Немој да подклекнеш и да фрлиш тие две недели во вода па после да почнуваш одново и наместо да пишеш терам трета недела ти ек пишеш терам прва недела Извини незнам дал си пишала или јас не запаметив шо режим/диета тераш? колку имаш симнато ?
Еве јас да се пријавам со диетава од форумов 20 дена + вежбање , после скоро два месеци сум - 7 кгр Сега еве втор циклус терам од истата Задоволна сум си , иако некако споро иде надоле вагата , ама нема откажување одиме понатаму женииии
Па имам наназад пишано дека држам протеинска диета со многу мал внес на јх. Дека истата планирам да ја држам 60 дена.
Абе кај сте вие? Немаше многу луѓе тука, па скокав со пишење. Јас си тркалам по старо. Неколку пати прекршив ради разни настани ама не е страшно. Денес сега станав, сега е време за утрински чај, па појадок комбиниран со учење. Ако дојди менс ќе одморам, ако не ќе тркнам до теретана. Помага вежбање со менс, ама ми се чини се оставам на секоја справа шо вежбам, па скокам ден- два.
ајде решреф малце колку време тераш колку кг имаш симнато ајде давај кураж на нас почетниците сеа шо почнуваме и ај да ги поканам и унките да не дружат и нас тука оти ако им одам во темата УН ко натрапник се осекам а убаво е да се дружиме и подржуваме тука оваа тема е за сите шо се на некаков режим или диета небитно која
Ете сум и јас, за доручек банана и чај од коприва, за ужинка едно овесно колаче и соленки од чиа семе, ручек ориз и стек. За денес тоа е се. И се разбира добар фитнес тренинг.
@ALISA0000 Една од УНките сум и јас може да се каже. Одамна се немаме дружено. После цели 2ипол години се ставам на Ун режим. И решено одам до посакуваната моја цел: -10 а по можност и 13 знам дека ногу сакам ама сакам Денес прв ден добро поминат. За утре план па и немам баш ама ќе е гравче или грашок некој, ручек а и вечера исто. Тоа за сега. Среќно на сите и се надевам дека тука со поддршка од сите вас полесно ќе ми биде....ако сум сама јас ногу лесно се откажувам
Мрдам мрдам...ама цело време у место ама сеа сум одлучна. Ун и се е можно Ќе се отенчеме и ние ќе видиш
заборавив да се исповедам за денес појадок-цеден лимон+портокал+цитрон со пола л вода +1банана+1мандарина ручек-копан и поткопан со салата од патлиџан краставица,морков,зелка,рукола и вечера исто само пола количина утре сакам овошен ден да изтерам по список имам спагети ама не сакам тестенини имам јаболки дали може да ги печам у релна и тиква печена дали ке оде у овошен мада шо јас мислам дека е ок ама сепак да се допрашам
Јас си одржувам во поглед на килограми. Кога поќе, кога помалку. Фармерки и тие од летото почнаа да ми фаќаат провев. До сега се исто, зато и ретко пишам, си бројам калории, и вежбам 5-6 дена во неделата, кога имам можност пешачам, на лето поќе, сега не толку.
Од денеска и јас на УН. Вторпат. Првиот пат не издржав до крај, но имаше резултати, повеќе во обем отколку во кг. Но, почнав да се враќам на старо, а и во последно време се осеќам и како подуена после секој оброк Појадок: 500мл вода и банана За ручек најверојатно јајца ќе сварам и салата, тоа можам да носам на втора смена, а за вечера не знам ниту дали ќе имам време
Ајде девојки, само напред, третата недела ја отпочнав вчера. На мени имав јајца, јогурт, обезмастено сирење, варен карфиол со стек и една лажица малиџано, редно беше да пробаме од зимницата годинава. ))) Денес релативно исто, единствено место карфиолот, рендан морков, зелка и цвекло. И сакам печурки на скара или у рерна со блага буковка. Вторник, 06 ноември.
Денес се осетив како зајак. Обично марулата ја јадам со малку масло и сол, денес така свежа без додатоци и виљушката не искористив туку со раце грицкав свежо, како зајак. Комбинирано со пола стек пропржен со лимон и малку ореви. Појадокот ми беше омилен до сега. Зелено јаболко, едино јаболко кое го јадам со сласт, две лажици путер од кикири и гранола. Денес место фенси кафе се напив 200мл чоколадно млеко и колачиња од жито лукс, знам 60- 62 калории по колаче е. Морав вака да си задоволам менструални cravings, зошто за ништо не ми се отвора уста сем за благо. И вечерата ми е пак марула, едно лепче двопек со хумус и една сардина. Доктор Мајк имаше ставено таков рецепт и в гла ми е долго време а никако да пробам. Скоро сигурна сум дека то ќе вечерам.