@ALISA0000 еве јас те дружам, денес втор ден. Ја држам Жан Митрев со мои измени, зошто не можам портокали да надам па јадам праски и сл. Трчам секоја вечер, па да видиме до каде овој пат ке стигнеме
ааа супер ете имам друштво ас сум трета ден после една недела планирма да се мерам барем маалце д ами мрдне вагата ке биде ок
Јас на 10дена се мерам после два циклуси,се надевам овој пат на повеќе резултати бидејќи вежбам понапорно.
Me interesira musli dali konzumirate? Sakam da ve druzam i jas. Isfrliv celosno bel leb, osven ponekogas pomali kriski inaku go zameniv so dvopek samo za pojadok i rucek. Isfrliv sekakvi sokovi i kafe strogo tursko bez seker. Isto i blagoto i grickite ke gledam da gi namalam na minimum. Pojadokot i rucekot standardno sto si gotvam doma i po nekoja salata. Vecerata planiram da mi bide musli.
Јас искрено мусли јадам кога сум на факс наутро, од дома каснувам овошка и ми доаѓаат ко доручек. А пак дечко ми ги јаде навечер зошо не може да се воздржи да не касне нешто и тоа го дебели. Купува најобични мусли значи без овошја чуда внатре и со Баланс или Јовита јогурт. Него вели дека му е таман. Па пробај и ти. Тоа зависи од организам до организам мене ми е мачно навечер да ги јадам.
Здраво женски, јас многу се поправив откако ги откажав цигарите се поправив 10тина кг, а и одмори ме зафатија почнав наутро да јадам појадок како по хроно, интегрален леб, путер, некој намаз, маслинки или домат, сирење и сл., потоа цел ден овошје и зеленчук само, проблем ми е што пијам алкохол, од 7 дена, 5 дена секако хаха е уште тоа не можам да го отфрлам инаку почнав да вежбам на орбитрек доста стоеше како закачалка по дома долги години е сега ме интересира дали некој имал конкретни резултати, колку пати во нед сте вежбале на орбитрек, што сте јаделе во тој период и сл..
Јас од вчера ја почнав диетата на Ирена, од неа имам позитивно искуство, со Жан не можам веќе со јајцава, мака ми е
Јас денес: Топла вода со ѓумбир Д: 1 јаболко и 3 праски лозјарски тие ситните, еден двопек. Р: супа, ориз и салата краставица.(тава ориз со бутки мајка прави.) В: бутка и чаша јогурт. Може и краставица да каснам.
таа на ирена не ли беше со појадок благо тесто нешто? гледај да не мешаш ако јадеш ориз само ориз ако јадеш месо цел ден само месо мислам така побргу ке имаш резултати
Доручекот е јаглехидрати, да. (кифла, чоколадо и сл.) Ручекот е тоа дома што има спремено. А вечерата е протеини.
@Carolin. идејата ми е вечерата да ја земенам со мусли. Веќе си купив два вида мусли, па ќе видиме. Не ми се убави никако со пресно млеко, ќе си ги јадам со јогурт. Краток период бев на хроно ама не можам да држам диети, времето не ми дозволува. Немам многу слободно време и мразам кога сум ограничена со нешто. Вака решив да исфрлам брза храна, газирано, грицки а благце ептен по малку, во кризни моменти.
Пробај обиди се, дечко ми ослабе 5-6кг. Не се сеќавам убаво, заради тоа што вечерата ја замени со мусли, а обично навечер сендвичи, леб, сувомеснато, макарни јадеше. Вака само мусли и желудникот полн и не се прејал. И пак ослабе.
Јас да си кажам за денес: Топла вода со ѓумбир После половина час Д: кафе, 2 праски, 2 двопек оние малите коцки што се со намаз и 6-7 маслинки. Р: патлижан и пиперки пржени заедно и едно парче стек. За вечера планирам: краставица со сирење и една чаша јогурт. Пијам зелен чај помеѓу ручекот и вечерата, се надевам не грешам.
Јас сум тука, само зошто периодов дома се немам завртено и немам вежбано, не ми иди никако да напишам збор- два. Денојве „ја открив Америка“, обично дома си потпеквам леб, ама сега си земав двопек, конкретниот двопек ми се допападна. Па се изненадив колку со малку калории се заситвам на сабајле, со комбинации како: Двопек, намаз, краставичка, домат, маслинка, две јајца од потполошка Двопек, павлака, краставичка, домат, маслинка, две зденки Двопек, авокадо, две јајца од потполошка Двопек, авокадо, едно големо јајце Двопек, цел домат, сирење наронето од горе Двопек, топено сирење, краставички ситно сецкани, маслинка, две јајца од потполошка Буквално скокнав прва ужинка со едно парче двопек и по неколку тенки парчиња од набројаните работи. Туку деновиве читав за хумус, па ме интересираше од каде можам да го земам и некои конкретни паковања и цена кои би ми ги предложиле? Видов во Веро кај делот за салати имаше хумус салата, тоа е само хумус или има плус подготовки? Денес на ред беше двопек, павлака, краставичка, домат, маслинка и две зденки. После тоа се частив ред чоколадо зошто поќе од 5 часа прв пат да не можам да јадам навреме, а за апче бев да не ми пара желудникот на гладно. Ручекот ми беа тестенини со стек. Вечера секогаш не знам шо би јадела, вчера скокнав вечера, ама се частив еден од сладоледите на GioGio. Бар штом се частам сладолед, да вреди. Без вежбање во глобала тежината ми стагнира, бар позитивно стагнира меѓу 58-59кг најчесто.
@theowndemon само што ја читав темава и повторно ве благословував со @MissChievous Значи ца-ри-ци, толку само ќе кажам! Ви должам сладолед или торта од колку сакате калории. Да се пикнам у еден фустан што го нарачав сега за една свадба, па и слики ќе ви пратам. Не ми се верува просто, а се' јадам, без којзнае какви рестрикции и без грижа на совест. Патем, ова кога ќе речам се', мислам дека во исхраната не исклучувам одредена група како шеќер или јаглени хидрати или масти - а далеку од тоа дека јадам се' што ќе ми се најде на патот. Прилично здраво се хранам со некои минимални излети. Е се дупнувам од вежбање ама ако, тоа и за ментално добро ми е. Хумус имаш во КАМ и тоа е со одличен состав... ама, бааги калоричен е хумусот. Друг проблем е што тегличето е големо а се расипува прилично брзо, јас немам фора да го изедам толку брзо. Мислам 280 грама е, а за цена околу 80 или 85 денари. Мислам во Веро поскапи дека се. И да, имаш право, и мене двопекот ми е ново откритие и како за смена некогаш е одличен. И не е со така лош состав, баш прееска за ручек го ставив во салатата колку да крцка нешто, супер беше. Исто така и печеницата на Солис е океј, се зачудив. Не сум фан на сувомеснато ама некогаш како за смена, таман е.
@Doozy со хумусот ми е поќе „да пробам, да видам“, и еднаш ќе пробам, па после нека се расипва јбг. Паковањата шо ги видов во Веро, беа околу 90, ама не запазив грамажа и искрено не посегнав ни да видам калории, така ептен случајно ги забележав и дур дома почна да ме копка црво зошто не прочепкав. А двопеков го земав од Жито Лукс, има три внатре паковања поединечни, со пет лепчиња. Таман пола месец ме обезбедува, евентуално ако има грав дома зошто сакам екстра лепче со такво јадење. Инаку, guilt- free сум и за сладоледот, се дур сум во дефицит, нема вина.
@Carolin. па тоа и ми беше идејата, вечерата да ја заменам со мусли. Зошто реално порано немав никаков распоред со оброците јадев што и кога стигнам и доста често бев гладна па навечер ќе завршев со бурек, тост или грицки. Почнав и порано да станувам за порано да можам да си легнам. Сокови секакви решив да исфрлам, освен имам едни 2 шишиња домашни правени сега за сега од тие ќе си пијам. Чај само од билки без шекер, исто и кафето горко. Овие два дена добро се држам, па за натаму ќе видиме. Кога се вакви работи во прашање најважно е човек да има трпение. Инаку и мене секоја вага различно ми покажува ама пред некој месец си купив лично моја, па си се водам според неа. Денес се измерив за да знам со колку почнувам и некои месец дена не ја фаќам, не се мерам. Мислам дека овој режим кај мене ќе има резултати, зошто еден период кратко бев на хроно околу месец и пол и имаше навистина видливи резултати. Ама после пак си се вратив на старо зошто ако не се продолжи со исто или слично темпо килажата како бумеранг се враќа. За да не паднам во искушение да изедам нешто што не треба место благо и грицки ќе си купувам овошје, а зеленчук си имам дома во бавча сакам почесто да јадам салати. Сакав да ја прашам @theowndemon дали купуваш од тие замрзнатите овошки од Кам маркет и какви се? Скоро ги гледав не се скапи па сакам да земам едно кесенце да пробам. Инаку сум имала блендер кој воопшто заборавив дека го имам зошто не е користен којзнае од кога, може ли некој рецепт за смути и такви пијалоци, од тие што ги постираш? Се надевам ме разбираш на кои мислам, да не барам слики.
Немам земано од кесичките, имам земано малини замрзнати од Веро, 65д се ако ме држи меморија, на зима кога немам ништо ептен се наоѓаат. Ретко кога прам само со вода, така да еве: Банана, околу рака спанаќ, лајца павлака Рака малини, банана, јогурт или вода (исто за сите berries, најчесто ставам јаготки, малини, вишни, аронија) Морков, јаболко, цимет, вода Накратко, во се ставам банана, течност за да определам густина (пример во спанаќ не ставам течност зошто ако пробаш ќе видош колку течност испушта спанаќот). Ако има некој горчлив вкус од работите шо клавам, ставам и лајца павлака. После можиш да додаваш чиа, лен, цимет, ѓумбир по вкус и желба.