Ај да се пријавам и јас Се вратив на тежината од пред бременост ама пак е многу. Ми треба барем уште -5. Почнав со kangoo fit еден месец и се откажав не ми се свидна некако, сега сум пак на фитнес најмногу кардио. Диета некоја посебно немам само намален внес на калории. Бел леб не користам само тонус за појадок, ручек салата со главно јадење со галети место леб, и вечера мусли со лен и трици со млеко. Досега - 1 само, па ќе видиме како ќе оди. Вода 3/4 литри . Дајте совет како да се убрзаме
@Viki tonci Јас мислам дека муслите треба да ти бидат за појадок, а за вечера нешто полесно како салата. И да имаш трпение. Со намален внес на калории т.е правилна исхрана, многу вода и интензивен тренинг, односно трошење на калориите, лесно ќе стасаш до целта. За едно 6-7 недели можеш да имаш резултати. Важно е да биде здраво и правилно, не од оние 8 кг за 8 денови
Знам дека се подобри за појадок ама пак јас сабајле се будам ептен гладна и не ме заситува, а навечер ме држи сита пошто некогаш и цела ноќ сум будна дека дојам бебе од 5 месеци па знае цела ноќ да е на цице. Фала за совет ,се надевам сите што си ја мачиме душичката со броење калории ќе ни се исплати трудот
Како да ослабам 8 кила за еден месец??? Хелппп. Ќе бидам на свадба, ќе носам фустан што ми беше точен кога бев 62 кила. Сега имам 70.И дали ако вежбам еден месец континиурано пилатес и вежби плус дома ке се затегнам? Барем малку да ги зацврстам мусткулите . И дали ако ослабам еве некако па 6 кила до 64 да стасам,ке можам да си ги носам овие алишта што си ги имам сега со 70 кила.
За еден месец тешко дека ќе изгубиш 8кг трајно и без да ги накачиш назад. Треба континуирано вежбање и здрава исхрана за здраво намалување на кг, сигурно знаеш. Но има многу диети со кои можеш да изгубиш повеќе кг, на пример the egg diet, пред некој ден гледав видео на јутуб, но е тешко и напорно бидејќи внесот на калории е мал. Ќе го ставам во спојлер ако сакаш погледни го: Spoiler Друг начин на исхрана е intermittent fasting, каде што можеш да јадеш 8 часа во денот, а дригитр 16 не јадеш ништо, односно наутро може кафе, а навечер чај и многу вода исто така. Пробај да ги исфрлиш белите пецива, брза храна, премногу благо, шпагети, макарони, газирани, густи и сокови од тетрапак итн. Позз и пиши резултати
@Kjara15 Започни со план уште утре. Вежбај 2 часа дневно, 5-6 денови во неделата, пиј 2 литри вода. Сега веќе е летен период, па немаш потреба од тешка храна. Имај квалитетен појадок, за ручек риба/ пилешко + салата, за вечера само салата. Ужинки измеѓу само да биде нешто јаткасто или овошје, но и тоа со мера. Со таков режим, т.е 4 недели мислам дека максимум што можеш да ослабнеш е 4-5 килограми, по едно и кусур секоја недела. Гледај да намалиш со шеќери и претерана сол. Се повеќе од тој број не е здраво и не вреди за една свадба здравјето да си го уништиш.
Фала ви многу девојки . Ќе пробам и за еден месец ќе ве известам ден пред свадбата. има една океј работа што ако 2 дена само малку намалам со јадење слабеам 2 кила. Се надевам ќе успеам колку толку.
Денес 10 ти ден на УН и вагата покажа минус 4 кг има надеж значи. И плус грешки правев. Да прашам утре ми е јаглехидратен ден, може ли мекици за ручек?
ајј бравооо супер резултат може да ама без ништо мислам на сирење салама можеш со ајвар краставица патлиџан маслинка да не бидам офф да си кажам апетитот на нула ми отиде појадок 4кајсии 2праски ручек 1краставица толку ни ми се јаде ни ништо ако некој знае нека ми каже колку калории внесувам просек дневно имам пишено кој ден шо јадам и вака ако не симнам ке зеам на дрво ке се обесам хахахах
вода брашно сол и шекер и зејтин по на меко замеси го и ке биде екстра и продолжи си топ резултати имаш ја 4 месечно даи ек симнам
Ама некако не ги забележувам на мене дека ги нема тие 4 кг незнам зошто. Продолжувам обавезно до одморот уште месец дена има
оти е вода ,и храна од желудник и црева затоа хахаха реално слабеење на сало после 3недели барем според мене
Друштво помош. Имам околу десет килограми за симнување за да се вратам во форма, меѓутоа вагата не мрдна цел месец повеќе од два килограми, без оглед на калориската рестрикција и прередовните кардио тренинзи. Овде ве читам без многу вежбање и гладување за десет дена успевате да симнете по четири килограми, кај мене е знак прашање дали месечно толку ќе ги симнам со услов 31 ден да имам физичка активност составена од комбинирано пешачење/кардио три часа секој ден! Цркнав веќе, ама не оди и не оди. Стварно внимавам на калориски внес, до сега немав проблем до олкава мера, иако отсекогаш имав проблем да симнам килажа. Пребавен метаболизам или што е работата? Ми требаат четири месеци за да симнам десетина килограми, тоа не е нормално стварно. Имам пробано и со кревање големи тежини и не оди брате и не оди.
@Animali те послушав. Вчера за вечера салата, ама баш голема и ја појачав со туна и добро поминав ноќва, не станав во 05 да доручкувам. Значи од денес промена: појадок мусли вечера салата.
@Nigredo Odor Нема по нервозно нешто од стагнацијата кога правиш се како што треба. Јас симнав 16кг ама за последните 3 господ го видов додека испробав се и сешто. Пробај со шок на метаболизмот-ден два со многу поголем внес на калории од вообичаено. Јајчен пост- го користат во кетото мене ми има помогнато, изгуглај egg fast. intermittent fasting правиш си пробала ли некогаш? Она што ми се покажа најкорисно на мене беше токму тоа. Правам 16:8 а еднаш неделно и 20/24часа. И никој не симнал 4кг масти за една недела, тоа е просто задржана вода што се враќа исто толку брзо.
@Viki tonci Баш ми е мило А баш мислев да ти пишам и да ти предложам и риба за вечера Бидејќи спомна дека доиш, ти треба секако нешто поенергично. @Nigredo Odor Ниг, може да напишеш што консумираш? Дај пример што јадеш при едно обично секојдневно мени Некој фактор те попречува во целта, а не го исклучувај ниту стресот.
Мака ми е да пишувам дечки. Го читам постот и ми се плаче. Очекувајте ме за неколку дена да пишам од мука.
@Nigredo Odor Абе какво плачење, обични килограми, burn em down Тука сме за поддршка. Слободно пиши, штом вежбаш секојдневно по 3 часа, тогаш тој дел не е проблемот.
имаш ли испитано тироидна жлезда? денес успешно поминат ден појадок сок од лимон со вода 2праски 4кајсии ручек и вечера 6јајца +патлиџан салата