Еден саат после оброк не се пие вода, така кажуваат нутриционистите, за побрзо и полесно да се свари храната.
По социјалниве мрежи, сигурно сте виделе, кружи диета со чиа семе и лимонов сок. Сте ја пробале, има ефекти? Не знам точно по колку се ставаше, ако ја најде некоја членка, нека ја сподели.
Пред 4 години си бев слаба немав проблем со килажата и со целулитот но бев на неколку месеци Германија кај една брачеда. Секој ден брза храна, пици благо. И сум поправена многу имам и стрии и целулит. Секој ден викам ајде да почнам со диета но никако да почнам. Дали дека имам премногу обврски на работа и ме мрзи искрено од замор да ја спремам храната и да вежбам уфф. Дали некоја е во слична состојба и што да ме мотивира за да се вратам во старата килажа и линија?
Супер се чевлите, да не беа, јас немаше да можам да вежбам толку колку што вежбам. 2 години вежбам со нив, со по 2 спортски повреди на двете нозе. Само, зошто ги купуваш без да пробаш дали ти одговараат? Немаат ли во студиото каде што вежбаш? Инаку, чевли како чевли, највеќе помагаат ако имаш повреди на зглобови, а не дека магично ќе ослабеш ако ги носиш. На почетокот ќе ти бидат тешки и ќе губиш рамнотежа, после како балерина ќе бидеш. Ама пробај ги прво, не ги купувај на слепо. И да знаеш, тренинзите се прилично напорни, без јадење доволно протеин (месо) нема да можеш да ги издржиш. Инаку, ви се чудам, зошто си ставате такви чудни, да не речам, невозможни рестрикции? Еднаш дебел, цел живот дебел, освен ако не се променат навиките, е моето мото. И зошто не јадете зеленчук? Ве молам, атер за мене, јадете зеленчук. 5 порции зеленчук (не пет парчиња, пет порции, што се отприлика 2 овали салата) + 1 порција овошје на ден (едно парче овошје или една рака бобинки). Најмалку по 1560 калории, испод тоа влегува телото во starvation mode. Јас на 1 чекор до фармерки 40-ка и 4кг до крајна цел. Малку ми се реактивираа некои повреди и ми се зезна цел план со вежбање оти крцам како ненормална... ама од тоа како балансирам со храната не сум била позадоволна. Се' е во главата, а дел има и во добро планирање и однапред миење и сечкање зеленчуци и подготвување на месо. А да, и пешачам, по 6-10к чекори секој ден. Тегови у план откако ќе санираме некои работи.
имам 65кг сакам да ослабам уште пет ама некако ке ги слегнам, само ме занима како да се намали т.е на цело да исчезне бели фетот.. никако да се намали.. дали знаете некој напиток или сл..
@beauty.princess Многу добар напиток е вода. Нема никакви калории, здрава е, можеш купечка, можеш од чешма... кога ти се јаде пиј вода, најмагичен напиток, заборави на храната малку и ето ти резултати. Да си жива и здрава.
Женски ја држела некоја липо диетата? Многу сум поправена ми треба ред во исхрана од толку диети уште за оваа не сум прочитала мени низ темиве. Знам дека со салати најбрзо се слабее ама за нив ич немам навика. Не памтам кога последен пат сум јадела салата. Јас морам од тој дел да почнам. 6 кг имам за симнување.
Има ли некој во темата Денес 2 ден Доручек /тараненик 2 лажички Ручек / пиперки, 1 кришка леб и малку сиренце. Вечера / кисело млеко , тањир супа и печурки Ајдеееее идемоооооо
I mene mi treba neshto brzo ama i efikasno ,mi treba dieta postroga za da mozham da namalam malce pa posle so zdravo hranenje..da prodolzham..
Престани да јадеш целосно додека не си ги видиш стомачните, нема побрза диета од таа. Потоа јади здраво. Или јади еднаш неделно. Или Еднаш на четири дена.
Мислам дека 10 души овде ти кажаа, ќе ти кажам пак. Не, гладување не е воопшто здраво. Само све живо ќе ѝ се поремети во телото. Едит - стварно престани сите да ги советуваш да гладуваат.
Ден 3 Појадок јаболко Ручек , печурки, кисело млеко, стек и салата краставици Вечера телешко месо со млад кромид и салата краставици Ајде чикас... Одимеее 7 км искачување по планина... Алеее алееее