За пица да не му се сеќирате - веги пица = 600 калории. Омилената моја, капричоза = 900 калории. Мајонез жити се немојте да додавате, една лажичка + 50 калории. Бурек со месо четвртина содржи 260 калории како и пица бурекот, урда има 240 калории. Така да бурекот и не е кој знае колку калоричен, а ептен најадува. Само ептен калорични се лиснатите теста.
Да не ми беше досадна толку диетата пак ќе ја почнев, дури и размислувам веќе на таа тема, иако зачудувачки добро ми е и вака, кажав дека имам резултати, се познава веќе. Јас дури секоја недела си давав слободен ден, вода не ни пиев по 2 литри, едвај 2 чаши дневно. Ќе одам прво да се мерам, да видам за 10 дена што сум направила. Во обем е ок, ама вагата да видеме што ќе каже . Кога сме кај зејтинот, јас си користев сончогледов, со него си готвев и во салати обавезно.
Нема врска каков е, само да се избегнувата животинските масти и масла тие содржат холестерол, за разлика од растителните, кои нема шанса да содржат холестерол, холестерол содржи само храна од животинско потекло! бај д веј цурки, овошјето не го чувајте на собна темп, губи мнооооогу голем % на витамини и минерали за само 1 ден може да загуби дури до 50% , најубаво е во фрижидер да го чувате, а не на маса ко украс Ако ве интересира нешто слободно прашајте Spoiler не наплаќам сеуште
Гага ова за бурекот вистина е? Ех да знаев порано, немаше да јадам кифла со сирење туку бурек ќе јадев. Многу сакам бурек со месо .
Јас не можам ленот да го пијам веќе од самата помисла на него ми се превртуваат цревата и ми доаѓа нагон за повраќање. Соино млеко пијам, а до некои други страхотни правила од таа диета не се придржувам. Ми текнува дека таа даваше и јаткасти плодови по една шака, а јас кога ќе ме мавнеа кризи јадев по 100-150 грама, чувствував грижа на совест по малку ама пак слабеев.
Па јадам според начинот на Иренна, а сакам да се ставам на онаа на Цвета што ја дава или на УН. Тие две се најефикасни според мене. Едит: Ленот и јас не го пијам веќе, неможам. Абе од таа диета се прејадував, ама пак резултати. Сега кога гледам што колку калории има, па кое јадење колку дебелее, а јас од тоа ослабнав.
Да. Епа изгледа покалорично дека е помрсен, али сепак околу 260 калории. Да прашам мама за една диета ќе ви ја кажам, нешто за 4 дена -4 кг.
абре луѓе немаат врска калориите, какви виртамини има во бурекот??? никакви! освен маснотии друго нема поубаво една риба изеди си со салата, ем ќе те најаде, ем витамини! јас и бурекот го ставам во џанк фуд, па ако сака и 10 калории нека има
Аууу, лудо онај пат јадев - абре ме предува. Цел ден ме држеше. Ајде лудо кажи некој убав благ доручек
Знам дека е мрсен, затоа и ме чудеше колку малку калории има, јас го сметав исто како и хамбургерот. Исто ми е да изедам хамбургер или бурек, затоа и чудно е што е толку калоричен.
е со кулинарство многу не се занимавам јас благ доручек- овошен јогурт(најубаво дома природен да си направиш), овошен сладолед, овошје, 2 реда милка! Не знам што друго
Хамбурхерот има 450 калории. И францускиот толку. Јас си правам тостови домашни со сиренце, за мерак поубави и од сендвичи.
нема шанса! сега ќе прогуглам и ќе ти редактирам! малце е 450, едино само со леб и плескавица, а ние си сакаме и со компири и со мајонези и тоа ти е накај 800-900 калории а да не правиме муабет ако јадеме од вили оној големиот едит- накај 750-800 калории(со компир, и преливи), се прелажав малце а само леб и плескавица 320!
Леб и мармалад, јас само тоа јадам деновиве . Или палачинка со мармалад. Земи јогурт обичен, јагоди и една лажица шеќер и во блендер и праве во wc. Цел ден ќе си претплатена таму, како ќе се прочистеш .
хехе лудо толку е... Spoiler ХАМБУРГЕР: Лепчето е највеќе 150 калории, земичка како на сендвич од повеќето сендвичари има 125 калории. Плескавицата е највеќе 130 калории, плескавица како на сендвич од повеќе сендвичари има 125 калории. Компирите се највеќе 175 калории, ставаат ко неполна шака во повеќето случаја така да 150 калории. Краставица+патлиџан како и секаде има по највеќе 3 парчиња - 15 калории. Павлака или сличен намаз највеќе 35 калории. Тоа ти е отприлика 450 калории. Таков јас јадам двапати месечно, мераци. Али сега иде лошата ствар - сендвичот од рацете на дада ми Прскат од тој мајонез, абре сигурно 3 супени лажици, во тој случај 150 калории. Ќечапот не е изоставен, + 50 калории. Ајде и сенф да не биде покусо + 15-20 калории. Еј, дада успешно внесе [а и повеќето јадат така] само 770 калории. Диетално, нема што. ФРАНЦУСКИ: Наместо плескавица, салама од 60 калории и ајде кашкавал 40, значи -25 калории од плескавицата. Пак горе-долу исто. Тоа е дилемата околу сендвичи. На здравје! PS:превземено од кајгана.
ЏулиЕ, ајде те молам сподели некоја тајна од кај Цвета , дали е бар малку слична на тоа што ми го кажа Теди, да не правам јас некоја грешка во комбинирање на јадењата... макар што овие денови оброците ми се сведени на толку мал минимум, јас лично не можам да ја укапирам грешката...
Трендафилкеее Во пмс и кога ќе добиеш вагата не мрда да знаеш. Така да здрави две недели од месецот може тешка депресија да те мавне ама држ се мушки. Али ајде Џули нека потпише уште нешто јас да не сум изумила ама не верувам толку да сум одвеана