Јас па опседната сум со мерење. Секое сабајле се мерам. Знам дека не е убаво да се опседнувам со тежината, ама па ако забегам корективен меганизам ми е.
Заеби ветувањето. Изедов неколку колачи, плус две лиснати. Карактер нула. Ама не вечерав. Ова се рачуна ко плус?
Ако вежбам еден ден дупло, после сигурно нема да вежбам цела недела. Кои изговори ги имам, професионал.
@SV1911 Епа тогаш ноу мор екскјузес мај диар Јас со таква полиса бев, ќе си дозволам да јадам што сакам, ако знам дека после ќе можам да извежбам, ако знам дека ќе ме мрзи страшно, ќе сум гнетела ли, е ноу веј Дефинитивно инспиративна е реченица да не дозволиме изговорите да бидат посилни од нас
Баш така. Затоа и решив тука да пишувам, мотивација ми дава темава, башка темите за вежбање се исто супер. Лани кога се пријавував овде, доооолго издржав да внимавам на исхраната и да вежбам, па сега се надевам на истото. Само слабо активна темава периодов нешто.. сите ослабнале, фит се сториле, затоа ќе да е.
@SV1911 Мотивација и еден вид онлајн дневник, си води човек евиденција, а од страна има и бодрење, па е полесно, но мора да знаеме и самите да стиснеме заби ако сакаме резултати, ништо не доаѓа на тацна
Јас вчера намерно не пишав... срам ми беше Денес прекршив со две колачиња. Едното ок беше, гладна бев, а немаше друго, ама второто ич не ми требаше.
Никој некажа колку грама протеини внесува на 1кг телесна тежина на дневно ниво 1Кг овошје е 1кг шеќер на дневно ниво. Таја фруктоза завршува во подкожна вода. Мора телото да се присили,да му се даде стрес за да почни да троши калории фактички телесните мастит да ги претвори во енергиа. Диетите се тешки,мачни,се изгладнува телото и тако дајле али ако се има упорност и малку да се проучи и да се стекни знаење,резултатите сами ке си дојдат. Професионална натпреварувачка во македонија која се спремаше за бикини во скопје, и требаја 5 месеци за да скини 6-7 кг. итоа со строг режим на исхрана. Секој ден риба,пилешко,ориз,компир и здрави масти. Овошјето го заменува со зеленчук а благите и слатките ги заменува со протеински бомбици правени од многу малку овез и веј пудинг кој содржи само протеин. Рачунајте колку е потребно време за да се намалат тие 6-7 кг а вие барате без физичка активност и со овошје да намалите килажа. На неделно ниво кога гледате дека нема никаков резултат, правите мала измена во исхраната и терате уште една недела и пратите напредок. Ако нема напредок значи нутриционистот треба да ви ја смени исхраната зошто таја исхрана не е за вас. Ако некоја ослабнала со 1кг фруктоза, не се базирајте нанеа пошто нејзината генетика е скроз различна од вашата Ако мислите дека сте пробале се,сте се излажале. Нутриционистите како ќе земат пари иначе
Вчера ден5: Д: ништо го преспав пиев кафе само Р: две варени јајца со марула како салата В: е вечерта место риба јадев стек (дм на вечера ме однесе не планирано) Денес ден 6: Д: турско кафе и три киви (ми се здосади од јаболка) Р: голема овошна салата (што ке најдам дома тоа) В: треба стек ама ке јадам туна и марулка Се мислам дали да се мерам у понеделник или да чекам уште недела дена. Да истерам еден циклус па после
Апсолутна вистина! Ете зошто летото се дружевме во двете теми, јас сум далеку од фит, се претворив во свинче само зошто постигнав целта и после имав долг стресен период и само гнетев благо. Со месеци не можам да се вратам и мислам дека ми треба "workout buddy" па Леси се врати дома, во темава, надежно и во другата. Ќе давам репорт на денот утре. Кај мене стандард, ќе бројам калории, плус ќе пробвам оброците да ми се поздрави, не само да сум во калориски дефицит. Сега си барам теретана, до Понеделник се надевам ќе најдам за да почнам со вежбање.
Сакам да симнам малце 2-3кг и да се затегнам. Веќе си вежбам дома, но сакам да ве прашам кога е најдобро да се вежба? Која доба од денот е најефективно?
Тоа зависи од тебе и од тоа како можеш да си го распоредиш времето со обврски. Мене искрено најмногу ми одговара да вежбам наутро после сум полна со енергија, ама обврски не дозволуваат, па вежбам обично кај 5-6 напладне па после вечерам и таман ми е.
И мене ми одговара најмногу наутро, но јас имам проблем што не доручкувам односно вежбам пред воопшто нешто да имам јадено. Во ред е вака или прво мора да имам нешто јадено?
Јас половина час пред вежбање пиев кафе и јадев овошје(најчесто јаболко) за да ти даде енергија. После вежбање имав убав доручек, за да можам да функционирам во текот на денот.
Вчера добро истерав,иако и излезена бев. Д: 2 јаболка и рака лешници Р:едно парче свинско ребро и малку леб В: шопска салата и полнета вешалица Денеска незнам зошто ама ептен благо ми се јадеше Д : 2 портокали Р: пире и 2 мали танки парчиња интегрален леб,ама после каснав 2 мали парчиња баклава Вечерва пак каснав баклава и друго не вечерав. Инаку не јадам многу благо ама очигледно не ножам да одолеам на домашна баклава.
Zdravo feminki bi sakala da znam dali nekoja od vas ima iskustvo so kangoo jumps cevlite bidejki velat deka mnogu se dobri za vezbanje i so pobrz rezultat sakam da gi kupuvam no nesakam da frlam pari ako ne se efektivni Vi blagoodaraamm
@Addicted❤️ Немам лично искуство, но имам пријателка која е многу задоволна од нив. Е сега, таа ги користеше за одржување, откако претходно ослабе. Мислам дека какво било кардио е ок. За трчање на пример не треба посебна опрема, а дава супер резултати. Сега и времето е убаво, уживање е да се биде надвор.
Јас викендов поточно вечера бурек јадев па вечерта и едно парче пица Не се мерам неделава, наредна. Денес ден8: Д: кафе и зелено јаболко Р: варен компир и салта В: стек и шопска Морам да кажам дека почнав и вода да пијам повеќе, тоа ми беше проблем. Една недела истерав и диетава навистина е лесна, ни еднаш не почуствував глад. Сега ке видиме и со ефект како, искрено како што имам добиено и цела сум подуена не можам ништо да кажам, затоа и одлучив наредна недела да се мерам
Како сте подршко?некако слабо не има... Јас после неделта кога јадрев од све и свашта арно терам деновиве,ама вагата дури вчера ми покажа и плус.Никогош олку тешко ме сум намалувала. Вчера цел ден овошје:1 банана,две јаболка,два порткали една мандарина и едно 100 ина грама јаткасти плодови.А и еден морков Денес е јболко 1 портокал.ручек едн туна со пола ѓеврек,помеќу маало парче балава.вечера 3 парченаза пеен ослиќ... Ама губам мотивација некако....