Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Такви ствари во Кочани нема.
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    фала на утехава, затоа вагава не мрдаше кај мене, зашто сум требала да добијам :P
    Ај ќе се тешам, и ќе се мерам ехе, 3-4 дена од кога ќе ми заврши, да не се фрлам низ прозор ако видам нешо шо не треба
    а и да се фрлам на приземје сум, не се плашете
    Ај чао отидов зумба да вежбам, да ги разбудам комшиите малце :wasntme:
     
    На JuLleE и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ништо лудо повели и др пат :D
    Ама стварно е така. Во вита вагата им е дигитална, и првиот месец во пмс кога отидов на контрола шлог ме удри, само 100 грама имав симнато, и ќе почнев да рикам на место, ама таа ми кажа да не берам гајле ич, во пмс и циклус вагата не мрдла, ама после тоа ммм мераци кога ќе видиш за една недела три килца :D
    Така да не се секирајте, на толку малку јадење, и вежбање нема теоретска шанса да не слабеете.
    Знам по себе и одењето во вита а и грешките што ги правев секојдневно па пак за два месеци 14 кила симнав.
    Само уживајте и без нервози.
     
    На Valerin, JuLleE, ludoto19 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.950
    Допаѓања:
    26.290
    И јас ви се придружувам од утре... Ова ПМС-во ме уби во поим, само јадам, јадам, јадам, и нема крај... Таман ослабев 5кила, (ми фалеа уште само 5 до целта :D ) пак вратив 2, и сеа имам плус да симнам |(
    Од утре на точак и на протести.. Секој ден по 6км добро ќе ми дојдат :)

    ЕДИТ- Ме утеши Теди со муабетов за ПМС сега :D Фала :hug: :hug:
     
    На gaga.rocks, teddybear и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Oх, 20 мин зумбав :D :D :D не можам повеќе :rofl:
    душава ми излезе, ко за 1 ден добро е, саат време ролери, 20мин зумба :lol:
    се држе!
    утре рано пред сонцето, ќе станам ќе потрчкам некој круг, и вечер од 20 до 21 ролерки, па после 30 мин зумба, мислам дека вака за 20 дена ќе симнам едно 4-5 кила :?: !
    сигурно!
    :)
     
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Знам колку е тешко да се слабее и ја имате мојата апсолутна подршка. Бев таму и еве скоро три години од кога успеав да ослабнам, знам што значи одрекување за да си ја задржам тежината. Само вољја женски и се се може. Е сега, ова другово е 100 % офтопик, ама е најдобронамерно и неможам, а да не кажам. Се однесува на Гага и на нејзините 185 мислења, од кои 180 се на тема диети и слабеење.(буквално) Девојче најди си друго хоби, ова ќе те убие! Имаш килограми во минус, со здравје не се игра.
     
  7. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    мАченце имам си јас хоби, точак, вежбање, у град пола ден :D, зезање со другари... ова е само дел од хоби.
     
  8. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Дојдов до една идеја за појадок, сабајле тоа јадев и ме држеше 3 саати.
    Јадам банани, ама кога ќе дојдам при крајот ми се стужуваат ми доаѓа да ги повратам понекогаш, и сабајле земав си ставив чоколаден прелив над неа и ми беше за мераци, мислам дека подобар појадок не сум имала. Башка се прејадов како да сум изела цел леб.
    За ручек изедов 2 тањира домашна супа made by me 8) , околу 6 изедов 6-7 лажици грав, и сега вечерва заебав работа со пола пица во Ало Ало :sweat:
    Сега ми е мука, ама што да правам, ми се уврте во глава и толку.
    Утре ќе ги извозам тие 20 км во име на пицата :)
     
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Секој ден возам по 18-20 максимум километри.
    30 минути по две серии и луѓе нема да верувате ама целулитов од нозеве почна да се топи! И салово на стомакот, а тоа не го очекував во рок од една недела.
    Ама редовно и упорно секој ден! :!:
    Утре јадам пица, што значи околу 40 километри ќе поминам на дистанца на орбитрејков!
    Мора да се стопи се бе!!! МОРА па мајка Јана нека е, реков јас! :devil:
     
    На teddybear, Hopeful, gaga.rocks и 2 други им се допаѓа ова.
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Aааааа не можам да си најдам фустанче ;( ,тамам се радував дека ослабнав малку,дека ке ме закопчува кај градите ама не не и не :devil: Cи најдов едно фустанче,мнооогу убаво,на попуст,го пробувам одлично ми стои,и се закопчувам и се закопчува и стигнувам до задната лента на прслукот и не оди повеке ;( ,и ке го скинев или ке ми пукнеше :| уф си ги мразам градите,ми доага да ги фрлам,само заради нив не можам никогаш да најдам фустан,а поголемиот број сите го грабаат :@ A се откажав од храна се,дури и нескафе што толку сакав го откажав-строго турско :^)
    Aј немаше каде да се искажам,ама за инат сега не јадам,и ке вежбам како лудачка,само да стигнам до 75 :D :^)
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Цурки како сте???? 8) што има, што нема, што ќе има? :D

    Јас денес посена лозова сарма, само со ориз, за ручек, а за вечера само црешки :)
    реков ќе станам пред сонцето, ама тоа ме претрка :rofl:
    Така да сега зумба ќе мавнам (ама секако прво утринското кафе да си го испијам уз некоја игра на нет :wasntme: ) и тоа! :)
    Менструацијава ми пречи, ама не е посилна од мене бе ]:)
    вечер ролерки, секако накај 21 часот ќе се ставам на ролерка вечер, барем темно е, не сакам да бидам улична атракција со моите ниско буџетни акробатски вештини на ролерка
     
    На JuLleE, gaga.rocks и LivingGlam им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.399
    Допаѓања:
    250.274
    Eве ме и мене ;) .
    Денес се воведуваат рестрикции во исхраната. Каков појадок, каков леб и мармалад. Нема веќе!
    Од денес овошје за појадок, за ручек зготвено, а за вечера салата. Е така!
    Синоќа претерав. Малку ми беа сите оние тестенини што ги изедов, сладоледов, па и пола пица изедов. Што ми требаше, од грижа на совест едвај заспав :D . Се тешам дека вчера ми беше слободен ден.
    Денес ќе се прочистам со овошје, зеленчук и вода. Од утре ќе го додадам ручекот.
    Истотака се решив да земам и да трчам. Трчањето му е мајката. Може и малку зумба, ама ако можам де ;) .
     
    На gaga.rocks му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Oх, вежбав зумба дури 30мин :D леле. се запотив ладен туш мавнав, јадев 2 мали сармички лозови, и една полнета пиперка (средно голема) само со ориз, без месо :lol:
    и сега ќе јадам за 4 саати црешки и во 9 поштено на ролерка до 10 и после само чаша јогурт :)
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Појадок - една праска и малку јаготки.
    Ужина - овесна каша. (Поубаво, здравје. Овесните трици од Виталиа се превкусни. 4 големи лажици = 40 калории и 100 мл млеко од 0,8 масленост и мала лажичка медче = помалку од 100 калории. Мераци бре).

    За ручек си имаме полнети тиквички. И салата.

    Супата со наградна игра (пронајди го месото) веќе е сварена, во случај да ме удри криза за храна подоцна.

    Размислувам и сфаќам дека режимите на исхрана кои ги пропишуваат од Вита диет и компанија се малтене слични со УН диетата, со некоја додавка, како лимонот и ленот и пуканките без сол.
     
    На JuLleE и ludoto19 им се допаѓа ова.
  15. vaskatodi

    vaskatodi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    грев или аир......жива сум ама цела недела не сум пишала оти и немав што да пишам еден куп глупости направив....секој ден пици пстрмајлии,,,сладолед, кока кола ,палачинки :x .........и ај доста веке оти ич си немам карактер...вчера и денес почитувам правила ама незнам до кога ми се тресат жилите ,,ми се јаде и тоа благо...молам за подршка од вас .........
     
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Васка, по правило би требало повеќе себе да се сакаш отколку храната!
    Знам ќе седнеш ќе јадеш, и од кога ќе се најадеш ќе те мавне една депресија :(
    И јас сум таква, т.е бев, ама веќе не потклекнувам!
    Мајка ми и лазањи правеше, не бе, не јадев!
    освен што згрешив за пицата, а и нејзе ја :puke: цела, други грешки не правам!
    Потруди се поцврста да бидеш, запиши си една цел во главата и не се откажувај!
    Не е тешко, само треба да бидеш упорна :)
    Најди си некоја убава диета и почни од утре, веќе не потклекувај на сладоледи пици итн, туку кога одиш на шопинг потклекни на некое фустанче, што ќе те собира од кога ќе ослабеш 7 кила ;)
    едит- мене утре ме чекаа мусака од тиквички и бучкуруши зеленчукови ]:)
    од сега сум срвна!
     
    На vaskatodi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Еве мене ноќеска ме мавна таква криза, зашто цел ден бев на вода и една супа.
    После полноќ, отворив фрижидер, гледам крем банани, чоколатца, сето убаво мезе останато од гостите... пилешке салатка... надвор чипсчиња и гирици... :(

    ... ги погледнав така убаво, се наглокав две чаши ладна вода и се трупнав да спијам.
    Се замислувам дека сум наркоман на rehab и си викам - само уште денес, утре ќе јадеш што сакаш.
    А утредента - нов ден, не ни помислуваш утрината на храна.
    Вечерта пак - само уште денес, и така си викам секој ден...
    Ден за ден, буквално секој ден ми е борба...
     
    На JuLleE и teddybear им се допаѓа ова.
  18. vaskatodi

    vaskatodi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    а бре се убаво ама наутро јас спремам доручек и кај мене сите се јадачи и јас неможам да и го наметнувам моето мислење за тоа што да јадат еве сабајље сварив супа ,пржев компир и тиквички,сиренце па виршлички и така ние сме голема фамилија а јас си седнав со парче двопек и еден портокал ....а очите во тугите чинии ми гледаат :lol: и ај да не должам многу ќе се трудам и со ваша подршка се надевам дека ке имам резултати....инаку незнам дали ви кажав мајка сум на две деца и имам 70 кг :x срамота како дојдов до таа цифра и јас незнам како си дозволив а сега се нервирам..ама ајде тоа е...
     
  19. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    И мене скоро секој ден ми е борба ... ама убаво е чувството кога денот ќе заврши и си победил ти а не храната :D

    Јас денес јадев 3 помали праски, ред чоколадо за готвење, ужинка* сок од портокал со многу мраз, а за ручек печени пилешки прсти и шопска со мерени 90 грама сирење(мајка ми се свитка од смеа кога ме виде дека мерам сирење :lol: ) и до вечер пак ќе каснам прсти кога и да ме фати криза.

    А вечер сум на 2 родендени, утре сум на роденден и задутре. Боже дај ми сила да пијам нешто нискокалорично и да не јадам торта. :tmi: Ако ги издржам овие денови тогаш веќе никогаш нема да потпаднам. А се надевам ќе издржам. :muscle: Секако ќе бидете известени за секој детал. :)
     
    На JuLleE, Trendafilka и vaskatodi им се допаѓа ова.
  20. Dulce

    Dulce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    35
    денес ми е трети ден од диетата на ж.митрев ... трчам секој ден ... денес сабајле истрчав 9км ... 8) планирам после да одам повторно да трчам ... за два дена сум - 1кг..
    се надевам на добри резултати :)