(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    @Noemi Треба да го пронајдеш изворот што ти предизвикува мака во одржувањето на тежината или барем изворот на враќање на +4 килограми. Но, не се обесхрабрувај, си дошла до посакуваната цел и тоа е успех, а одржувањето на тежината е нешто како учењето, човек не престанува да учи откако завршува школо и тоа е животен процес, исто со тежината. Трае засекогаш, не престанува откако ослабнуваш, а е грижа за самите нас и нашето тело да биде здраво :)
     
    На vectra20 и Doozy им се допаѓа ова.
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.666
    Допаѓања:
    10.042
    Социјалниот живот, тоа е она што ме турка упорно кон оние трајни +2.
    Викенди и одмори, излегувања, алкохол, изговори еден куп.
    За мене 50гр-70гр јаглехидрати на ден се оптимални, се над води кон плус кг за недела дена. Фастингот после овие калорични денови ме враќа во колосек и тоа е еден вид на трајно решение.
     
    На MrKJ, Animali и Doozy им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Јас дојдов десет кила у минус, -17цм у обем на стомак од април и се испоразболев. 3-4 кила ме делат од тежината пред сите здравствени турбуленции. Не се мерам, патем, случајно се измерив, за да не се опседнам со тоа.

    Моментално, одвај јадам било што, цела сум затната. Месец дена и кусур немам вежбано затоа што постојано се разболувам. :( Се надевам за брзо ќе ми се крене имунитетот, земам и апчиња и природни лекови, но треба време.

    За да ја постигнам целта, не дека нешто си кратев како што сум кратела драстично порано, иако 80% од времето сум на прилично здрава исхрана. Правилото ми е, ако планирам да го јадам пак некогаш во следните 5 години, останува. Бело брашно, грицки и газирани работи и онака не конзумирав. Шеќери лимитирам, но не исклучувам целосно.

    Бројам калории и макрос со Фитнес Пал. Тоа значи, ако јадам парче чоколадна торта, нема да јадам др јагленихидрати тој ден. Воглавно јадам јајца, зеленчук, месо, риба, јатки, тонус, и по некое парче овошје. Внимателно со овошјето, некогаш и со 2, 3 парчиња може да го надминете препорачаниот дневен внес на шеќер.

    Од пред да бидам болна, издвојувам пешачење по 6,000-10,000 чекори мин. 5 дена неделно плус 2-3 пати интензивен тренинг. Сега планирам полека да воведам и тежински тренинг, добив и зелено светло од лекар.

    За мене, сфатив дека ова е доживотна борба и океј е, прифатив дека е така. Лично за мене, балансот е подобра алтернатива од целосното исклучување на продукти. Нема веќе да се лажам дека никогаш нема да каснам чоколадо, ќе каснам кога сакам сега... и сфаќаш дека не ти се јаде баш секогаш чоколадо.

    Морам да признаам, повеќе натежнувам кон исхрана со здрави масти и протеини, (кето/хроно) ама понекогаш јадам и ориз и компир и грав, грашок итн.

    Не го гледам веќе јадењето марула како казна, го гледам како начин да се сакам и чувам себеси.

    Мој совет, без диети, без режими, туку со менување на навики и на тоа во главата. Само калориски дефицит, вежбање (тежински тренинг обавезно, не само кардио) и менување на мајндсет дека не сте казнети, туку само внимавате на себе.
     
    На dunika, christinnn, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.666
    Допаѓања:
    10.042
    Нашите нездрави навики и однос кон храната, барем кај повеќето се од мали нозе, исхрана базирана на јаглехидрати во комбинација со нездрави масти.
    Научив да размислувам однапред што ќе јадам и морам да имам спремно во секое време нешто за следен оброк/ужина(не зготвено ама барем јаткасти, зеленчук со хумус, солени/благи кето мафини).
    Храната не е казна и награда, искрено многу поубаво се чувствувам без шеќер, бело брашно, бели пецива,пасти, преработена спакувана храна, не сум подуена, циклусот ми е полесен и кожата ми е поубава.
    Она што сфатив е дека колку поретко се мерам колку побавно слабеам толку подолго ги зачувувам килограмите.
     
    На dunika, christinnn, Animali и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.407
    Допаѓања:
    143.119
    Ни за мене борбата не е завршена. Ослабев, ама дел пак вратив. Имам за слабеење 7-8 кг. Постојано одам напред-назад.

    Проблемот е кога сум под срес. Тогаш јадам многу благо. Инаку остатокот од исхраната ми е ок. Еве минатата недела децата ми се разболеа, и ставив 2 кг.

    Си ветив дека веќе никогаш нема да држам диета. Ми паѓа имунитетот и се разболувам редовно.
     
    На Noemi и Doozy им се допаѓа ова.
  6. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    @Noemi @Doozy @Ariel Многу се согласувам за се што напишавте, because I myself have been there, done that :)
    Порано, пред сериозно да почнам со вистинско, па не, нема да речам слабеење, туку вистинско менување на животниот стил, јас бев ваква. Прво Анимали ќе натрупа килограми, па после фастинг, а потајно, како и на се забрането, мислиш и на симпатијата и на чоколадни торти, помфрити, лазањи и крофни :D
    И така уште повеќе ќе си го стреснам мозокот. И после 2-3 дена ту од цимерки, ту од факс, ту животни проблеми, многу брзо ќе подлегнев на стрес и прво што правев е како што вика Ариел, одма на благо ќе удрев. А изговорот со кој си се тешев беше стресот. Како што вели Ноеми, храната ја гледав како награда или утеха што сум преживела уште еден лош бран, не сфаќајќи дека потиснувањето на нервозите со храна самате се туркав да потонам во океанот...Таму на дното бев сирена што не може фармерките да си ги закопча :D

    После се вратив дома, дотурив килажа вагата да вика 'Машала' и официјално ни поголемиот број на земениот градник почнуваше да не ми бива, а широкиот модел на фармерки ми стана скини џинс (heidy)
    И да не се повторувам многу звучејќи како пензионер што рекламира хелти лајф на Топ Шоп, авантурата на Fat Shady ја пишував на претходната страна. Барем од лично искуство да знаете дека можело и дома да се слабее, без теретани :D
    И лонг стори шорт, сакав да кажам дека не диетосувајте, туку менувајте го животниот стил и навиките во хранењето и без изговори. Барем јас сега се научив оти изговорите најмногу не гушат. Ако сум под стрес, право на вежбање. Тоа го научив од Кардашијански животен тренер, на вежбањето да гледам како анти-стрес терапија и во врска со излегувањата, не е забрането да јадеме, ама мора да ја заковаме за нас златната умереност. Плус, ако денес јадеме пица, утре дупло потење на вежбањето треба да удириме :muscle: :D
    А не е решение ни фастинг, ни откажување од благо, ни ништо. Луѓе сме, мора од се да си апнеме, ама по малку. Што би рекла Џиџи Хадид: Eat clean to stay fit, have a burger to stay sane :wasntme: :sun:
     
    На Ariel, Noemi, SwanMay и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. MrKJ

    MrKJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Машки
    Сеуште 76 KG, но стомакот си се смалува, паѓаат сантими иако сум иста килажа.... ќе се обидам до крајот на Февруари докај 70 да стигнам. Доколку вежбате напорно со тегови дефинитивно мерете си обем барем кај мевот и нозете... последните килограми некако најбавно паѓаат. : )

    Тренинг речиси секој ден full body workout во теретана, и кардио. Диета - едно до две јадења на ден(во денови на тренинг), постење на вода(rest days и само кардио денови)
     

    Прикачени фајлови:

    На Mrs.Styels, waterllady, Adriana.O и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.839
    Допаѓања:
    163.269
    Сте ме прозвале.
    Така јет. Тоа беа времиња кога стигнав со избацени стомачни.
    Тука се, но се вовлечени во длабочините на мојата душа, ете толку длабоко под слојчињата салце.
    Од 1 март почнувам со фитнес ( лагано, не можам да претерувам од причини, но е добро да е присутно исто така од причино) и симпл програма, протеин и зеленчук за ручек и вечера, овошје за појадок, во 8 часа распределени, а потоа ништо, исто многу подобро од она што го правам сега под изговори дека е неопходно - доктор вели - не е и можеш и мораш да го промениш начинот.
    Се надевам ќе се дружиме.
    Имам долг пат.
     
    На Ariel и SwanMay им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.839
    Допаѓања:
    163.269
    Тоа било влегување во кетоза, не било вистинско разболување. Ако ја надминеш кризата со лажната настинка веќе влехуваш цо зоната на вистонско слабеење. Така викаат експертите, шта ја знам кад ништа не знам.
     
    На Adriana.O, Ariel и SwanMay им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Сите сте се собрале. Се осеќам сега должна да се приклучам. И тоа у шест по сабајле ве читам.
    И јас се пријавувам во тие кои,а почнат диета се болни и плус имаат веќе и други проблеми. Откоа ми се деси она со косата, мислам дека се пореметив скроз и сум у грч, нон стоп. Витаминине па уште повеќе ми го средија телово. Не личам на себе веќе.
    Вежбање е скроз аут за мене. Пошто и пешачење е веќе проблем. Исклучок вежби во лежечка положба..некои. а и инспирација ич немам, што па се врти у круг веќе претерано многу време. Ако почнувата да почнам. :?:
     
    На Noemi и Ariel им се допаѓа ова.
  11. MJ5

    MJ5 Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    A kako mozis da znajsh deka vleguvash vo ketoza?
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.407
    Допаѓања:
    143.119
    Не сум слушнала @Lilit за ефектите од влегување во кетоза, фала што ми пиша, ќе прочитам повеќе. Страв ми е од пад на имунитетот, што не ми се рефлектира само на настинки, туку и други состојби. Затоа сакам да внимавам, ама не да се држсм до некој строг режим. Поздраво, без благо, нешто помали количини на храна, и тоа што никако не ми успева редовно да го правам - редовно вежбање.

    Е сега, ова убаво звучи, ама проблемот е што споро се слабее, а многу брзо се враќа. Мала криза како сега, и трудот од месец и нешто паѓа во вода. Тоа ми се случи сега - внимавав еден месец, ослабев 2.5 кг и кога почнав на нервна база да јадам, ги вратив за 2 недели. И сега пак од ново.

    За емоционалното јадење уште не сум нашла лек. Знам дека храната не треба да е утеха, ама во тешки моменти ич не ми е гајле за тоа што треба да ми е утеха. Затоа сум во постојана борба со килограмите.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    @Ariel За емоционалното прејадување, кога идеше кризна ситуација, јас прво филмови ќе гледав, да не мислам нели, а зар може филм да се гледа без грицки? :D И така, по сезони и вагата накачуваше. :tmi: :D И кризата ќе се дуплираше :emo:
    Откако почнав со менување на навиките, кога доаѓа ред ситуација за утеха, ја менувам со прошетка и разговор со омилената личност или ако сум не сум во можност ни едното ни другото, со слушање омилените песни и играње низ дома :dance:. Пробај и ти така, најди нешто што ти релаксира (besides food), во тешки моменти знам дека храната е прво нешто на што посегнува човек и тоа несвесно, несвесно во тие моменти и вол ќе изедеме, оти не ни мислиме што правиме :bandit: Ама тука е после вагата да не потсети...и фамерките :bug:

    За слабеењето да ти биде успешно, мораш да си и активна и да вежбаш, така со избалансирана храна нема да имаш враќање на килограмите. Во однос на вежбањето, полесно е со музика, плус најди си ги вежбите кои ќе ти бидат омилени, кои ќе ти одговараат најмногу :) Почни за почеток по малку, не се форсирај и за неколку недели ќе стекнеш навика и рутина и после нема ни да гледаш на вежбањето како на нешто што мораш, туку ќе уживаш, trust me :D
     
    Последна измена: 19 февруари 2019
    На Ariel и SwanMay им се допаѓа ова.
  14. vectra20

    vectra20 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    108
    Кетогена грозница,пад на енергија,поспаност,телото ти бара повеќе вода,нервоза...Се тоа се осеќа првите 10 дена.
     
    На Animali и SwanMay им се допаѓа ова.
  15. vectra20

    vectra20 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    108
  16. МалскаМачка

    МалскаМачка Нов член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Возможно ли ќе е да симнам 10-15кг за 3-4 месеци?
     
  17. Bubu111

    Bubu111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    119
    Женски дали некоја ги пробала производите на херба лајв и како сте задоволни?
     
  18. MrKJ

    MrKJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Машки
    Да, возможно е. Но не е лесно. :) Ако знаеш што правиш можеш да ги симнеш. Јади помалку од тоа што трошиш.


    Значи освен што се прескапи, не се ништо посебно производите. За слабеење особено нема да ослбеш ако конзумираш 3000 калории хербалајф.... ќе ослабеш ако внесуваш помалку од тоа што трошиш. Најди производ од хербалајф, погледни кои состојки ги има, пробарај ќе го најдеш истиот производ по цена на пола од тоа хербалајф што го продаваат со истите состојки, дали ќе е чај, дали ќе е замена за оброк... :)
     
    На Bubu111 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Adriana.O

    Adriana.O Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    309
    Пол:
    Женски
    Колку време смее да се користе (месец)?
     

    Прикачени фајлови:

  20. vectra20

    vectra20 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    108
    Нема правило и ограничено време колку да се користи :)
    Многу скапа е а и содржи мал процент на протеини и содржи лактоза.
     
    На Adriana.O му/ѝ се допаѓа ова.