Дали некој има пробано од прашокот во вид на смути од Виталиа да сподели искуство? Денес ги видов во Рамстор, 99 ден, скептик бев да купам.
За се има чаре но мора упорност Јади повеќе здрави хидрати а не е и лошо малце да започниш со теретана.
@Kikiccc Ќе ти ја пратам мајка ми, па после ќе прашуваш како да ослабнеш Сдк, хепи сум што конечно започнаа летните јадења, па сега без проблем салатите се на менито и за појадок и вечера. Ми текна да прибележам за калориите, дневниот внес ми е до 900 и доволно ми е Сдк2, оние кои се уште се мислите и се уште не сте почнале со вежбање, да ве поттикнам за истото со резултатите што ќе ги добиете: -Чиста кожа -Подобрено држење на телото -Намален стрес -Побрзи и видливи резултати -Изгубеното нема да се врати, иако после намалите со активноста
Мислам дека 900 калории се стварно многу малку, затоа што дневно трошиме околу 1200 калории за извршување на основните функции, а тек ако вежбаш и си физички активна, трошиш многу повеќе.
@GoodGirl45 Да, да, знам дека најдобро е 1500, но мене таков ми е организамот, што функционира супер и со толку, а и најважно, никогаш не сум гладна Си ги добивам потребните хранливи вредности и витамини од риба, пилешко, салатите, а и плус пијам вода со лимон и ѓумбир. Јадам и домашен леб, во зависност од оброкот. Вежбам да, секојдневно, ама имам енергија, не е безволно вежбањето
Jas edvaj cekam da oslabam da mi se namalat ogromni mi se a ne sum debela ama ni slaba zimata 7kg se zdebeliv I ogromni mi se
ке ве дружам пак сега со симнат тсх и нормализирана жлезда вчера овошен ден -банана јагоди цреши една порција се тоа 2пиперки пржени денес исто порција овошје за појадок ручек супа не се мерам сеа дури после 2недели некаде цел -10
Здраво на сите Сакам да го споделам моето утринско смути за слабеење и забрзување на метаболизам 12 парчиња или стапчиња магданоз сок од пола лимон и една чаша вода се стават во блендер Од како ќе се измеша убаво се пие на празен желудник наутро и 20 минути после тоа да не се конзумира ништо.Со малку пазење во исхраната на пр леб и многу благо да не се конзумира за рок од 15 дена може до 5 кг да изгубите ако плус имате време малку да пешачите или некоја вежба да се напраи е уште подобро. Се надевам дека на некој ќе му помогне
Здраво Слабеењево никако да успее денес гледам нов производ витаф од семиња дали сте слушнале или сте го пробале дали има ефект за слабеење ? п.с во таблети не е ако е за во друга тема извинете и преместете го слободно
Јас почнувам нешто по мое. Долгорочно демек ама сигурно . Наутро ќе јадам пециво со овошје или зеленчук. Ручек едно парче леб, салата и од ручекот што има. Но ако има ориз со месо ќе го јадам само едното. За вечера салата, сирење, јајца, стек, јогурт без леб. Благо и газирано нема да користам. Нешто како ‚‚ Диетата на Ирена‘‘. Вчера: Доручек- ѓеврек и јаболко Ручек - Салата спанаќ со рукола, грав и две парчиња коцкаст леб на жито лукс Вечера- прескокнав. Но секако е важна и не треба да се прескокнува. Така испадна моментот.
Добар ден јас почнав пак со режимот од нутриоцинист немам цел немам план само да имам правец на изхрана кај ми се борците??