Претерав со празниците дојдов до 92.4.Вчера се ставив на нешто слично на ун само повеќе овошје отсабајле смути си правам со банана малини аронија чиа семе,јатки и уште некое овошје до 13 часот.Во 14часот ми е ручекот немешам јаглехидрати со протеини и многу салата 2 парчиња тонус леб.За вечера костени тиква пуканки или мелени семиња со кисело млеко плус порција салата.Начинот на исхрана е од нутриционист минатиот пат за една недела исгубив 3.3 кг.Сега за еден ден 2 кила сабајле вагата покажа 90.4кг. Наредно мерење на 2.02.Денес за ручек компир манџа со салата и тонус.Овој пат решителна до целта.
А јас пак до 93кг Многу се знам но ќе продолжам после 20ти со диета бидејќи имаме многу имендени и доколку почнам знам нема да издржам. Сега за сега сум решителна се надевам така и ќе остане
За една недела -3.3кг.Многу се слабее и убаво се чувствуваш со овошјето отсабајле и пијам вода негазирана околу 1.5 до 2 кила.Секое сабајле детокс.Режимот го дава Цвета Динева одев со години кај неа.
Јас бев на ун месец и нешто но правев многу грешки и бев -8 но еве сега за празниците бидејќи немам контрола 3кг вратив ти секоа недела слабееше по толку нели
Најголемата грешка е да не се јаде после 18часот или после 20 часот. Го забавуваш метаболизмот. Битно е храната да е чиста на пример пилешки стек со интегрален ориз.
Незнам дали и на некој од бжвас вусе случило, има веќе 1 недела што почнав со ун диета иако направив неколку прекршоци имам вртоглавица и некако ко изгубен германец сум а пиам многу телности сакам да ослабнам никогаш до сега не ја постигнав посакуваната килажа веќе од мала возраст сум таква Висока сум 160 а тешка 87 кг сакам до лето да бидам 70 кг имам брз метаболизам
Со ун диета никогаш нема да убрзаш метаболизмот туку баш спротивно, се успорува. Ако се оди почесто во вц незначи дека метаболизмот е брз. Смени диета за да си немаш понатамошни проблеми.
Дали некој е запознаен со raw food diet бидејќи неможев да најдам ваква тема сакав да прашам дали има ефект во слабеење и што, како ... ?
Ова ти е сурова храна, поточно, органска и непроцесирана. Веганска. Не смееш да ја загреваш, пржич или печеш. Барем 80% од храната. И ако ја печеш, не повеќе од 50C. Ако мислиш дека би можела да издржиш и ако имаш силна волја и цврст карактер за диета, нема да ти биде тешко. Можеш да си блендаш смути, цедеш сокови. Ќе си направиш еден вид на детокс. Свежо овошје и зеленчук, јаткасти плодови, риба свежа, јајца(живо јајце).. 80% од храната не смее да е преработена... варена, печена или пржена. Имаш и raw recipes и десерти по google. The raw food diet is made up of foods that have never been cooked. Processed and refined foods are discouraged. Не смееш кафе и чај.
Од 113, моментално 76 кила. Во последните 1- 1ипол месец само едно кило симнав, но обемот на стомакот се намали за 7-8 сантими.... : ) Многу вежбање, протеински храни, и кардио, во последниве два месеци. Уште 7-8 кила до стомачни. 68-69 кила, најдоцна до крајот на март, тогаш ќе го трчам првиот планински маратон Водно-матка. : )
Да, јас сум. Инаку веќе еден месец јадам, во последниве 30тина дена 2 пати нејадов, еднаш 3 дена и еднаш 4 дена без јадење, а кога јадам, јадам или само еднаш во денот, и сега кога почнав со доста поинтензивни тренинзи, вежбање со поголеми килажи, два пати во денот, пред тренинг, овошје, салата и високо протеински јадења, најчесто месо(разни врсти, не сум прибирлив за месо седодека внесам доволен број на протеини), и по тренинг исто така месо. : ) Првата слика од лево ми е некаде околу почетокот на 2018 можда Фебруари, и на првата слика веќе имав симнато околу 10-15 кила, бев доста поголем, подебел, и од првата слика, но дури кога симнав нешто малце килажа почетна направив фотки, онака кога сум во највисоките килажи што бев имам само фотки од лицето како селфиа и слично... и сум огромен и во лицето, но не ги прикачувам тие овде... Прва слика немав ни грам мускулна маса.. Вторава слика е од сега, вторник. 2019та година, 76 кила, 165 висина, околу 20тина проценти body fat(натпреварувачите за физички тела и бодибилдинг намалуваат body fat под 7 проценти за мажи), околу 6 кила до стомачни и 10тина кила до многу изразени стомачни. : ) Крајна цел околу 5-10 проценти body fat и - следам еден русин на Јутјуб - https://www.youtube.com/channel/UCAcQW_4qZ12wNt3T0M9b-Vw Вакво некое тело да изградам за 2-3 години. : ) Ти Алиса, како напредуваш?
Луѓе дали може некој да ми помогне со слично искуство,имам 58 килограми висока сум 163 знам дека не е некој огромен вишок ама сакам барем да симнам 4 килограми.Веќе 1 ипол месец се мачам со диети али никаков ефект не гледам.Хелп
Јас ја имав истата килажа и висина. Одев 3 месеци кај нутриционист и стигнав до 53 кг. На кратко, доручек само овошје, ручек зеленчук, манџи, просо, киноа, турлитава и сл, вечера секогаш салата. Месо немав, можеш риба само 2 -3 пати неделно. И пиење вода 2 л. на ден. Пробај, ем здраво ке се храниш ем ке слабееш
Двете слики не се од ист човек Тетоважата е на различни страни На првата е на лева рака а на втората десна рака Помалце да лажиш друг пат Биди поздравен