19 ден Овошје јатки вода... минатите 3 дена јадев малку повеќе 7 недели постам малку вртоглавици имав уште 2 дена пост.
Не се измачувај ич мене тој леб не ми е убав често и камчиња песок наоѓам престанав да го купувам.Сега си јадам грахам стопати подобар.Јас неослабев од тонусот. После празничните гозби почнувам отпочеток. 1 ден П.смути Р.3 јајца малку сирење салата и леб 2 тенки кришки В.салата рендано цвекло и морков
лебот е топ. На почетокот ми беше гаден, ама после еден месец конзумација, се навикнав на него и сега нема шанси друг леб да пробам. Веќе пола година. Инаку по една кришка на јадење е сосема доволно заситува ептен. Јас го препорачувам.
Мене на вкус ич не ми е гаден, се навикнав, но има право членката дека во некои парчиња има како песок, многу крцкаат. Дали ослабе откако го замени белиот со тонус?
Тонусот е многу добра замена за обичниот леб, имаш различни вкусови , испробај ги сите додека се одлучиш кој ти е најдобар. Јас на пример редовно го земам Nigela Sativa во виолетово пакување. Мене ми е убав. Сигурно имаш прочитано дека е без брашно, значи дефинитивно е подобар од обичниот. А во врска со ослабнувањето ако не внимаваш на исхраната само со замена на лебот нема да имаш никакви резултати.
Ослабев да, од 58 на 51 дојдов што ми е идеално, ама си терав и здрава исхрана, за појадок обавезно тонус леб и варено јајце, многу салата за вечера а за ручек обавезно печен или обарен зеленчук со парче месо. Исто и вода околу 2л. Само тоа е спас за слабеење. Пржено и мрсно 3 месеци немав пробано и ете ги резултатите
Дитета е ротирање на хидратите. Имаш висок,среден,низок и ден без хидрати. во денот со висок внес на хидрати: за доручек полна порциа хидрати за ручек пак полна порциа хидрати и за вечера полна порциа хидрати. во денот за среден внес на хидрати: за доручек полна порциа хидрати измеѓу оброк полна порциа хидрати и за ручек пола порциа хидрати и до крајот на денот не се јадат хидрати. После ваков ден нашето тело е во благ калориски дефицит али во предходниот ден сме имале голем внес на хидрати,нашиот метаболизам е уште во таја инерциа и уште не реагира на тој калориски дефицит така да во тој ден веќе согорувањето на мастите започнува. среда низок внес на хидрати: за доручек полна порциа хидрати после тренинг оброк - имаме пола порциа хидрати и до крајот на денот не јадеме хидрати. Ден без хидрати - цел ден не јадеме хидрати и наредниот ден исто така не јадеме хидрати. на овај начин ние го спречуваме успоравувањето на метаболизмот и се спречува стагнирањето. ако нагло и драстично ги намалиме хидратите,метаболизмот почнува да приметува како голем проблем и организмот да би преживеал почнува да се адаптира на околностите така што ја успорава дневната потрошувачка на калори. диетата е доста популарна и е доста ефикасна за топење масни наслаги. Утринско кардио на празен стомак е идеално.
Тонус леб или Фурната на Диме се исти по состав јас ги конзумирам ама да не бидиш во заблуда дека ако јадеш се а од лебов ќе ослабиш не јас додека бев на хроно исхрана ослабев и јадев таков леб а кога прекинав и сега јадам таков леб ама килажата се врати Нема да намалиш килажа ако јадиш се а лебот Тонус е доста здрав или Фурната на Диме јас ги конзумирам и еве ќе споделам едно искуство ! Додека бев на Хроно исхрана ослабев и од тогаш го јадам лебот но кога се откажав од исхраната алебот сеуште го јадам килажата ми се врати !