Добро утро да се чекирам рано сабајле, па што биде нека биде.. многу се радувам кога деновите , бројчето иде нагоре, вагата паѓа надоле Ден 4 Денес за појадок ананас Ручек , јајца со млад кромид , печурки и кисело млеко. Вечера истото без кисело млеко. Да ја средам малата за во градинка , игралиште за пешачење/ џогирање ме чека. Многу сум нежна периодот. Како си дојдов од болница, друга зека стигна. Ме болат мускули ајдеее , ами каде со 25 кг... Или пак.. досадно ми е оно, загревање на мускули со демово.. ај упм..
Ден 1 Си купив вага и стојам на 66.7 кила и денес официјално почнав со диета. Појадок: Зелен чај и јаболко мачкано со путер од кикири и гранола од горе. (206 калории) Ручек: Сардина, прокељ, два мали двопеци премачкани со маргарин и краставица. (247 калории) Ужинка: Мешани јатки. (95 калории) Вечера: Салата од марула и краставица, со грав. (450 калории)
Почнав нешто по мое посно Појадок 2 интегрални лепчиња со хумус некоја маслинка и краставичка Ужина 2 киви Ручек леќа со салата Ужина рака јатки Вечера малку шампињони на плотна со краставичка
Здраво и од мене! Ќе ми треба подобра мотовација и поддршка него ли до сега што имав, за да истерам до крај и да успеам овојпат, затоа ќе пишувам и овде! После пораѓај, т.е 6м после пораѓај тежев 86кг, на 167цм висина. Најмногу до сега! Почнав со УН, за 40тина дена симнав 6, па правев пауза 2 недели, вратив едно килце, па така разочарана ја почнав пак од вчера. Значи стартувам со 81кг. Целта ми е 70-73кг. Доста ми е од купување XXL облека, доста ми е од оцртан и превиткан стомак, од растресен задник и стрии насекаде по телото. Стсртувам со пешање засега, со бебе од 9кг во кенгур на мене, за почеток по 2км. Си давам рок 3 месеци, да конечно излезам победник во оваа борба.
До оргиналниот план се држев доволно добро, пополнав до 1200 калории како шо ми беше планот, со здрава палачинка и кафе со оризово млеко. Скитав низ град 3 сати плус на работа цело време во движење, па сега сум спремна да заспијам. Вода само литро и пол. Пред секој голем оброк пиев Нопал. Од утре теретана.
Ден 5 Денес за појадок баничка со кашкавал Ручек бело дропче варено со кисело млеко и печурки Вечера бело дропче со кисело млеко и печурки, салата
и јас сум тука иако не пишувам редовно ама не сум се откажала си стоам на -4 кг денес банана ручек киноа +урда вечера исто
Ден 6 Нокеска на работа каснав две витснови, од малите, по 5 ден. Си го заборавив овошјето дома. Сега , ужинка да наречам, банана. Штом станам од спиење, Бело дропче, порција компир и салата краставици . За вечера , салата од краставици, супа и стек со печурки. За вечер на работа ќе земам сушени сливи.
Ден 5 Доста добра бев сите дена до сега, сем 4, имав долга серија на stress - eating ама и не е толку лошо зошто после то следуваше долга серија на stress - workout. Новата теретана ми е God given и со душа чекам да одам пак. А, дур одам, онака во меѓувреме, се ме боли ама онака ме прај та болка среќна.
не е возможно да симнуваш килажа без да чувстуваш глад, особено поголема килажа. Гладот е нормално чувство како и секое чувство. И да јадеш во калоричен дефицит од 300-600 калории помалку од калориите за одржување, за симнување пола до едно кило неделно, пак ќе чувстуваш глад, дури и многу повеќе бидејќи ќе ти е потребно многу подолго време за да ја симнеш килажата...
Ден 9 Тука сум и јас, само помалку време за на интернет деновиве Денес за појадок парче месо Ручек, кромидарник со риба и домати салата За вечера само салата и супа Да пројде менс и се мерам планирам на секои 14 дена.