Први ноември е денот кога вагата покажа 4 кг и 800 грама доле. Нема посреќен човек од мене иако очекував првите кг најбрзо да се истопат, за подоцна да се успори процесот. Не зачинувам ништо, сирењето го полевам со врела вода, и мука ми е искрено, имаше психички моменти кога паѓав, ама па за чудо некако од понеделникот наваму станаа поретки. Волјата си работи и тоа НЕ конечно вистински се активира. Ова е нешто што за прв пат после 2 ипол години си го посветувам себе. Па идеме уште 50 дена до крајната цел. Четврток, 1 ноември.
Луѓе абе не можам никако да се натерам себеси да ослабам...Еден куп диети сум пробувал и никако да ги издржам или ќе издржам некоја ама после месец да речеме ке си ги вратам килата...Ич не сум карактер за ова.Таква некаква мрза ме фатила да станам да вежбам,физички да сум активен,немам мотивација.А чудо едно,за други да мотивирам ме бива ама за себе ништо такво не правам,за себе сум мрза,туѓа среќа сум.На пример за интелектуален напор,да седнам и да посветам 3-4 саати за вежбање кинески не ме мрзи ама за да одам во теретана ич немам трпение и ме мрзи,а сакам да си го направам убаво телово и да ослабам плус...Дајте некој совет за мотивација или заплашете ме дека здравјето ќе ми страда...
втор ден појадок цеден портокал +цитрон +лимон со пола литро вода +1банана +мандарина +една рака лешник ,бадем ,+2 суви смокви ручек и вечера боранија манџа со салата вечерата е половина од ручекот сеа за сеа е добро нема кризи терамеее
Девојки редно е и јас да ви се придружам овде. Во последниве две години сум многу многу здебелена. Предложвајте некоја не толку брутална диета. Пример вие што јадете за доручек, ручек , вечера. Доколку одите во ресторан навечер што нарачувате... И нсјголемиот проблем благото. Што да се јаде како десерт? Целта е да се скини стомакот
Најди нешто што ти одговара и дружи се со нас Кој е моментално тука за дружење нека се пријави кој до кај е
Добар ден. Само да ве поздравам, дека се уште сум тука и се дружам со протеините. Денес е 12ти ден, на мени имам малце поразлично од тоа што имав досега. Варена брокула, обезмастено сирење и варено пилешко без зачин и сол. Воведов и ореви. Ги земам од стокомак па кога имам криза за јадење, земам по 3 - 4 пред спиење колку што е потребно. Сабота, 3 ноември.
Намали го внесот на сол и јаглехидрати, затоа што ти ја задржуваат водата во телото. Истовремено, пиј повеќе вода за да се прочисти телото.
ако си сигурна дека се само отоци а не си поправена пиј лимон у млака вода насабајле да мочаш поцесто ,пиј чај од магданос исто да изфрлиш отоци само пази да не ти го падне притисокот чајот од магданос исто и сол изфрли да видиш како ек бидеш
трети ден појадок цеден лимон портокал и цитрон со пола литро вода банана смоква сува 3 ручек марула +туна +1 лимон вечера ке биде некоа салата или само еден патлиџан некако не сум гладна знам досадна сум ама мислам дека штом пишам не смеам да згрешам па така да нема грешки
Nekolku dena na zdrava ishrana Za meni Denes Pojadok ovosje Rucek peceno pile I salata Za vecera istoto taka.. Spoiler: Woow. :D + Vezbanje. Ova e od vcerasniot den . Ja ukliciv aplikacijata odkako trgnav na Sala za pesacenje pa se do doma.
Освен ја и @zeka други борци кои сме???? ајмо тука на дружба и исповед да видиме која како поминал денеска ја до сеа цеден лимон портокал и цитрон и банана сеа ручек полнети модри со м месо +салата и вецера исто
И јас од денес Појадок: сок од портокал и лимон Ручек: јајца и салата Вечера: салата ќе биде После 19 часот нема храна
Не ова ми е режим правен од нутриоцинист за мене ама ко шо гледам сличен е на ун немешање на храната без млечно глутен благо газирано
Ова е еден од тие психолошки денови кога паѓам, кога ме боли и кога сакам се да забаталам, да се вратам на старите навики, да заборавам дека треба да напредувам, дека не смее да дозволам да се запоставам, барем не овој пат, не овој ден. Некаков болен оксиморон е тоа, паѓаш, а имаш се поголема и поцврста волја да продолжиш... Денес на мени: печурки на скара, варен стек со цвекло, зелка и морков. Вечер белки и јогурт. А утре, утре цели две недели на ваков режим, како вчера да го започнав режимот, а веќе влегувам во третата недела без големи отстапки. Недела, 04 ноември.