^ Јас кога немам мотивација ѕирнувам во темата "Мојот фитнес ден + мотивации". Не знам кај ги наоѓаат сите тие цитати ама стварно даваат мотивација. Еднаш си ги имав зачувано сликите од над 50 страни и кога бев на работ не прекршување ги отварав, одма ми го враќаа умот назад.
Диетата е со ротирање на јагленохидратите. Секој ден внесуваш различен внес на хидрати на пример: прв ден high carb day внесуваш полна порција хидрати,доручек,ручек,пред и после тренинg. вториот ден mdium carb day внесуваш среден внес на хидрати. Доручек,пред и после тренинг и остатокот од денот нејадеш воопшто хидрати. тртиот ден low carb day низок внес на хидрати и внесуваш хидрати само пред и после тренинг и во остатокот од денот не внесуваш хидрати. Четврти ден одиш пак висок,петти ден среден внес и шести ден низок. Ден пауза и пак продолжуваш со исто темпо. Некој на местото од low carb day практикуват zero carb day така што во текот на целиот ден не се јадат хидрати али тое веќе за понапредна екипа. Оваја диета се држи се додека не се постигнат посакуваните резултати и можи да трај и до неколку месеци. Внесот на протеини треба да ти се движи некаде по 1.5грама протеин на 1кг телесна тежина. За време на диетава се внимава на внесот на протеините за да недојди до губење на мускулна маса. Внесувај повеќе масти кога имаш низок внес на хидрати.
Јас порано користев стевиа во прав, но со мед ми е повкусно. Веројатно медот е поздрава опција, но стевијата ја бираат затоа што има 0 калории.
Стевиа. Јас ја користам онаа на Виталија цело време, во кафе и чај, и не сум имала проблем со симнување на килограми. И од нутриционистот ми е одобрена. Update за мене. Според последното мерење сум -15 килограми, но повеќе имам изгубено во сантиметри во обем. Сега ми е страв да се качам на вага, а утре треба. Направив некои отстапки, имам поткаснато кифлички, руска и малку благо. Барем да стагнирам овој период ако ништо друго. Нека поминат Бадник и Божик после лесно е... Згора на се треба да учам, се ближи колоквиумска и испитна, не знам колку време ќе најдам за вежбање. Барем 15 минути дневно планирам, повеќе тешко...
Девојки ми треба малку помош. Се дебелам непрекинато, 10 кг за 2 месеци, а пред тоа ослабив 5 па дупло се вратија. Можам да ослабам секаде (ако доволно се измотивирам) но во нозете никако, како некоја баба сум а имам 16 години. Хелпп за нозете некакоо? (Плус мотивација иди летоо)
Практикувај здрава исхрана без благо, бели печива, грицки, газирано и сокови во тетрапак. Многу свежо овошје и со ручекот секогаш свежи салати од зеленчук. Навечер избегнувај да јадиш, а ако не можеш тогаш свежа салата јади и најубаво после 20 часот ништо не јади. Ако бараш некоја диета како "најлесна" и најздрава ти ја препорачувам УН диета. За вежбање имаш на јутјуб колку сакаш видеа барај вежби за ослабување на нозе. Исто и на форумов имаш тема Мојот фитнес ден + мотивации, може да ти помогне.
Ви се приклучувам и јас, вратив повеќе од што требаше килограми од кога ослабев пред 2 години, па ми стана алармантно дека пак некогаш ќе се вратам на тие 80кг шо ги имав... А 22-23кг ослабев тогаш и ептен бев задоволна како изгледам со под 60кг, но тоа остана во историјата . Немам премногу за слабеење но 5-8кг се добредојдени ко за старт. Се приметувам дека сум поправена и не се свиѓам ич вака. Од денес ќе намалам т.е ќе исфрлам целосно колку што можам благо и се екстра калорично, а од вторник ќе почнам ептен диетално. Иде матура, морам да побрзам.
@Dream-Girl за колку време ослабна толку? И јас сум така, деновиве што помалку калорично јадам, ама од среда (пошто вторник сум на гости) ептен строго. Барем 15 да симнам до матурата, над 20 ги имам вишок.
Па за пола година некаде ама таков метаболизам имам, брзо можам да симнам, брзо можам да качам и тоа ме нервира ептен...
Ох и јас сум иста. Ако се запнам, ќе симнувам цело време, слично како сега. Ама малку да попуштам, одма се враќаат килата. Затоа гледам што помалку отстапки да правам.
Па затоа и имаме вишок. Да ни бил стабилен метаболизмот, ќе бевме од тие јади колку сакаш, ништо не се фаќа за тебе. Генетика е, дома сите се вакви кај мене.