(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.599
    Допаѓања:
    181.538
    Бууууууууу
    ајде репорт
    вчера овошен денес посна турлитава за ручек утре гледам печурки и салата
    тенко многу тенко хахахахах
     
    На martin01, Apina и Doozy им се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.599
    Допаѓања:
    181.538
    И да ја заокружиме првата недела со -1,6 кг
    Сега одиме втора недела
     
    На Apina и SwanMay им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.197
    Допаѓања:
    175.827
    Пол:
    Женски
    Денес на мени кардио, чисто зошто уште не се осеќам да се превртвам со влошка на мене, ме тера кардиото да се осеќам посигурно колку и да го мразам.

    Предпојадок: Утрински чај.
    Појадок: Смуди со банана, јаготки, овес, семиња од чија и лен, со бадемово млеко.
    Ужинка: Гранола плоча со грозје.
    Ручек: Марула, варен компир, печурка, две јајца.
    Ужинка: Некофеинско кафе со лајче кафен шеќер и бадемово млеко.
    Вечера: Марула, двопек, хумус и сардина.
    Пред спиење: Вечерен чај.

    Ако не напрам план, ќе си додавам непотребни работи, иако ретко осеќам глад. Јас јадам зошто стрвам па мора малку строго.

    Се мерам во Понеделник, така да има време.
     
    На SexiLy, GoodGirl45, Apina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Apina

    Apina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    276
    Пол:
    Женски
    Денес витамински ден .. глад не осеќам сега за сега ама кај и да е за еден саат доручек ќе има. Две јаболчиња планирам. После јадам на секои два до три часа само овошје и зеленчук. Кај мене метење нема зошто вагата ми е расипана..па и подобро до некаде оти и онака само ме демотовира она. Мерење тамо после 3 недели може и месец ќе видиме..
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.599
    Допаѓања:
    181.538
    Смееш и јаткасти до 100 гр земи некој орев лесник бадем несолен ке те засите па некој чај свари си и јади кога си гладна не гладувај она овошен
     
  6. MrKJ

    MrKJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Машки
    27 кила изгубени засекогаш, остануваат уште 13. Последната недела 5. : )
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Е тоа засекогаш..хммммммм...не биди толку сигурен, телото тежнее да си врати своите сакани килограми..треба ЗАСЕКОГАШ да внимаваш што јадеш и колку јадеш и колку трошиш...еееххх.многу тешко е тоа...
     
  8. MrKJ

    MrKJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Машки
    Јас не јадам. Пијам вода со хималајска сол и Калиум. Еднаш јадење во неколку дена. Сега направив едно јадење во цела недела. : ) Не е тешко, и да се случи некогаш да качиш некое кило невнимателно, се што треба да направиш е да престанеш да јадеш. Кога стигднеш до посакуваната тежина јадење само еднаш на ден.

    И тоа е целосна мисконцепција и мит дека телото тежнее да ги врати килограмите назад... тоа им е најчесто оправување само на зависниците од храна и прејадување да си добијат изговор. Иако има статистики дека голем дел од луѓето кои ослабат, враќаат тежина назад, тоа е поради тоа што го немаат решено проблемот, кој е всушност прејадувањето и зависноста од храна.

    ФАКТС! БАДУМТСЦ!
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    :?:а од што живееш жити бога ако не јадеш?? Од воздух?

    Тотално нездраво и ненормално(n)
     
  10. MrKJ

    MrKJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Машки
    Здраво и нормално е Баба Рада, еве ти факти. Погледни победникот за медицина 2016 година го истражува баш тоа. Не јадењето и ефектите на телото, односно Autophagy, незнам дали има македонски збор.. али тука е линкот - https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5240711/

    Сосем е нормално и здраво да не се јаде, телото се прочистува и нездрави протеини и клетки се користат како енергија и се создаваат подобри и понови. Целосно здраво и докажано од науката. : )

    Инаку живееш од мастите и салото во телото, fatts, одличен извор на енергија на телото, имаш се што ти треба таму, освен одредени минерали кои ги добиваш од солта и калиумот, затоа ги конзумираш тие со вода. : )
     
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Искрено немам некои сознанија за гладување, а и мислам дека од солта само притисок ке качиш и камења во бубрег и жолчка ке направиш....незнам навистина што да кажам..а како ти успеваш тоа да го издржиШ?
     
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.599
    Допаѓања:
    181.538
    кад тад ке ти се ебе мамето
    неможиш цел живот да не јадиш
    ова твоето е нездраво види да не болуваш од некоа болест
    работата е да имаш три оброци а не еден на пет дена
    искрено лажиш ама сам себе се лажиш
    п.с крв да си провериш
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    43.493
    За колку време изгуби 27 кила?

    Иначе и ја иам постено со вода, а последниве месеци јадам еднаш на ден, а на секој седми ден не јадам ништо. И искрено се осеќам најубаво до сеа у мојов живот
     
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.599
    Допаѓања:
    181.538
    не на 5дена еднаш јадел ја така сватив
     
  15. MrKJ

    MrKJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Машки
    Можеш без проблем подолги периоди да поминеш без јадење(зборувам за луѓе со вишок килограми, ако сте ептен слаби, не ви препорачувам да не јадете со денови, до 3 дена би можеле без проблем)

    Инаку има цело Комјунити на Фејсбук 300,000 луѓе(и јас меѓу тие), кои на овој начин слабеат. Доколку ве интересира - https://www.facebook.com/groups/397925543877867/

    Имам си и свој Инстаграм акаунт каде што си следам тежината и апдејтирам со постови и сториес дневно и неделно. 27 кила за околу нешто помалку од годинаипол. Инаку почнав да не јадам со денови од 10 октомври, речиси 1 месец, во тој период изгубив околу 10 кила, ми требаше мал период да се навикнам, почнав со по 2 дена да не јадам, па 2-3 дена јадам, па пак така најизменично, и сега последното нејадење или постење на вода ми беше една недела. А 2 недели пред тоа јадев по еднаш на ден, и најчесто еднаш во 2 или еднаш во 3 дена. Инаку има луѓе кои од старт си почнат и не јадат по 30 дена и слично. Инаку има на секаде низ светот центри каде што луѓе си идат на одмор специјално да не јадат, по 30 дена.

    Инаку и додека не јадам, вежбам, моментално се спремам да истрчам полу маратон, за Скопскиов маратон 21 километар, и плус одам на теретана. Кога трчам гладен дури имам повеќе енергија отколку најаден.

    Јадењето 3 јадења на ден, или 7, или 6, се само препопуларни мејнстрим начини на јадење кои сите ги имаат превземено и ги користат без уопште да знаат дали се здрави или не... : ) Во сад се воведува стандардната диета со 3 јадења на ден во 1977 година препорачана од државата. Во истата година се случува најголем раст на дебели луѓе во америка и тој раст продолжува и во наредните години. Потоа докторите во америка почнуваат да препорачуваат 6 или 7 јадења на ден, и популацијата се здебелува се повеќе и повеќе...

    Има добар дел од спортисти и бодибилдери коишто јадат еднаш на ден. Исто така и супермодели и слично.

    : )
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.197
    Допаѓања:
    175.827
    Пол:
    Женски
    Мене ко ќе ми текни дека вечерата ми е последен оброк во денот, паѓам во депресија дека треба да почекам малку.
     
    На Doozy, Tan4ence, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  17. MrKJ

    MrKJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Машки
    Го знам тоа чувство. Туку, помисли зошто се случува тоа? Воглавно сме зависници од храна, исто како зависници од хероин, кафе, цигари, и слично.. се случува withdrawal, најчесто се работи за withdrawal на шеќер. Целата работа и наука е поопширна, но шеќерот и прејадувањето го расипува Серотонинот во телото, што е хормонот за среќата, навиките на исхрана влијаат многу на расположението токму поради овој хормон, и се додека емотивно сме приврзани со храната ќе имаме такви проблеми. Ако ја користиш храната само како гориво, ќе си среќен со храна, без храна, нема ни да ја мислиш. Ќе јадеш само кога чувстуваш вистински глад, кажувам ВИСТИНСКИ глад, поради тоа што, чувството за глад го мешаме со многу други разни чувства, како на пример, кога нема да успееме во нешто, кога ќе се разочараме, кога ќе сме осамени, кога ќе ни е досадно, кога ќе сме среќни и славиме, кога сме со пријатели, сето тоа го поврзуваме со храна, за секој различно со различни рабвоти ја поврзува храната, но таа служи само за ја конзумираме и да ни дава енергија и нутриција на нашето тело.

    Ако мислите дека е тешко да ослабете, многу е потешко да сте дебели... од лично искуство зборам, по 10-15 минути веќе почнуваш да се препотуваш, и нормална состојба на срцето ти е да чука во 100 отчукувања во минута. Тоа е стварно тешко, да јадеш помалку, или воопшто да не јадеш со денови е многу полесно, а бенефитите ќе се видат за краток период. Имам телефон што има сензор на мерење на отчукување на срце, кога почнав да слабеам, одма приметив дека heart rate ми е значително понизок, енергијата повисока... : ) Туку да сме живи и здрави. : )

    сите што имате желба да ослабете, само две работи се битни. 1. Зависници сте од храна, и тоа е најважното нешто коешто треба да го средете. 2. Кога јадете помалку, побрзо слабеете. Слабеењето е дефицит, недостаток на внес на калории, а дебелеењето е внес во телото повеќе калории отколку што ви се потребни. И број 3. Се друго е прилично небитно! : )
     
    На baba Rada и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.197
    Допаѓања:
    175.827
    Пол:
    Женски
    @MrKJ здраво, јас сум Демон и сум зависник. :D То е факт ама и то е едина навика која не би да ја изоставам. Едино пробвам да се контролирам да не јадам кога не ми се јади, ама и да не се казнувам кога ми се јади.
    А и не би да можела да се хранам вака зошто имам расипан желудник и ако осеќам долго време глад и не фрлам коска, пак ми се дразни.




    Преблиску сум до целта и денес уморна после пазар бев и најдов ефтини фармерки и последен број, така малечки, кои инаку не би ме собрале пред година дена. Порано сум се фрустрирала дека не можам тие фармерки ефтини и на попуст да ги купам зошто редовно не ме береле.
    И двата пара ме собраа, во двата пара влегов комотно. 8) Ова е мотивација. :inlove: И по пат се думав шо да јадам и ми текнува прехрамбени месишта и сега се решив дека за да продолжам да се радвам на нови фармерки мора да се контролирам, па сосем среќна ќе ручам на тревите шо ги имав купено од пазар.
    Исто така вчера праев со мајка ми споредба на фармерки кои ги носев лани, и фармерки кои ги земав последните два месеци. Исто и забележав дека до лани многу поќе кинев фармерки меѓу нозе, а сега немам скинато последните два пара. Мислам да имам во момент четири пара здрави фармерки ми беше нешто недостижно. :P

    Толку сум среќна и мотивирана шо се надевам дека ќе мотивирам уште некој уз пат. (fingers)
     
    На Ladu in pink, Doozy, dayla и 7 други им се допаѓа ова.
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.599
    Допаѓања:
    181.538
    добар деенн
    ај да видиме денеск кој шо како
    уствари како гурате бе борци??
    денес вака појадок цеденлимон+портокал+цитрон и една банана и бадеми една рака
    ручек пилешко со салата
    исто и вечера пола од ручек
    вака арно оде се издржува не сум гладна и имам енергија
     
    На SexiLy и MrKJ им се допаѓа ова.
  20. MrKJ

    MrKJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Машки
    @theowndemon Дааа, тоа со кинењето фармерки долу на средината... истото ми се дешаваше.. Инаку пред некое време се спремавме за искачање, и се брзав, и си облеков една мајца којашто си ја сакам по дифолт, веќе излеговме, и гледам дека ми е предолга... а физички немав баш приметено тогаш некоја разлика, не бев сигурен дали ми се има смалено телото... од мајцата си го дознав тоа. : ) И обожавам кога треба нови дупки на каишите да си правам. : )

    Kaj mene денес после долго време јадење, сланина 300 грама по тренинг. Барем до понеделник само на вода.