1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    IMG_20181112_233716.jpg
    Осигурање дека нема ништо да заборам сабајле и дека сите калории ќе се изброени.

    Јас денојве со колоквиумска сум под постојан стрес, плус почесто од обично си дозволвам кафе, и желудникот ми е парче. Така да денојве ќе гледам храната да ми е поќе зелена, варена, незачинета. Башка оние гнасуриите за пиење од погоре.

    Туку најдов нешто интересно, шо дефинитивно ќе го пробам некој ден да видам како ќе "легни".
    7cb0b68e3626a0e7a4ad12c903484bdf.jpg
     
    На Noemi, Amellie13, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Apina

    Apina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    276
    Пол:
    Женски
    Тука сум само не сум активна. Иде некако ама тешко иде.. немам вага незнам ни дали 100гр имам симнато ама терам напред..па некој си 8ми или 9ти ден треба да ми е. Јас некако си ја трансформирав оваа Ун диетата..Денес скроб требаше да јадам ама испадна протеини за ручек. Вечерата само зелена мешана (од се зелено шо имаше по фрижидер) салата. Добро ми е кога јадам урда, јогурт или кашкавал за ручек..па и со варено јајце добро се осеќам..така да може нешто поразлично од Ун ќе е ама сепак некој режим ќе е.. сега на спиење...добра ноќ :yawn::hai:
     
    На SexiLy и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Лелее, прејака е сликава :rofl: Јас треба да направам као... 300 џампинг џекс! :D
     
    На SexiLy и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2018-11-15-10-44-28-553_com.miui.notes.png
    Вака ми иди мене. Со се моја реакција кон вежбите. :D
     
    На GoodGirl45, Doozy и Amellie13 им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.639
    Пол:
    Женски
    Ааа мора да се проба ова. :inlove: Редно е да воведам некои вежби покрај вртењето орбитрек. Само нека помини колоквиумската. :D

    Бтв, имењачки сме. :lol:
     
    На GoodGirl45, Doozy и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.400
    завршена втора недела
    резултат+400 гр од првата
    како е можно ја стварно незнам
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Абе фрли вагата и мери обем. Шо се замараш со грамчиња. Гради си здрави навики и јади убава храна. Супер си тераш, те читам стално. Не се оптоварувај со бројки, алиштата се најдобар показател.

    Јас у циклус и по 4кг качувам, после ги снемува магично. :D
     
    На Bozica1980, GoodGirl45, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.400
    Ај вагата не ама и обемот е тој и алиштата кнап
    јас сум некој специфичен изрод
    ама репена сум си терам сеа трета недела кога и да е мора да попуште и да паѓаат килограмите надоле

    Од денес трета недела
    појадок цеден лимон портокал цитрон после 1банана
    ручек-ееее денес каков ручек убав има хмммм
    пилешко месо цепкано со сусам магданос моцарела печурка сета смеса со праве топчинја се спојуват ос белка и одат на печенје у релна со салата и вечера исто
     
    Последна измена од модератор: 15 ноември 2018
    На GoodGirl45 и Doozy им се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.639
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да кажам нешто. Откако сум на режимов, денес точно 2 месеци, имам симнато скоро 12 килограми. Но килограмите не ми значат толку колку сантиметрите во обем. Секаде имам изгубено по 5-10 сантиметри, а во стомакот најмногу досега - 13 см. :) Фармерките што ги купив пред 1 месец веќе ми се големи и морам нови да купувам пак, но горда сум на себеси. :D
    На режим од нутриционист сум, јадам 1 кг овошје и пијам 2 литри вода до ручек (16ч.) а ручекот најчесто ми е вегански (еднаш или два пати неделно имам риба и месо). Навечер не вечерам пошто ни глад не осеќам. Само пуканки си грицкам ако ми се јаде.

    Е сега со колоквиумскава не сум мрдната од место од саботата а сум стопила уште 2кг. :?:
    Од в сабота ќе почнам пак со редовно вежбање, не само орбитрек, туку и вежбите од погоре. :D
     
    На Noemi, GoodGirl45 и Doozy им се допаѓа ова.
  10. MrKJ

    MrKJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Машки
    @ALISA0000 Земи јади помалку, терај ја истата диета но намали нешто, пример ако имаш цела банана стави пола банана, со се што имаш јадење така направи ќе видиш резултат. Качуваш килограми затоа што си во калоричен сифицит, внесуваш повеќе отколку што трошиш. Или јади исто како што јадеш сега но живеј поактивно и вежбај(така ќе ти се зголеми калоричната потрошувачка, ако имаш нешто на телефон што ти мери одење, трчање, терај дневно по 5-10 километри, со свое темпо и брзина ќе ти покаже колку калории имаш потрошено), трчај кардио или вежбај со тегови, едноставни се и двете работи. : )
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Таман си тераш, мислам нешто и со тироидата имаш мака, нели? Си задржува вода организмот. а ако пиеш терапија ќе оди малце побавно. Биди упорна, без изгладнување и пешачи.

    Јас одам на прилично јако вежбање ама инструкторот секогаш ни вика, на вежбање доаѓате за тонирање и затегнување. За слабеење, само брзо одење/пешачење, барем 3-4 пати неделно по 1 час. И да ви кажам, му држи вода муабетов.

    Се трудам по 10к чекори да ги изодам секој ден, а ако не успеам, барем три-четири пати неделно (без разлика дали имам тренинг тој ден или не). Ем глава не ме боли од цел ден пред компјутер, ем убаво ми е. (само грло ме боли од ѓубрево воздух надвор)

    3-4 пати неделно пешачење по 10-12к чекори плус 2-3 пати салам тренинг плус добра храна и калориски дефицит... Епа јас мислам доволно е. Од мене толку.

    Не можам повеќе активност да воведам и да сакам, пошто стварно немам време за повеќе. И вака некогаш скусувам кафиња и излегувања за да вежбам/пешачам. Неделно ми се збираат 6-7-8 часа физичка активност.

    Абе да не се немало раат. :D

    Патем, гледав една многу добра емисија, Ask the Doctor се вика. (ја има на Нетфликс, кој го интересира)

    Објаснува зошто е толку тешко да ослабеш ако веќе еднаш си бил дебел. Телото мисли дека дебелото е твое нормално и СЕКОГАШ ќе се обидува да се врати на тоа + се зголемува лачењето на хормон на глад после секој период на слабеење. Имаше една студија направено што пресметала дека ако си бил дебел и ослабеш, ќе треба доживотно да јадеш помалку или да трошиш повеќе, нема друго чаре.

    Имаше една жена од Австралија што ослабела добри 50-60 кила и СЕКОЈ ден е по четири часа физички активна (вежба, трча, пешачи) плус јаде правилно само за да си ја задржи тежината. Замислете!

    Исто така, човекот многу убаво кажуваше за гојазноста кај децата. Добри 87% или 90% дебели деца стануваат дебели возрасни подоцна. Како здравите навики за исхрана се калемат у детството. Како децата не треба со сила да се тераат да дојадуваат, итн.

    Леле, се запишав. :D Уствари, сите треба да јадеме малку помалку, а да се движиме малку повеќе и тоа е тоа.
     
    На Bozica1980, GoodGirl45, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  12. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Извинете што упаѓам, но имам едно прашање. Зошто првиот совет што го давате е "намали калориски внес, многу јадеш"? Зошто не велите "повежбај малку повеќе, опушти се, потребно му е на телото време да се прилагоди на новиот начин на исхрана"? Нејадењето никогаш не е решение. Напротив, проблем е.
     
    На GoodGirl45, Amellie13, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  13. MrKJ

    MrKJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Машки
    @Doozy супер се што пиша се согласувам, само во врска со тоа од ask the doctor, малце ми се чудни тие студии... имам некое чувство дека за некоја година ќе ги побијат тие истражувања. Можда има врска на краток рок и одреден период од кога ќе ослабеш, но не верувам дека доживотно.. само мое мислење во врска со тоа. Погледни го Obese to beast јаде 5000 калории на ден, има ослабено некаде 80тина кила..

    @SwanMay Ги напишав и двете работи, редоследот не е многу битен, некој луѓе сакаат да се помрзливи и да не вежбаат и ослабат, тоа се прави на начин само кога јадеш помалку, за луѓе кои сакаат да вежбаат, и уживаат во вежбањето можат да трошат повеќе енергија и да си јадат малку повеќе од оние што не вежбаат... сеедно. Јас постам и нејадам, ама веќе не пишувам за тоа затоа што ќе ме запалите. :D

    За делот опушти се и дека на телото му е потребно време да се прилагоди на нов начин на исхрана, океј ајде, но и кога/додека се прилагодува телото на нов начин на исхрана таа исхрана ако е калорички повеќе отколку што трошиш ќе качуваш килажа, ако е помалку од тоа што трошиѓ ќе намалиш(едино би качил ако пиеш дупло повеќе вода отколку што имаш пиено претходно и малце water weigth..., затоа секогаш пијте секој ден иста количина на вода) 2-3 недели ако сте на диета и се додржувате правилно до таа диета, треба да видите резултати како намалувате, или барем останувате на истата килажа, а да качувате, тоа е малку промашена диета. :)

    May the force be with you all, and may you lose and keep off weight healthily - MrKJ Joda.
     
    На Doozy и SwanMay им се допаѓа ова.
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.400
    Јас секако не се откажувам
    ако оваа недела не сум симнала ке симнам другата нели?
    оти ако престанам со режимот може вагата само нагоре да оде
     
    На Doozy, SwanMay и MrKJ им се допаѓа ова.
  15. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе дека за да се слабее потребно е да има калориски дефицит. Но тоа само по себе имплицира дека потребно е да се троши повеќе отколку што се внесува. Ако само се намалува на калориски внес, т.е. се крати од храната ќе се доведе до ситуација во телото да се внесува многу малку калории. Тогаш се' што ќе внесе, телото автоматски ќе го таложи како енергија за во иднина (во вид на масни наслаги), затоа што знае дека повторно нема ја да добие потребната количина на храна за правилно да функционира.
     
    На martin01, GoodGirl45, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Знам на шо мислиш, цело време нешто се мења и одново се докажува. :D Ама со оглед на тоа колку имам прочешлано такви работи, ми изгледаа ок. Австралијанци се, патем. Не е нешто сензационално америчко, затоа и ме бендиса концептот.

    Патем, тој сигурно има многу мускулна маса затоа што нели, мускулот троши повеќе. Овде зборуваме за просечните луѓе, што не билдаат којзнае каква мускулна маса. Е тие ќе мора да внимаваат, не може пак по старо.

    А можда би требало сите повеќе тежински да вежбаме оти повеќе мускули трошат повеќе + изгледаат послабо. Јас не смеам баш да се оптоварувам сега со тежини ама да бешe нормална ситуација, скроз би одела таму со билдерите. :D
     
    На GoodGirl45, SwanMay и MrKJ им се допаѓа ова.
  17. MrKJ

    MrKJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Машки
    @SwanMay Тоа е мит, кај дебелите луѓе лептинот не функционира, веќе им е пореметен метаболизмот, тие се во stavartion mode бидејќи јадат постојано и во поголеми колични, кога си во дефицит не се активира starvation mode, освен ако не си веќе слаб.

     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно како може да се активира starvation mode ако постојано јадат? Ваљда е обратно, или јас сум ги помешала лончињата..? Колку што знам, метаболизмот забавува од немање доволно физичка активност, гладување или од болест.
    Од лично искуство можам само да кажам дека кога се изгладнував бев пополна, несреќна и незадоволна со самата себе. Откако почнав да јадам квалитетно и во поголем обем (но сепак внимавајќи на видот на храна што ја консумирам), се' си дојде на своето место и се препородив во секој поглед.
    За жал, кај нас се' уште владее ставот дека храната е непријателот. Не, храната е сојузник и мора така да се сфати. Зборувам за здравата храна. Како што колата нема да вози без гориво, така ни нашето тело не може да функционира без храна. Прочитав погоре дека ти си поборник за нешто друго, но тоа е твој личен избор.
     
    На SexiLy, Doozy, GoodGirl45 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    Немој да одиш за брзи резултати, смирено само. Некогаш ќе качиш, некогаш ќе симниш. Кај да е ќе видиш и први промени во телото и ќе се осеќаш топ. (highfive)


    Туку дур сум тука да се распишам.
    Јас запратив два канали на инстаграм, и после нив почнав ептен да си ги „средвам“ оброците. Појадок ми е редовно банана, овес + уште нешто (какао, чоколадо, путер од кикири, малини, јаготки и сл) искомбинирано со семиња.
    Првата ужинка ми е тоа што ќе го најдам тој ден на интернет. :rofl: Ако сум on the go си сечкам јаболко, некој зеленчук и во најлонче и в чанта и кај и да сум ко ќе ми се пријади само прикам раката в чанта. Ако сум дома сум малку „покреативна“, ако можи да се речи дека креативност е крадење рецепти од интернет како малини со парчиња чоколадо полнети, микс јатки, краставици, моркови макани во хумус и слично.
    Ручекот ми е со основа марула, да кренам на волумен, после то додадавам друг зеленчук, периодов е краставица, летово користев поќе домат, некогаш морков, некогаш микс на помали зеленчуци, како било. После то додавам стек, варени јајца, печурки и слично. После пола филџан бел варен ориз или компир. Денес беше од оние денови кај шо си дозволвам кори со сирење, плус салата. И за крај додавам јатки, авокадо. Некогаш се наградвам со коцка чоколадо.
    Втората ужинка често ја изоставувам, кога не ја изоставувам е кога ми се пие кафе, и тука обично го вметнувам. Почесто некофеинско, без шеќер, со „лажно“ млеко. Се сем кафе. :rofl:
    И останва уште вечерата. Секоро секогаш на ист принцип како ручекот, некогаш внесвам во вечера то шо се прај дома.
     
    На Noemi, Doozy, GoodGirl45 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.639
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе, и кај мене беше слично кога се изгладнував. Не треба само количината на храна да се зема предвид, туку колку е здрава и калориите. Најголем дел од здравата храна содржи помалку калории, така да кога ќе ги споредиш истите калории на здрава и нездрава храна, здравата иди количински повеќе.
    c6e5609cebdb1b1fb4ddede36b0d1dff.jpg
    Don't eat less, eat right. :)
    И нормално тука и физичката активност е клучна. Не е битна колку исхраната ама сепак е битна.
     
    На theowndemon, Doozy, GoodGirl45 и 1 друга личност им се допаѓа ова.