултати од 72 кг. се спуштив на 66 кг. Одиме понатаму со нови резултати. Не се откажувајте ни од леб ни благо ни чипсови. Се ќе касниш, и нормално е тоа, ама работата е да се има физичка активност. Извинете што ви здосадив со преголемиот пост, ама сакам да посочам дека храната до некој степен не е мерило за тежината. Јадат по еден тон на ден, вежбаат, и пак се во топ форма. Барем кај мене имаше резултати летово.
Можда и јас ко тебе два месеци ако не и повеќе веќе го дисциплинирам стомаков и желудникот до степен, вчера малку забегав со исхраната и зачините и, еве ме, утрово се осеќам ко да ми треба трезнење. Одма... лимун, ѓумбир, јогурт. или млеко само. Мислам што лесно да се јаде. ) Слично терам ко 8за8 деновите да ми се, нешто комбинација од УН, во стил...денес главно да ми е протеини,или главно скроб..итн.и од зеленчуци ко додатоци бирам такви што повеќе вода не ко протеин јадам со ориз или грав или компир, туку со ствари ко тиквичка,краставица,домат.... Јадам овошје насабајле, цедам лимон, цитрон некад, ѓумбир свеж делкам, а вечерта ми е нешто лесно прелесно ко јогурт, млеко и некад плус некој зеленчук--морков, цвекло што год, или јајце варено, или парче сувомеснато или парче сирење и домат зависи колку сум гладна, колку силен ми бил претходниот оброк. Леб ич не јадам, ама се дешава нагон некој ми се ствара за нешто такво па тогаш само тоа јадам со плус домат или краставичка кришка-две црн леб и се така, едно од 'задоволствата' што ги избегавам, ако ми сака душата го јадам, али минусирам во други ствари Гледам се да ми е лесно,помалку калорично, да не ми го дуе стомакот... и планирам да ги задржам оние чисто овошни+млеко+јатки денови. (ко каша)ако си ми ги читала од 8 за 8..не почесто од еднаш неделно да терам и не секоја недела. Јадам инаку компири ама избегавам пржени и печени. Или ако сум за печени, онда ги печам со повеќе вода одошто зејтин и додаток не јадам месо, сосеви и сл. него компензирам со продукти што се повеќе вода одошто друго Али, од она јас како се осеќам... со варени..немаш мака два средно варени компири + моркови, изблендани со вода, сол...не ќе те здебели, верувај, и секој ден да го јадеш и три пати во ден. . ги рачунам калориите ама рачунам и дека некад може и преку 1.000 да ги внесеш али не е исто да менито ти се состои од хамбургери (каде имаш и масти) и да ти се состои од зеленчуци и овошје или чисто сварено месо со нешто зеленчук. едит: заборавив, јас не користам иначе некоја апп на мобилен за ова, се и сешто имам изгуглано и гледам овошки и зеленчук кои помагаат во слабеење, се полни вакви, такви,онакви витамини, вода и сл. секогаш барам нешто такво и се снабдувам со тоа)
@zhap4e јас па буквално само бројам, во некои денови ми е важно само да сум во дефицит, во други прибвам да си делам оброци, ама зошто често сум надвор од дома, мора да се прилагодвам и према тоа. Сабајле бев слабо јадена, и зошто на сегде пеш одев па дур чекам сега си зедов ужинка бадеми, ама солени. Преферирам несолени ама во продавницава немаше поинакви па да се грицка нешто.