@theowndemon па и тие од кам маркет се замрзнати, околу 60 денари. Гледав 2-3 вида имаат па се мислам да земам да пробам. Благодарам инаку.
Епа луѓе, дојдов да се фалам! 63кг!!! Имам уште околу 4-5 кг за симнување, со оглед на тоа што сум 173 цм некаде, не ми треба да бидам подоле од 58 кг. Вежбањето ми е релаксација, не го ни осеќам времето како лета додека вежбам. Чинам од крајот на мај почнав со редовно вежбање и од тогаш само еден период од недела дена не вежбав тежински тренинг поради повреда на зглобот, па тој период се префрлив на јога и не можам да ви опишам колку ми фалеше да се фрлам назад на вежбање. Имам едни фармерки, идеална џинс боја, ги обожавам, ама ми стоеја за украс бидејќи ќе пукнеа колку ми беа тесни, ама no more! Неделава дури три пати ги носев од што ми беше мерак. Стомакот ми се затегнува, целулитот речиси целосно намален, нозете убаво се оформуваат па зарем има поголема мотивација да продолжам да вежбам и да се хранам правилно!
Еве сум јас 4ти ден терам со диетата на ирена. Топла вода со ѓумбир секој ден пијам половина час пред доручек. Д: една коцка двопек со намаз и маслинки и една коцка двопек со мармалад и кафе Р: купуз манџа(се спрема) и краставица салата В: туна. Се прашував дали може нескафе да пијам навечер, на пр. кога ке излезам, секако го пијам без шеќер, а по кафичи 90% е вода и 10% млеко(а вечерта е резервирана за протеини) или да си терам со велнес водава?
Мене денес ми стигна маичка и толку ми е уба шо сакам предобро тело да ја носам, сега уште посериозна сум. Сабајле предпојадок три јајца од потполошка за пиење и лајче кантарион. После то чај. Појадок двопек со пола гмечено авокадо со лимонов сок, една маслинка, малку пченка, две јајца од потполошка и неколку тенко сечени парчиња домат. Ужинка пола краставица така свежа. Ручекот две полнети пиперки без леб. И за вечера плескавица, и тука прекршив со малку компири од страна, плус салата. Задоволна и во дефицит хехе.
Ден 5: Д: две кифлички со ајвар и кафе Р: каша со ќофтиња од мелено месо и краставица В: павлака ли е млеко кисело ли е не знам ама тоа имам од Активиа у фрижидер.
-10кг за 2 месеци и добра форма на нозете али сака уште работа. Благодарение на @martin01 ја добив посакуваната тежина и форма! Доручек јајца и овезна каша. Измеѓу оброк веј протеини со здрави масти. Ручек пилешки стек и ориз. Пред тренинг л карнитин со пола литро вода. Одма после тренинг само декстроза и магнезиум. После 1 сат од тренингот пилешки стек со грашок и пред спиење дозерка веј протеин и 30грама масти. Хидрати јадам само на сабајле,за ручек и многу малку одма после тренинг. Доручек,ручек и вечера треба да внесуваш протеини а хидратите ги мешаш. Ако не внесуваш доволно протеини тешко се слабее. Ѓумбирот ти е само антиоксидант и не помага за слабеење. Кафе пијај пред тренинг без шејќери
Нели е некако еднолично..? Или ова е само пример, а си подготвуваш и други оброци? Мене уште третиот ден би ми преседнало да јадам едно исто секој ден...
Па правам и други оброци како паста,макарони со балоњезе,златна мешавина со свинско месо,грав со ќофте...Малку ми се здосадва јадењето но заменувам 2-3 оброци со веј протеини
И јас почнав по режимов на ирена Ќе видам до каде ќе стасам Имам за симнување 10-15 кгр Почнав и да вежбам Ајде со лесно на сите диеталци
Од утре почнувам и јас диетата на иррена, ќе.видиме. немам мн време за вежбање . Некој има искуство да каже со диетата?
Јас сепак од денес ја терам диетава 20 дена ( мене како медицинска ми ја дадоа во печатена форма) Шо и да е , ама мора да се слабее Поддршка за сите Досега за недела дена како почнав да пазам шо јадам , има 2 надолу ,што е успех за мене Идеме во надолна линија
Ќе се доздебелиш Премногу шеќери има а многу малку протеини. Јас би ти ја препорачала ротациа на хидрати. Симнав 10кг. и многу на обем намалив и еве килограмите не се враќаат.
Јас сум веќе скоро 3 недели на диета препорачана од нутроционист, и да имам ослабнато 5кг. Диетата баш добро оди на почетокот т.е. првите 2 дена беше малку тешко но после организмот се навикна. Морам да признаам дека не јадам се од напишаното затоа што не ми се јаде заситена сум од појадокот со овошје па знам да го прескокнам ручекот. Ви препорачувам да одете кај нутроционист. А, за вие кои сакате да правите сами некоја диета најважно е да: пиете повеќе вода, појадокот,ручекот ,вечерата секоја ден да ви се во истото време, после 7 или 8ч. да не внесувате никаква храна ...
А како јас симнав 2кг. за една недела? Ако се доздебелуваш? Секој организам е различен и не значи дека ако ти се доздебелуваш и други би, што исто така не значи и дека ако јас слабеам и некој друг ке слабее. Жив пример ми е УН диетата јас со неа качувам килограми, а колешка и мајка ми оослабеа. Се пробуваат работи и се гледа што ти делува највеќе.
2kg ti se od voda. 2kg salo e nevozmozno da skinis za nedela dena osven ako nesi na steroidi. znaci salo ne se kini tolku brzo. baska za dorucek blago? insulino zenem ne e zdrav nacin na ishrana no sepak ako vi se dopajga togas ok
Јас не јадам благо искрено, главно доручекот ми се состои од двопек со намаз, ајвар, мармалад и сл. И некое овошје. Мене ми одговара што навечер не се чувствува гладно и се прејадувам со глупости. Не сакам ни да ги мислам тие два килограми вежбам и не верувам дека и наредните две недели ке имам некои вов резултати, но стомакот не ми е подуен ко предходно тоа е +
ДИЕТА - РОТАЦИА ХИДРАТИ понеделник - high carb day вторник medium - carb day среда low -carb day четврток high - carb day петок - medium carb day сабота low - carb day. недела - low carb day. во денот со внисок внес на хидрати: за доручек полна порциа хидрати за ручек пак полна порциа хидрати и за вечера 2-3 парчина леб. во денот за среден внес на хидрати: за доручек полна порциа хидрати измеѓу оброк полна порциа хидрати и за ручек пола порциа хидрати и до крајот на денот не се јадат хидрати. После ваков ден нашето тело е во благ калориски дефицит али во предходниот ден сме имале голем внес на хидрати,нашиот метаболизам е уште во таја инерциа и уште не реагира на тој калориски дефицит така да во тој ден веќе согорувањето на мастите започнува. среда низок внес на хидрати: за доручек полна порциа хидрати после тренинг оброк - имаме пола порциа хидрати и до крајот на денот не јадеме хидрати. останатите денови четврток,петок,сабота и недела се повторува истата постапка. на овај начин ние го спречуваме успоравувањето на метаболизмот и се спречува стагнирањето. ако нагло и драстично ги намалиме хидратите,метаболизмот почнува да приметува како голем проблем и организмот да би преживеал почнува да се адаптира на околностите така што ја успорава дневната потрошувачка на калори. диетата е доста популарна и е доста ефикасна за топење масни наслаги. Препорачливо е да имаш физичка активност како на пример брзо одење на празен стомак пошто тогаш се започнува оксидацијата на масти,мастите се претворат во енергија