Тука сум ама пак со истите кг ама овој пат ќе држам 21 ден диета, ја има во диетите. Ќе бидам по упорна , па ај да се поддржуваме
Ајде Чек да си ги викнам другачките шо гледам оти се борат @Zap4e @mareane @Marija Stela @zeka @Tan4ence @S.o.F.i @AngelOfArh @Cka и сите други сори ако изпуштив некој ајде тука со оваа екипа да се дружиме и да слабееме лето иде треба купаЧа ѓаЧа да се наметне Вчера појадок е цеден лимон цитрон портокал со пола литро вода растворени овошје да се дојадиш колку сакаш затоа нема да пишам опширно него само овошје ке го пишам ручек пилешко со салата краставица и патлиџан и кромид вечера исто само пола Денес појадок овошје ручек боранија со салата вечера исто
Арно Алиса си не повика ама јас некако тешко ми е да се одлучам на режим. А треба, штом 6 напред се покажува морам.А ми се јаде упм.Болна сум едвај голтам а пак ужаано ми се јаде. Ај ќе ве читкам може ќе ми дадете поттик.
ЕвО ме . Јас сегде слабеам, само во мевов пуст не. Проблем ми прави и тоа што (најверојатно) сум интолерантна на глутен па маки со подуеност имам. Деновиве од стрес малце нагло ослабев па си каснувам и блакце, иако претходно го имав исфрлено. Другото си терам по старо. Поточно треба да се фокусирам веќе на зацврстување и градење мускул оти за слабеење неам нешто многу веќе. Некни пробував некои работи заборавени во плакар дека ми биле тесни и сега ми беа таман Да ми поминат обврски ќе почнам со теретана и така.
Update: Не сум на УН, си имам свој режим, јадам нешто што му одговара на моето тело, а скроб и јаглехидрати дефинитивно тоа не беа. Внесувам повеќе овошје во вид на смути наутро, месо јајца или риба со салата за ручек, лебот е сменет со оризови галети, од благо јадам гранола и некои такви колачи од овес, вечерата претежно е салата со парче сирење, или оризови галети со кисело млеко и патлиџан. Од сокови и грицки се откажав пред неколку месеци, најдобрата одлука до сега, штета што порано не ја донесов Си месам кифлички,дозволувам да каснам палачинка,торта,пица,паста, но во умерени количини, без прејадувања. Тоа го рачунам за cheat day, и немам грижа на совест како што имав додека бев на Ун. Не трчам после секое изедено тесто на вага. Моментално тежам 77кг. Целта останува иста. Носам XL облека. Носам фармерки и фустани од пред бременост. Новите стрии кои беа во фаза на излегување избледнаа и ги снема половина. Стомакот полека се вовлекува. Физичка активност-шпартање со бебе по цел ден Сакам и да почнам со некои вежби,ама уште не можам да се убедам.
трети ден појадок овошје ручек пиле печено +салата вечера исто од ручекот само пола супер се осекам најадена и лесна башка па и јадењето ми е по мерак и ми е вкусно задоволна сум со тоа шо го јадам и мислам оти ке си ги изтерам јуни и јули на овој режим
Тука сум и јас 16 дена на ун -4кг нема лабаво више мора да дојдам до 65 кила таа ми е идеална тежина.Срамота бе тргни застани е нема више идеме до крај
Денеска како сме денеска ?? појадок овошје ручек модри поленети со м месо +салата разбира се вечера исто напола количински
@Chanell* Спомна не можеш да се убедиш за вежбање, па мој совет би ти било да си ја пуштиш омилената музика и почни од основни вежби. Прв ден вежбај 15 минути, следниот 20, па после одредено време зголеми пр на 45. Една недела, секој ден да вежбаш, ќе ти стане рутина и ќе стекнеш навика. Не мисли како да се тераш нешто да правиш, туку како анти-стрес терапија
ден 6 мерење нема на денешен репертоар цел ден овошје и зеленчук сеа барем има се има избор и нема да си гладен
Јас си почнав свој сопствен режим, изменета ун диета. За доручек имам овошје. За ручек тоа што имаат зготвено дома. Внимавам да е една намирница, да не мешам све и свашта. Плус едно парче бел леб и салата. Можеби лебот ми е грешка, ама не сум воопшто најадена ако не каснам барем малце. Црниот леб не го поднесувам, многу ми е грд на вкус. За вечера салата и плус малку од ручекот. Некогаш оставам да е само салата, ако ручекот ми бил калоричен како денес. Кременадли со печурки имав, такада за вечера ќе биди само салата. Плус пијам многу вода, по 2-3 литри на ден. Се надевам ќе има резултати.
И денес успешно изтуркан ден додуша малце изместен временски ама ок појадок овошје ручек месо +патлиџан и неколку компирчиња пржени (компирот не требаше ама јбг свадба ) вечера нема казна за 5компирчиња не сум се мерела вагата може не мрда ама обем почна да пага полека струкот се танче и добива облик
ај едно прашање за сите дали ви се има случено преку нок да ви се намале видно обемот на стамакот ? значи не ми се причинува осекам и на панталони и на елек коа закопчував сабајлето спзнато многу на вага не сум мерена и не планирам да се мерам месец време да си кажам дека сум при крај на циклус може и тоа има некаква улога
Вчера ја завршив оваа диета со мала недисциплина 8кг помалку за 2 недели, исто така јас не јадев толку варени јајца, само наутро, кому му треба нешто брзо и до 10кг помалку можи да ја проба
хелоу кај сте беее сите на дебелеење сте фрлени а???? појадок -овошје ручек требаше посна турли тава ама сплет на околности испадна ред заби ред ваздух т,е, ништо и вечера исто ко ручекот
Здраво И јас ви се приклучувам. Режим од нутриционист меѓутоа малку изменет според мене.. Јас имам прашање, во мојот режим пишува и ужина. Меѓутоа многу од фитнес блогерите викаат дека не е потребно цело време да се јаде. А нутриционистот инсистираше на 3 и пол. Часа да јадам. Имам 3 главни оброци и 2 ужини кои се состојат од јаткасти плодови пр. По 4 бадеми и 7 зрна суво грозје. Како вие практикувате? Дали имате пауза помеѓу главните оброци?