..... не првата слика правам селфи, на втората селфито го правам сликајги го огледалото... тетоважата ми е од другата страна затоа што сликам во огледало... во приватна порака ќе ти пратам Инста профилот, ќе видиш дека сум истиот човек... можеш бемките на мевот да ми ги изброиш, истите се.
Дали пиете кафе додека сте на диета ? Еве јас на пример не можам без кафе,каква и да е диета морам да си се напијам барем едно турско.Имам низок притисок и мислам дека ке се струполам некаде(ама па и со шекер сакам да е ,па ексик)
Кафето нема никаква врска со диети. И со шеќер да пиеш кафе 2 пати на ден нема да смени ништо но ако си на кето диета е тогаш кафето се пие без шеќер. Кафето нетопи масти ниту пак сменува нешто во диети и зеленото кафе и зелениот чај нетопат масти. Пијајси слободно кафе во секое време само немој да заменуваш оброк со кафе.
Seuste sym na porodilno 7 meswci mi e bebeto no mnogu sum zdebelena za razlika otkako ostanav trudna...sakam da simnakm se ostram seriozno...da ne ima alucajno grupa nekoja za postporodilna tezina?
КГ сеуште 76, но ете од вчера веќе 2 стомачни се пресрамија, си се појавија. : ) @lylaby Секоја тежина е иста, нормална вишок килажа = постпородилна вишок килажа, нема посебни правила за намалување килажа за постпородилна тежина, истите закони на физика и универзумот важат и за луѓе којшто имаат родено, не се магично менуваат правилата на калориите и универзумот кога ќе родите. : ) @ALISA0000 Не кажуваш како напредуваш.
Da no jas sum ja "steknala" kilazata so pricina poradi hormoni poradu bremenost poradi zgolemen apetit od hormoni...vo normalni okolnosti ne bi gi kacila...
Еве ти линк од еден фитнес блог за мајки. Има и фб и инста. http://mojafitnessmama.com/?fbclid=IwAR17ZJA33XZV877rk_f-2rBhvSKGWEx6KVGqrprWlxWbyRnOiosHXdzKAtg
Колку побрзо се помириме со судбината дека без вежбање и баланс во исхраната нема (здраво) слабеење, толку побрзо ќе видиме резултати. Сите сакаме резултати веднаш, ама таквите брзи резултати брзо и исчезнуваат затоа што тежината не е здраво изгубена ниту осмислена на долгорочен план. А мене ми скисна што се здебелив. Ми дојде преку глава што поради негативни луѓе се ставив под стрес и се здебелив. Згора на тоа, уште кога ги пробав омилените парчиња облека, само ми биваа долу до зглобовите, е тогаш беше "запаличу пола града" . По цел ден сакав само некое пончо да носам, ете така, ни долна облека, а градник пак ме гушеше да носам. Горев калории само оти дишам Толку ми беше мака што соопштив на мајка ми драматично дека дебела ќе останам засекогаш, бидејќи не ме бива. Се заинатив благодарение на нејзината поддршка и постовите од СванМеј тука Во друга тема пишав, а сум пишувала и тука. И јас сакав со воздух една недела да изгубам еден тон и ми се плачеше кога вагата на цела недела диетосување покажа 1 килограм плус, плус еј! Ако тогаш не се онесвестев Почнав со вежбање пред околу 6 месеци, во почетокот нормално, еден скала трчање, една плачење и кукање, ама откако си го испотив задникот, метафорично и буквално , резулатити тогаш видов Без натегање, без форсирање и притисок, за 6 месеци симнав 6 килограми, а внесов баланс во исхраната. Јас не се здебелив од грицки и газирано, туку од стрес кој пак го хранев и негував со домашно приготвена храна, затоа мораше од таму и да почнам, од изворот на проблемот, а потоа се што јадев само го сведов на нормално. Јадам и леб, јадам и тестенини, јадам и тулумби, јадам и месо. Пред 6 месеци ми се чинеше невозможно човек и да јаде и да слабее, but now I know Гледајте на тоа вака: Јес, можеби 1-2 килограми месечно ви изгледа губење време и слаби резултати, но со ваквото слабеење, утре можете и парче чоколадна торта да изедете, без да трчите на вагата со страв дека сте го вратиле изгубениот килограм. Воедно, долгорочно е, а тоа ми доаѓа како ласерска депилација. Утре и да ве викнат на некоја пригода, нема да се мислите дали сте издепилирани т.е ослабени, туку директно ќе си облечете што си сакате
Секоја чест, браво! А дали држеше некоја диета или јадеше нормално тоа што сакаш за доручек, ручек и вечера?
@aandonovska Воопшто не се држев до ниедна диета стриктно, јадев тоа што сите го јадеме дома. Пред доручекот топла вода со лимон, чисто да го расонам организмот. После, за доручек 1 парче домашен леб и нешто намачкано, овошје и нешто за пиење или вода или чај, па дури и кога ќе имаше мајка ми крофни направено, јадев, ама само една. Доволно ми беше Во текот на денот вода до 2 литри обавезно. После за ручек како за домашните, така и за мене. Леќа, ориз, спанаќ, риба, манџи, супи, салати, ама умерено и 1 парче леб. И за вечерите, понекогаш слично како доручекот, кога беше потопло времето, вечерата можеше и само салата да биде Aма и сега зимскиот период, било тестенини, лазањи, месо, односно нешто покалорично/потешко за јадење, јадам секако, ама откако се доведов во ред, не можам повеќе од едно парче/една нормална проција. Правило што си го воведов и на кое се навикнав и мислам дека е "a must": Бавното џвакање. Што и да јадемеме, мора бавно да јадеме, да го џвакаме секој, ама баш секој залак и така ниту можеш да се прејадеш и го подобруваш метаболизмот. А исто си беше да не пијам течности во текот на јадењето, туку пред и потоа, ме одвикна навиката многу да не ги солам јадењата, што претходно го правев доста Едит: И зачудувачки и за мене, се едуцирав за калориите, си ги броев, си запишувам колку сум вежбала и што сум јадела тој ден, водев математика, колку внесувам, колку трошам, така денес од прилика јадам 1000 калории што ми е доволно и се искрено, се чувствувам препородена
Многу ми е мило, секоја чест! Јас ги имам проверено скоро сите диети за кои сум слушнала и со ниедна немам ослабено, а имам физичка активност 3 пати во недрлата. Еден период дури ме фати депресија па накачив 10кг, сега само 5 имам симнато, па овие 6 ми се потешки затоа те прашав дали си држела некоја диета.. Фала ти многу!
@aandonovska Удира на психата знам. Been there, done that. Тоа воедно беше и најтешкиот дел, да го доведам во ред и психичкиот дел. Но, мора човек да биде упорен. Бидејќи, не постои таква опција некој да ослабне место нас, не постои опција станување Адријана Лима во 1 ден, едноставно нема ништо без труд и мака. Јас на почетокот вежбав 3 дена во неделата, па го зголемував темпото и еден период, имав извежбано 12 часа неделно (по 2 часа, 6 дена по ред) и ни самата не можев да си поверувам дека не ми беше воопшто тешко. Сега вежбам помалку, си ја одржувам килажата, бидејќи не сакам да бидам послаба од 60 килограми, што исто и одржувањето е задача, не е поената, готово ослабев, нема што да се трудам веќе Едноставно, како што имаше кажано една девојка во тие статиите/примерите за слабеење: "Не дозволувајте изговорите да бидат посилни од вас!" Не би да звучам како некој Јеховин сведок што се просветил, ама дечки ако сакате да бидете здрави и фит anytime, мора да се активирате.
Јас си продолжувам со мојот начин на исхрана и солидно слабеам до пролет да се средам бар до 75.На стартот имав 92.1 сега сум 88.Полека и сигурно.
I jas sum so istata cel...pocnav so 91.7 (skoro 92) i stignata sum do 87...i mojata cel e 75 taman ke se bodrime
Грешка. Секој организам е различен но тешко дека правилното држење на УН може да го забави метаболизмот. Јас имам неверојатно бавен метаболизам, но само по 8 дена на УН, работата на дигестивниот систем буквално секогаш ми се рестартира. Во нормален случај, за мене секојдневно празнење на цревата е мисловен поим, а со УН речиси после секој оброк одам во вц и генерално се чувствувам многу полесно и поубаво Токму регулирањето на метаболизмот е главната придобивка од овој режим на исхрана.
Не е до УН диетата туку до начинот на комбинација на храна и тоа што денот ти започнува со овошје, а месото се комбинира со зеленчук. На некој му текнало да си ја крсти УН диета. Ако ја издржиш до крај и се вратиш на старо килограмите ќе се вратат, пробај да ти стане начин на живот но не диетата туку здравите оброци.
Одамна сакам да пишам во темава ама ја нема атмосферата од пред години кога имаше активни диеталци (@Ariel , @Doozy , @Lilit , @zeka ) и не се пробутнуваа секакви производи, чаеви, сирупи и квази тренери. Се критикувавме и подржувавме на многу по фин начин. Сега ги скролам темите и сите бараат искуства со таблети и сирупи. Единствено нешто што му треба на здрав човек за да ослаби е калориски дефицит. Ако немате медицински проблем единствено што ве дели од посакуваните килограми е- да ја затворите устата за храна после достигнатите калории за денот. Intermittent fasting, eat-stop-eat, low carb high fat, high carb се методи за да испитате која храна ви помага да слабеете малку побрзо и оптимално. Не, никому не му се "лепи вода", му се лепи водата која ja пие додека гриза чипс или после "диеталните" бисквити од 140кал парче. Слабеењето е мачен процес, но одржувањето уште повеќе и очигледно нема крај (за мене). Борбата со последните 2/3кг ми трае година дена. Ослабев 20кг, ги достигнав посакуваните кг, па се вратив на +4. Се што треба е да си го најдеме оптималниот број на калории спрема активност и да се трудиме да јадеме ок храна. Готвењето, спремањето оброци за денови однапред, за работа, за викенд е напорно, но не би се откажала од панталоните 36 ако тоа е цената.