Каде пишала дека гладува, па да се појавуваш во тема специјално за да ја чепнеш? Барем јавно за низ темиве зборам. Да се помисли човек веќе пред да се довери било кому и каде на форуми... не знам што ви требаат вакви ниски удари. И секако дека има разлика од личност која ради ниска самодоверба одреден период си ја расипала исхраната и гладувала знаејќи дека тоа не е во ред, до самопрогласени гуруа што убедено пропагираат да се гладува без разлика на тоа кој сѐ ги чита и би земал пример од нив.
Денес 10 ден одиме напред со нови сили, предизвици како деновите одат нагоре, успешно, така имам поголема воља , решителност, знам дека ќе успеам Денес за појадок урми со ананас. За ручек телешко месо со компир и салата од краставица. За вечера ќе земам урми исто така. Неможам да понесувам јадење на работа. Каде сте диетални, искористете ја темата за подршка, едни со други. Ни најмалку не треба иронија, подбивање, карање.. сите знаеме да направиме грешки, но најважно е истите да ги исправиме. Во следниот период ќе имаме во изобилие овошје и зеленчук, најубавите комбинации се тука. Доматите и краставиците ќе намалат на цена, па повторно сме во предност, со помали финансии до успешна цел. Не сум карактер што може да почитува напишан режим, затоа што ми е во мисла, следниот ден го реализирам а во поздрава комбинација. Самите треба да сме доктори на нашето тело. Нема брзи и едноставни диет и симнување на килограмите преку ноќ. Истите не се таложеле во нашето тело преку ноќ. Јас пред 5 години со истото размислување, упорност и воља симнав 55 кг. Секој успех ми е запишан во оваа тема. Се здебелив во бременоста, и после 2 години повторно одлучна да ги елеменирам тие 15 кг . Ајде напред !
Денес се осеќам преродено. Си напрајв план за јадење пред легнување и со мали измени го исполнив денес. Нова желба ми беше да почнам да бројам и масти, шеќери и протеини. Станав утрото и извежбав 5-10 минути утрински вежби. Појадок: овесна каша со лајца павлака, малини и зелен чај. Ручек: риба, салата, компир и кифличка. Ужинка: црно нескафе без шеќер, со ептен малку млеко колку да не горчи и оризова галета со две лајчиња путер од кикири, јатки и коцка темно чоколадо. После ужинката бев во теретана, вежбав раце и после то протегнав нозе на кардио. Од после се осеќав како желе. Вечера: две цели јајца и од едно само белката, со зачини и балсамико од горе и зошто бев уморна дур чекав јајцата каснав кифличка. Денес на денот му давам 5 ѕвездички. Вчера се решив да почнам да водам дневник на исхрана и пошто неќам да шкртам се држам до планот. Конечно најдов како да се "дресирам".
MyNetDiary. Како јаболко му е иконката. :3 Edit. Баш оваа апликација ја користам од сите кои постојат зошто има јаболко и ми е интересно јаболкото да остани зелено. Ако е црвено значи дека сум преминала буџетот на калории. Преферирам зелени јаболка, па си играм со психава.
Браво Зека и јас нешто слично терам денес втор ден До 12 овошје леблебија и суво грозје една рака Ручек спанаќ со ориз и салата Вечера пола
Ден 11 Денес на мени Појадок омлет со три јајца, две лажици ајвар и еден домат За ручек марула салата со јајца. За на работа ќе видиме. Може на тоа ќе останам уште овие три дена.
3ден Појадок банана јаболко една рака бадеми Ручек веге плескавици помфрит со салата кришка црно лебче Вечера пола без леб
Си ја симнав и јас апликацијата од @theowndemon и уште повеќе ме мотивира. Денес Доручек - лепче со путер, маслинки и чаша јогурт Ручек - варен зеленчук и парче стек. Ужина - банана и две оризови плочки Вечера - гулаш Успешно поминат уште еден ден без благо, кое инаку ми е главен проблем кога сакам да ослабам
Ден 13 Појадок омлет , ајвар . Ручек, омлет, кисело млеко, парче месо Вечера бадеми. Немам друг избор на работа. Секој ден оди подобро, ајдеее девојки, има ли некој што активно, реално е на режим???
Јас од денес пак почнувам со броење калории - максимум 1200.(почнав пред месец дена,ама ме зафати бурен период и олабавив) Некако многу фино ми изгледа овој начин, не се залажувам да посегнам по нешто многу калорично,а сепак не се ограничувам на нешто што не ми одговара како на пример овошје за доручек.. Реално, наутро најмогу сум гладна и без нешто конкретно за јадење неможам да издржам... Така си го започнав денов со интегрално мало геврече и мало јогуртче со 1%м.м. Ќе туркам до после со јаболкка,3-4 бадеми... Ручек туна во вода, патлиџан и кратавица.. Вечера - не знам сеуште... По моја критичkа проценка имам вишок од 9кг. Според сопругот сум била супер ваква заоблена.. Но да успеам барем 5кг да намалам би била пресреќна Инаку мене ми помага апликација за водење дневник со калории на намирници... nutritionix track
4 ден Појадок банана портокал јаболко и една рака леблебија со суво грозје Ручек гравче тавче салата и леб една кришка Вечера пола без леб За три дена сум -1кило
Ден 14 Денес овошје за појадок Ручек, омлет, кисело млеко, парче месо Вечера на работа две банани. 10тина км испешачени. утре ми е во план овошје и зеленчук за цел ден, па ќе видиме дали ќе се промени планот
Здраво диеталки. Накратко за себе имам да кажам дека едно 8 год се вртам само во круг. Ослабни-здебели се. Првпат кога ослабнав со исфрлање на леб, благо и газирано тогаш едно 3 год си ја одржував килажата. Арно ама подоцна како што пишав погоре само се вртам во круг. Инат сум кога се решам и не мамам. Имам мн вишок дада. Лани ослабев скоро 20 кг со Хроно, бидејќи летото правев свадба и после тоа ајдеер како да не се видело никогаш храна. До скоро јадев и прејадував, бидејќи нели секој нареден ден "почнував" со диета и да се изеде СЕ! До скоро кога се качив на тоа вагата за малку да видам троцифрен број. Кога ме удри нешто во глава право во маркет со маж ми и пазарување здрава храна. Секоја диета ја имам пробано ама џабе кога по завршувањето е хаос. Неможам за доручек само овошје да јадам бидејќи потоа цел ден ке сум гладна и без енергија. Сега гледам поздраво да се хранам. Гледав по youtube видеа со здрава исхрана и почнав. Искрено оди поспоро ама јас не сум гладна и без енергија. Исфрлив благо, бел леб, газирано, грицки. За доручек само јадам леб по 1-2 кришки од 'ржано брашно, овесни снегулки. За ручек што ми се јаде правам и секако без леб, за вечера нешто полесно, меѓу оброци си јадам некое овошје. Почнав и да вртам орбитрек. Веќе 18 дена сум си на мој режим, првите денови изгубив 4кг тоа е водата. Сабајле се мерев имам уште 2кг намалено, полека но сигурно сите да дојдеме до целтта. Божем краток пост ке пишам се заборавив Со лесно
Ќе ти препорачам за доручек ако можеш да јадеш варени јајца, наместо овесни снегулки ☺️ ќе имаш подобри резултати .
Обиди се ако можеш да поднамалиш на јаглени хидрати. Внеси малку повеќе протеин и зеленчук за да го убрзаш слабеењето. Инаку, браво за мотивацијата и само напред!
Подобра варијанта се јајцата? Само јајца? По колку? Прашуваж зошто кас јадам овесни секој ден највеќе ради тоа што ме држат сита подолго време на работа. Ама веќе ми се здосадија па барам замена