Луге помагајте ништо не ме најадува гладна сум постојано а треба да ослабам.... Пијам вода јадам јаболка но не ме наситуваат помошшш
Јади овошје за појадок и ако уште ти се јаде конзумирај го додека дојде време за ручек. Овошјето помага за слабеење, наспроти некои верувања. За ручек секогаш имај многу свежа салата покрај другото јадење (најубаво домашно готвено), ако можеш воопшто не јади леб (особено бел) и пиј многу вода 2л. на ден.
Јадам све од тоа но ништо не ме најадува ... Дури и јаболка количински јадам .... Кога јадам зеленчук како ништо да не сум јадела ... До налето ке бидам кечер
За здраво слабеење без јо-јо ефекти треба избалансирана храна (односно домашно приготвена храна со многу салати и овошје наутро) без леб, благо, сокови и алкохол. Пиење многу вода 1,5-3л на ден и физичка активност барем 3 пати во неделата. Битното е да не гледаувате само да ги распоредите оброците за да не почувствувате глад. Кој го практикувал ова не може да немало видливи резултати. Иначе кога јас по 4 години се одлучив да го водам ова темпо на живот и сум истрајна во тоа веќе 2 месеци и имам уште поголема желба за тоа, можете и вие девојки!
30 кила изгубени засекогаш, остануваат уште 10 или 11(крајна цел за почеток 70 или 69 кила). Од 110 на 80.7. Едвај чекам да покаже 79. : )
Vareni jajca i casa jogurd na sabajle za dorucek. Porcia brokuli i pileski stek za rucek. Izmejgu obrok lesnik, badem ili kikiri i dozerka whey. Vecera riba so salata. Em najadena, em mal vnes na hidrati
Телото ми стагнира. Немам раст на мусккулна маса,телесна тежина неиде надоле а внесувам протеини. Јадам: леб протеински,печурки,килири,лешници,ореви,чија семе,ленено семе,млеко,јогурд,пилешко за ручек. Ослабев 16кг за 2 месеци и толку,нема напредок.
Јас од ова никогаш ништо не јадам , особено јајца и риба ..желудецот ми се превртува од самата помисла
31 кило изгубени засекогаш, остануваат уште 9 или 10(крајна цел за почеток 70 или 69 кила). Од 110 на 79.7. Почетен обем на мевот, половината беше 110 сантими, тоа мислам дека спаѓа во морбидна дебелина. Сега моменално денес 93 сантими што е многу се поблиску до идеалната некаде под 88 сантими. Значително помалку масти во рацете и нозете, рацете веќе се прилично блиску до како што треба да бидат, се отцртуваат мускулите по малку, и прстите, дланките, под лактот тој дел е речиси одличен. Исто кај нозете. Градите исто така, таму најпрво го изгубив салото, веќе немам manboobs. Останува најмногу кај мевот. : ) На почетокот мислев дека немам шанси да стигнам до оваа тежина што сум сега, бидејќи прилично далеку бев, но сега веќе намам ич гајле, останува уште малку. : ) Алишта од пред 5 години ми се фаќаат дури и полека и тие стануваат широки. Си купив Најк тренерки величина S, С, малце се тесни, но се фаќаат, уште некое кило надолу, ќе бидат точни.
Се' е тоа убаво и за пофалба ти е вољата што ја имаш, но правиш многу рестрикции. Живо ме интересира како ќе ти се однесува организмот кога ќе почнеш нормално да се храниш.
Здраво девојки. 22 ноември заокружив еден месец откако сум на протеинска исхрана и заокружив 9 кг изгубено, но до крајната цел имам уште 15 - 20 кг. Во цел месец имав 3 cheat days, а се останато се темелеше на високо протеинска исхрана, со зеленчук како брокула, карфиол, зелка, цвекло, марула. Направив неколку дена пауза во кои да бидам искрена чувството кога пробав макарони со кечап, или кока кола зеро, па и нешто ситно благичко беа нирвана, односно оргазам за желудникот. Од утре почнувам со втор месец, со малку поинаков режим, а тоа значи: Понеделник до среда - чист протеински внес, туна, јајца, брокула со до 5 литри вода дневно. Четврток до сабота - протеински внес со повеќе масти, стек, пилешки гради и со 2 литри вода дневно. Недела - внес на ЈХ со 5 литри вода дневно. Се читкаме.
По 3456989650 пак јас и диета 1/91 кг77-цел 6ка напред Д: 2 портокали и после некое време турско Р: ке биде супа салата и батак В: исто од ручекот Spoiler Прво морам да кажам дека цел ама баш цел живот сум топка.Имам пробано повќе диети од хроно до аткинс и ун...ма сите ги имам пробано. Искрено и хроно има кај мене резултати ама заради здравствен проблем морам да избегнувам голема количина на месо, па следна најуспешна диета ми е УН. Со неа и вежбање еднаш имам видено 6ка на вагата хахахаха иначе има добри 6 години како стојам на 7ца. Е сега мојава 7 ца цело време беше 74-75 ама овој период дупка сум станата ама баш дупка се што ќе најдам јадам и фала богу до 77 стигнав. Успатно пред две години ми е откриена намалена функција на тироидната. Пред да почнам да пијам терапија јас можев буквална да имам 3 кг разлика од ден до ден. Откако пијам терапија тоа се среди и си стојам на иста килажа (кога јадам нормално а не како сега). Уште нешто....јас сум паничар по природа и кога нешто се случува јас 10000 пати ќе го мислам тоа, па затоа решив да почнам диета да си ги оттргнам мислите од моите други проблеми. П.с ќе пробам да пишувам тука почесто - подобро оди со друштво
@Ecka1999 WOWW, јакоооо. Честито Ецка, одличен резултат. Туку, во последниве два дена си направив cheat days по долг период додржување стално до диетата, навечер јадев чипс и чоколадо. Сега сабајлево само што го дојадов чипсот и чоколадото од вчера, и сега на теретана да истрошам сите калории. And back on track. : ) P.S. Некој совет, кога се преладни температуриве за тие што тренирате од сабајле, како почнувате сабајле, додека се прилично океј температуриве, ќе станам во 8 и нешто, до 9 сум во теретаната. Сега кога е мраз ладно, ќе се разбудам, 20 минути само лежење во кревет, по тие 20 минути, пуштање греалка додека се стопли собава, па ти стане топло, знаеш надвор ладно е не ти се искача, и додека дојде време да исзлезам за теретана веќе станало 10ипол...
Ослабнав 6 кила за месец. Направив мали промени во исхраната. Ја отфрлив вечерата, леб не јадам или ептен ретко двопек, благо си каснувам понекогаш. Не очекував дека ќе ослабнам волку за месец дена само со отфрлање на вечерата. Планирам да си продложам вака, убаво ми е. Сакам да охрабрам некои од вас што ви е тешко да држите диети, отфрлете вечера и ограничете си ги порциите за појадок и ручек. Не се прејадувајте. И секако чипсови, грицки , газирани сокови и остало баталете или јадете ретко (пр.1 неделно).
Реков почесто ќе пишувам и заборавив хаххахаха Денес е 6-ти ден како терам ун. И сакам до водици да видам 6ка хахаха јас и таа магична 6ка. Не правам глупости и ќе се мерам кога ќе ја завршам првата страна од тефтерот полесно ми е кога ќе запишам и после кога немам идеја од таму ќе видам може се глупости ама така добро ми оди.
13 изгубени килограми за нецели 3 месеци, и над 10см во обем скоро секаде (најмногу во стомакот, 15+ см). Прв пат во животот да успеам вака. Радоста беше уште поголема кога си купив помал број фармерки од обично, и почнав да добивам коментари од страна дека навистина изгледам ослабено (имам голем вишок па не се приметуваше многу до 10 кг изгубени). Сфатив исто така дека секој месец ќе морам да си купувам нови фармерки и дека една од омилените кошули ми станува како туника.