1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. MrKJ

    MrKJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Машки
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.409
    И денес сум тука да не мислите се откажав
    Појадок-цедено лимон,портокал,цитрон + 1 банана
    Ручек-3полнети пиперки со киноа и урда
    Вечера-некој бадем
     
  3. Smiley11

    Smiley11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    167
    Кај Цеце одиш?
     
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.640
    Пол:
    Женски
    Да да, кај неа. :)
     
  5. Smiley11

    Smiley11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    167
    Претпоставив по тоа што си пишала и по она што сум ја слушала и гледала на тв :). Задоволна си?
     
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.640
    Пол:
    Женски
    Многу сум задоволна да, не чувствувам глад воопшто а сепак се слабее. :D
     
    На Smiley11 и SwanMay им се допаѓа ова.
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.409
    Тука сум уште терам да не ме мислите
    Денес овошен ден
    Земав апчиња од јаболков оцет и со нив да терам
    Терам трета недела мерење у четвток
     
    На Smiley11 и MrKJ им се допаѓа ова.
  8. MrKJ

    MrKJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Машки
    28 кила изгубени засекогаш, остануваат уште 12. :)
     
    На smooch, Smiley11, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.409
    Добар ден
    Како се гура борци?
    Оти бе не пишите тука вие што сте на различни диети туку по другите еми па дојдете тука пофалете се дајте малце кураж хахахха
    Денес појадок цеден лимон портокал цитрон и 1банана
    ручек и вечера ке биде печурки киноа и кисело млеко
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Еве ме мене, сабајле 40 гр. 'ржан леб со омлет од две јајца + чаша ајран. Ручек зелка, домат, краставица, кромид, сирен намаз Куч 2 лажици, некоја печурка тук-там, 2 лажици златна мешавина.

    Ужина чоколаден протеински пудинг од Ehrman мислам беше фирмата (20 гр. протеини, 10 јх). Едно кафе направив ама не го допив - сега после ручек ќе му дадам втора шанса. :)

    Зелкава ја терам да се понаша како марула и баш ми е фино. Од марулата веќе добивав грчеви во желудник. Супер основа е за салати, можете и со мевце да ја измешате. Па посебно танко исечкана, без оцети и чуда, петка.

    А вечер на слава. Ама планирам риба да јадам и онака, не сум фан на гравови и сарми. Може и малце винце. :D

    Кренав јх на 40% пошто ми се јаде од ладново. Чувствувам потреба за повеќе овошје и зеленчук и си го слушам телото. :) Сега сум 40% јх, 30% протеини, 30% масти и подобро ми е. А и немав сила за на тренинг.

    Ми се јаде хумус деновиве, па може после или утре да смучкам еден домашен. Конзерва слануток (наут), малку таан, лукче, малку маслиново и лимон.

    ПМС помина, имаше лапачка ама не беше толку трагично. А и пешачев многу и вежбав, се избалансирав некако.

    Уште 5 кила. Најтешките. После уште 3-4 веќе би биле бонус. :D
     
    На theowndemon, ALISA0000 и SwanMay им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.409
    Е тие последните најтешко одат ама мора да заминат
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Дали е мотивација или не - не знам, ама стигнав до степен да седам со дечко ми и да меркам една банана и му прам: „ова е 230 грама“. И ете ме јадеше да знам сигурно колку грама е, и клавање на вага 227. Треба да си смирам мај крејзи. :rofl:

    Утрово еве пребервам, и најдов, рецепти за смуди со цвекло. Немам цвекло јадено долго време, вчера купил татко ми и мислам е само фер да пробам да го изблендирам зошто многу работи кои не ми биле убај, магично ми се убај блендирани. Така да ќе мешам цвекло, јаболко, ѓумбир. Пишеше дека можи и сок од морков, ама немам газа за да исцедам па ако се снабдам до утре би пробала и таа варијанта. Исто така има додаток млеко, а јас уште си немам растително млекце купено. Работата е, некако млекото ми е благо, а ни јаболкото шо го клавам не е благо и некако шубе ми е како да прам. :$

    Денес утрото ми почна со утрински вежби. Постојано ги одложвав, де ми студеше, па месец, можи и повеќе ги имав запоставено заедно со тегнењето. И денес бев решена да си ги вратам сите изгубени добри навики и почнав со утринското вежбање. Скромно, не се турнав најмногу шо можам како претходно, туку си викам неделава, можеби и следната по слабо, после постепено ќе кревам колку повторувања, зошто неќам да претерам. Денес во теретана ми е тежинското вежбање, така да - среќна сум. Утре кардио. Така да, тажна сум.

    И доста е до сега.

    Се гледаме друг пат ко ќе ми текни да пишам. :rofl:
     
    На Doozy, ALISA0000, martin01 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.409
    трета недела завршена
    вагата +200 гр од минатата недела
    -1 кг вкупно
    и сеа?
    каде вака?
     
    На MrKJ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MrKJ

    MrKJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Машки
    Без нервозри пријателче, тоа само значи дека внесуваш повеќе отколу што трошиш. За да ти покажува 800 грама помалку, наместо 200 повеќе, јади исто, но стави си на телефонот тракер за чекори(шти ти мери калори според тежина висина и сите тие параметри, јас користам samsung Health), и гледај од тоа обично што одиш и вежбаш да согориш додатни 4000 калоории. : )

    Или намали со јадењето. :) Многу е едноставна математиката еднаш кога ќе ја сватиш. : )

    Кај мене, 29 килограми загубени засекогаш, уште 11 остануваат(до првата крајна цел) кога ќе ја стигнам целта од 40 загубени килограми, ќе погледнам и размислам дали ми треба уште некое за симнување. :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.409
    Не е начин да не јадиш и да слабееш
    И мислам дека е внесувам повеке од колку шо трошам бидејки сами гледате колку и што јадам
    нема леб благо газирано појадокот е овошје ручекот и вечерата исти
    у принцип протеини се јаде а многу пати и не вечерував
    Кај мене е проблемот тироидната жлезда сеуште е рано изгледа сеуште не ми се смирени хормоните
     
    На Dust и Doozy им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Јас почнав со meal prep за појадок и ручек. За вечера уште не сум спремна ради распоредот кој го имам во денот.

    Овие три дена, појадокот ми е: третина банана, четвртина јаболко, мал морков, четвртина цвекло, неколку зрна аронија, лајца орев, дестина малини, две лајци овес, и по лајче чиа и лен. Пробав со додаток вода, без засладувач, изненадно вкусно и ниско калорично, а еве од сабајле ме држи.

    Ручекот за три дена ми е: основа од марула, околу 60-70грама, различно во ден. И плус има додаток на уште еден зеленчук. Денес краставичка, утре домат, задутре морков. Малку стек и ориз од карфиол. Кога сменав од обичен ориз во ориз од карфиол преѓе во апликацијата се запрепастив колку пониско е во калории. Мислам свесна бев дека ќе е пониско, само не до толку.

    Омилен дел од јадењети ми се ужинките. Предлог ужинки:
    • Јаболко со лајца путер од кикири и малку јатки.
    • Пола краставица и средна големина морков сечени надолко и макани во хумус.
    • Дестина малини полнети со темно чоколадо.
    • Јаболко, морков и лајче цимет блендирани со вода.
    • Оризова галета, лајца путер од кикири и најчесто малини, преферирам малини за од горе, ама можи шо било.
    • Некофеинско кафе, со лајца мешано јатки.
    • Салата.
    И за вечера не можам да зборам многу далеку. Денес во план ми е: пржено јајце, сакам да напрам мала пауза од варени, прокељ, малку брокула, неколку малини и пола портокал.

    Let the Hunger Games begin.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MrKJ

    MrKJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Машки
    @ALISA0000 Денес појадок цеден лимон портокал цитрон и 1банана
    ручек и вечера ке биде печурки киноа и кисело млеко


    портокалот има 50 калории, лимонот 20, бананата 100 калории, печурките околу 100-200 калории(зависи од порциите). Киноата и киселото млеко по колку грама конзумираш? ако јадеш киноа 2 пати по 100 грама тоа ти се околу 450-500 калории, и киселото млеко 2 пати зависи колкави канчиња јадеш кисело млеко може да варира во 2 јадења од 200-800 калории

    Е сега тоа кога го собереш, првиот појадокт ти е нисткокалоричен, околу 150-200 калории. Но следните 2 појадоци зависи колкави порции јадеш можат да бидат прилично калорични и дневниот внес на калории да стигне до 2000 калории. 2000 калории внес дневно ако имаш интензивна физичка активност ќе намалуваш калории, но ако физички не си многу активна ќе качуваш калории со оваа диета. Ете ги калориите ти ги избројав за тебе отприлика, затоа што незнам по колкави порции јадеш, но калориите ти се движат минимум 1500, максимум 2000+ дневен внес, што и не е така малку. : )

    Се надевам дека ти е малку појасна сега математиката околу калориите. :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.409
    и лани по истиов принцип терав и симнав 3,6 кг за еден месец а сега ништо
    а се е исто и храна и активност и се
    не е до храната до тироидната е сеуште е рано не ми се паднати хормоните сеуште
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    @MrKJ глеам по ист принцип се храниме. Броиш макрос или само калории? Шанса нема веќе да држам строги диети, завршив со тој бизнис откако ги открив макрос. :D

    Само... да, хормоните многу менуваат во слабеење/дебелеење. Не е баш се' и секогаш црно и бело и таму ама се согласувам дека некогаш у обид да јадеме здраво, забораваме на количината.

    @ALISA0000 само смирено. Што се мериш па и ти толку често? :) Јадеш квалитетна храна, си се грижиш за себе. Нека ти биде здравјето приоритет. Убаво ти вика момаков, можеш малку повеќе да пешачиш и тоа е тоа.

    А зошто не пробаш со хроно за тироидата? Гледам еден куп таму во групата се задоволни, а здравите масти многу помагаат за хормоните кај жената. (маслиново масло, авокадо, риба, итн.)

    Јас арна сум неделава, не е лошо со храната. Скоро секој ден вежбав или пешачев плус, така да, добро е. :)
     
    На Amellie13 и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.409
    пробано ми е и хроното не бива и со него иста прича
    пак си терам ист принцип како и до сега оти друго чаре и не гледам
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.