Само да се заблагодарам на @theowndemon и на @MissChievous за идејата со Фитнес пал. Мислев дека ќе биде посложено, но воопшто не е. Дури ми понуди и некој стар акаунт да си вратам од 2013, ама не ми се гледаше тоа, па еве веќе подолго време имам нов и ми е супер. Јас вака си го решив главниот проблем - големината на оброци + ускладување на диетата со социјален живот. Значи, јас не јадев нездрави јадења, ама количински немав ориентација колку ми е доста и од што колку треба да изедам. Пример, хумус можам и цело тегло да си таманам, ама кога видов колку калории може да има, си знам која ми е мерката. Или бадеми - јас можам и 300 грама да изедам и после оти вагата стои, епа стои. Друг проблем ми беше што кога сум некаде, на некој настан, на ручек, на вечера, обавезно „прекршував“. Вака не прекршувам ништо, туку само балансирам. Ако вечерта знам дека ќе треба да одам некаде и да јадам, појадокот и ручекот ми се умерени и си „чувам“ калории за вечерта. Си имам кујнско дигитално вагиче, а и онака претежно ги јадам истите работи, па само еднаш губиш време да ги внесеш точно. Исто така, се поттикнав да направам и троа поголемо стручно истражување за протеини, јх и масти, како и калориски дефицит. Значи, не само да читате статии, туку научни истражувања и книги. На крајот од денот, се' се сведува на проста математика - треба да потрошиш повеќе од што ќе изедеш. Нема друго чаре, што сакаш прави, ако не си во калориски дефицит, ништо не функционира. Патем, уште јадам по хроно принципот, со помали и поголеми исклучоци, но 80% од времето се придржувам на тоа. Ми одговара обемен појадок и помали порции во текот на денот, со минимална вечера. Само што сега, си ја знам мерката и сфаќам колку е лесно да се претера со јадење. Мислам дека затоа по некое време престануваат да делуваат сите диети, бар кај мене, и се „раздвижувале“ откако ќе почнам да вежбам. Мене прашањето ми е, од каде јадете толку протеини? Јас се обидувам да ги контролирам и макронутриентите, и моментално сум на 40% протеин, 30% јх и 30% масти, ама никако не можам да ги достигнам тие 40% протеини. Се зачудив, хроно-исхраната важи за протеинска, но полесно е да се исполни квотата со јх заради целиот зеленчук што се јаде, интересно откритие ми беше ова. Чаре? Редовно јадам туна, јајца, печурки и месо. Ако имате други идеи, споделете.
^ Земи си протеински прашок, една чаша дневно, отприлика 20 грама протеини и отприлика 150 калории. Ќе земеш со вкус на чоколадо или ванила и како десерт ќе ти дојде. Или пак, една конзерва туна или сардина има од 15 до 20 грама протеини.
Да ти кажам, баш за истото мислев некна додека бутав туна со сила, дека полесно ќе ми беше едно на екс да мавнев и да завршев работа. Пиеш ли ти некој? Каков да се земе? Или некој друг, ако знае. Малку сум скептик за протеинските прашоци ама гледам дека сите други ги пијат, бар тие што бројат макронутриенти. Едит - @MissChievous домашен 'ржам јадам веќе 2 години скоро Едит 2 - или ти за повеќе протеин ми викаше? Оф, ќе пробам и таков.
Whey протеин. Нема полесен начин. Од храна, повеќе грашок, грав. Киноа, просо, хељда. Урда, моцарела. Ако јадеш леб, нека биде тоа Нутри Протеински. П.С. Мило ми е што на некаков начин сум ти помогнала.
Можда и јас треба такво нешто ко Бриџит што вика оти и јас имам проблем со внес на протеини а морам тоа Семки и јатки Дузи исто така уфрли
Пијам, ама една чаша дневно оти повеќе ако пијам калории ми се збираат. Нема ништо страшно, барај Whey протеин и прогуглај малку што треба и не треба да има во составот, читав пред да земам ама заборавив. Јас после вежбање го пијам, ама и да не вежбаш можеш да пиеш.
Тука сум ти јас Исто и јас турско не пијам а нес без млеко не признавам па наместо шеќер ставам натрен ама се скептик сум
Нема откажување,одиме до крајна цел.Јас додуша си имам отповеќе (и хормонски пореметувања) не се мерев,ама си знам дека ја преминав црвената линија. Среќно!
1 килограм down, 5 more to go Со многу потење, ама на здрав начин Морам да и се заблагодарам на @SwanMay . Пишав тука пред едно десетина дена мое "недоразмислено" мислење за слабеењето. Нејзиниот одговор за стресот, протеините, тегчињата ме поттикнаа да подразмислам малку за што сум и бескрајно благодарна. Најпрво, немам многу килограми за слабеење, а на мојата висина од некои 174 цм, 66 кг и не изгледа воопшто лошо, но нели сите си знаеме кој на која тежина си се чувствува најдобро Така, мене главната цел ми беше од 66 на 60 килограми. Си ги имав тие 60, ама последните 3-4 месеци пуст стрес, трупање храна во себе без размислување и без физичка активност доведе до (за мене) вишокот килограми. Breaking point ми беше кога ем бев свесна дека доста се здебелив, бидејќи физички ми се познаваше, а зедов пробав еден фустан што го купив лани и буквално изгледав како крава облечена во фустан Кога се здогледав во огледалото, искрено ми се плачеше. Си ја сакав витката линија назад. И почнав од половината на овој месец, првата недела се теглев со 1 оброк дневно, гладував, почнав со вежбање, а на вагата 100 пати на ден застанував и дури ми се покажа еднаш 67 (килограм плус), е тогаш богами и беше плачење. Ми текна дека постои ваква тема овде и си реков морам да имам морална поддршка, а потсвесно како да барав некој да ми потврди со сигурност дека за 3 дена ќе ослабнам 100 килограми, е баш така. Психички ослабев таа недела, психата ме јадеше, се чувствував како дека никогаш немаше да ослабнам. Откако пишав, ми одговор Swan, а подоцна и наидов на една статија на српски каде буквално се пронајдов со напишаниот проблем на некоја читателка, што исто како мене вежбала интензивно, не јадела, а немало напредок. Два дена поминав во едукација А најмногу што ме орасположи и поттикна и ме доведе до напредок беше кога шетајќи по Јутјуб, наидов на видео каде нутриционист на славните, поточно на Кардашијанс зема 5 неславни луѓе, просечни луѓе, кандидати за слабеење. Сите отприлика имаа да ослабнат околу 6-8 килограми и што ме просветли беше неговата реченица дека тие не се на диета, туку тоа е нивниот животен стил. На кандидатите им измери од ниво на стрес до крвна група и им одреди јадењеа според нивниот тип. За 30 дена, со вежбање и права урамнотежена исхрана истите ослабнаа Така си реков себе си, значи доста ми е од држењето диети кога ќе ми текне или за некоја пригода, зошто едноставно не може да си бидам фит и слаба цела година Пред 5 дена решив не да бидам на диета, туку да си го сменам животниот стил во однос на храната и активноста. За истите тие 5 дена ниту сум била гладна, ослабев 1 килограм и со вежбањето се чувствувам неверојатно енергично, буквално секој ден едвај чекам да вежбам Јадам умерено, многу овошје и зеленчук, риба, пилешко, малку лепче, пијам многу вода + вода со ѓумбир и краставица и домашен секогаш свеж сок од цвекло, лимон, јаболко и морков. Вежбам околу 100 минути дневно, 2 серии да речам по 50-тина минути со голема пауза измеѓу секако (20 минути интензивно одење по скали + 30 минути вежби со тегови). Сфатив дека сакам да ослабнам здраво, не сакам да гладувам, после да враќам килограми и да плачам, плус на моите 20 и нешто години срамота е да немам кондиција
Честитки за напредокот, @Animali ! Многу ми е мило што го прочитав ова. Се радувам што си размислила што е навистина подобро за тебе и твоето здравје и си го применила истото. Само напред, резултати ќе има уште повеќе со правилна исхрана и физичка активност.
Кое е реалното губење на масно ткиво во период од месец дена? Овде е важно да се нагласи дека многу луге кои сакаат да ослабат им е битно колку килограми ќе намалат. Постојано слушаме примери како лугето слабеат и по 10 кг. за рок од месец дена, но за жал пола од тоа е вода, а другата половина мускулна маса. Лугето кои се на диета секојдневно ја мерат својата тежина да видат дали изгубиле некој грам од вчерашното мерење на тежината. Кај било каква диета со мал дневен внес на калории, прво што ќе изгубат е водата, па после тоа мускулот, а масното ткиво на крај и тоа во минимални количини. На пример да земеме две лица од 80 килограми и со 30% масно ткиво. Ако првото лице е на строга диета од 100 кал. другото лице ако е на диета од 1500 кал. и оди во теретана. После месец дена првото лице, ако ја мере својата тежина ќе види дека изгубило 8 кг. Така задолволно продолжува со диетата со надеж дека и следниот месец ќе изгуби исто толку. Меѓутоа она што не го знае е дека масното ткиво останало на 30% и дека изгубило само вода и мускул. Додека пак другото лице ако ја измери тежината ќе забележи дека изгуби само 2 кг. Но си дава уште месец дена за да види какви ќе бидат резултатите. Но она што не го знае е дека масното ткиво е сега на 27% и дека е на прав пат за здраво слабеење. Така за тие што се лаици околу ова прашање првото лице има подобри резултати, додека за тие што се занимаваат со оваа промлематика повеќе резултати постигнало второто лице. Исто така, за жал во повеќето случаи второто лице се откажува од овој програм затоа што има несакани резултати. Затоа следи заклучок дека не треба да се оптеретувате со килограмите, него да го мерите процентот на масно ткиво и многу едноставно ќе увидите по вашата гардероба (поготово по обемот на вашиот струк) и ќе ја констатирате брзината на вашето напредување. И на крајот одговорот на зададеното прашање е дека реалното губење на масно ткиво ( не вода и муслул) е од 1-2 кг. за месец дена.
Да се разбереме едно нешто ... Не е нормално девојка од 80 кг да изгуби 10 кг за еден месец (таа можи да ослаби но тоа има и нус појави , мене на пример 4 месеци не ми дојде мензисот ) Но ако некоја има 110 кг нормално е да ослабе 10 кг за еден месец , и факт е дека тие што имаат многу вишак побрзо слабеат и не можеме сите да очекуваме исти такви резултати ...
Два месеци поминаа откако почнав да внимавам и резултатит е -5кг. Најголем успех имав на одмор, затоа што бев доста активна. Уште околу -1 кг до првата цел. Тешко оди. Малку човек да се опушти и одма се познава.
Јас пак не се замарам со броење на калории или протеини. Јадам наутро леб од хељда, во вид на мафини ми е, 2-3, измеѓу може некоја банана, ручек манџа или јајаца или месо. Вечера нема. Или овошје, сирење, кашкавал. Стеснат ми е изборот на грицки и слично оти не смеам глутен, па Сникерс ми е гревот некогаш. Вежбам редовно аеробик 3 пати неделно, сакам да вклучам и трчање. Се движам околу 69 кг. Следна цел е 65 до ноември. Слабеам бавно, ама губам и во обем. Среќа во несреќа ми е проблемот со глутенот што ослабев и не можам да гнетам и да сакам. Ако сакам благо или тестенини мора да готвам, па се контролирам некако. Инаку стандард, ќе ослабам 10 кг и ударам на јадење. Одеме до 65.
Здраво Сакам да почнам да вежбам ама паралелно и да ослабам Првата цел ми е да ослабам 15кг нормално со правилна исхрана ама сакам да вежбам. Што би ми препорачале да вежбам за да обликувам тело и да зацврстам мускулатура (мислам дека мускулите ми се распаѓаат )
PUSH PULL LEGS PUSH PULL LEGS REST REST. ovaa ti e top programa za trening. zapocni prvo so full body kolku da naucis vezbi i nacin na izveduvanje i posle pocnuvas so programata. vnesot na proteini 1.5grama na 1kilogram telesna tezina, hidrati 3grama i masti 0.5 grama.
whey protein e najdobro mejgu obroci da se zeme a odma posle trening dextroza ili banana, suvo grozje, urmi, maltodextrin. nekoj istrazuvanja dokazuvaat deka whey odma posle trening ne se iskoristuva celosno posto teloto ima potreba od glikogen a whey se pretvora vo glikogen i na toj nacin whey ne e iskoristen za oporavak i se frla. fakticki skap hidrat.
2ден изтеран денеск арно се држам сеа за сеа салати и месо терам и многу вода се си мислам додека не почнам со терапија за тироидна нема да симнам ништо