33 кила изгубени засекогаш, остануваат уште 8(крајна цел за почеток 69 кила). Од 110 на 77. Цел 69 кила најрано до крајот на оваа година, малце пореално до некаде во Јануари, најдоцна крај на февруари. : )
Твојата моментална цел е како мојата животна 69,9 да видам ќе се препородам мојот старт пред 8 дена беше 76,8 сега може да се бодриме хаахахаха
Редно време е и јас да почнам со некоја диета. Последниве две недели накачив околу 3кг, а имам вишок околу 7-8. Се надевам дека ке успеам. За доручек си зедов житарки, но за ручек немам баш некоја идеа . Лебот го исфрлив од исхраната, а благото и газираното постепено. Ке ви пишувам какви резултати ке има.
Житарките за доручек замениги со овез,гриз или рижолино. Житарките кој се со вкусови содржат многу шејкери а за ручек најдобра опција ти е пилешки стек со ориз.
имам 57 сакам 54, и верувајте тие 3кг. година дена не можам да ги симнам хаха. здраво се хранам и вежбам и не знам дали е тоа причината што не можам да ослабнам. пробав секако,скратив скроз јаглехидрати, не вечерав, сменив нешто во оброците ама џабе... не мрдам ни кило.
Можеби ќе звучи апсурдно, но немој да прескокнуваш оброци. Имај си балансирана исхрана - доволно протеини, здрави масти и шеќери. Јади зеленчук и овошје и пиј многу вода. Напоредно, продолжи си да вежбаш. Зависи што практикуваш сега, но би ти препорачала тежински тренинзи. Девојките се лажат мислејќи дека ќе добијат машка физиономија. Сосема спротивно. Процесот на симнување на последните килограми е најмачен и бавен, но не се предавај. Само со упорност ќе ги постигнеш саканите резултати. Ти посакувам успех!
Сеуште сум на 77. Оваа недела само одржувам тежина, вежбам многу и си јадам, празнично јадење. Апдејтирам јас постојано тука кога симнувам. : )
Јас не сум при вага, така да не знам до кај сум, ама сум задоволна во доволна мера кога се гледам во огледало. Сега сум фокусирана полека- полека да јадам поздраво, сеуште не здраво, ми е страв да не има контра ефект нагла промена. Си вежбам секое сабајле 45-60 минути.
Ми се смачи веќе од здрава храна. Цела година ја јадам, стигнав до здрави 60 килограми, ама налет. Овие два дена ќе набутам сешто е нездраво и нема да вежбам пошто сум болна. Во план сум уште десет кила да симнам следниве три месеци со помош на тежински тренинзи, вклучително со овој. Ќе апдејтирам во март што сум направила..
Точно две недели поминаа и 4 кг.помалку. Познавајќи се себеси следните 4 за еден месец ќе отидат овие првите секогаш одат најбрзо.
Тука сум сеуште и поодстрана ѕиркам Стојам на иста тежина Слабеење тек у март кога се очекува тсх да падне узмеѓу 1 и 2 некаде До тогаш успех е да бидам исто како и сеа Тоа ми го кажа др на последната контрола
И јас сум тука, се трудам максимално да се придржувам до диетата само не сум во можност да одам во теретана. Може 1 месец не ќе можам, ама Јануари планирам дома да си вежбам. Иако ни јас не гледам резултати после цели 4 месеци диета и напорно вежбање, задоволна сум што барем не оди на горе вагата. Останав на 76. Планирам да одам и јас да се испитам да не имам некој проблем пошто невозможно е толку време во калориски дефицит и плус по час ипол кардио во денот да нема никаков резултат. Сменав диети, од УН се префрлив на хроно, немаше резултат па се префрлив само на здрава исхрана и броев калории ама во тој период многу се поправив и стигнав до 78. Се вратив на УН, ги симнав тие 2, па поради заминување во странство продолжив само со здрава исхрана ама ептен ептен се придржував. Седнуваме во слаткара, сите јадат торти само јас лимонада си пиев, одиме на пица јас си нарачувам овошна салата, греота. Навистина беше тежок предизвик, иако не изгледа така. И така успеав да се вратам со истите 76 и сега се враќам пак на УН. Постов излезе на долго и на широко, ама да си се искажам. Преразочарана сум ама нема откажување.
Двете диети се промаршена инвестициа и се само губење време. Највероватно не внесуваш доволно протеини Прескокнување на оброци е најголемата грешка а со ун диета немаш ни 20грама протеини дневно и со таја диета го забавуваш метаболизмот!! Хроно диетата не е лоша но со таја диета телото цело време влегува и излегува од кетоза. Пробај со кето или ротациа хидрати. Диетата со ротирање на хидрати ќе ти треба малце повеќе време али е доста ефикасна! Овошјето замениго со зеленчук. Направи некој измени во исхраната,шокирајго организмот да осети промена.