@Vegegirl Јас имам пробано и имав резултати. Немав многу кг за симнување, имам пишано во друга тема. Кога сум на овој режим мене лично метаболизмот ми се подобрува и многу ми одговара.
Гледам сте се активирале со диетиве па, се усрамив некако оти никако да ми текне, а и кога ми текнува губам брзо мотивација и се самосаботирам. Ќе да сакам да сум дебела, а поприлично се мразам дебела значи... Чисто психолошки проблем е ова. )) Малку поозбилно... Од денес ќе почнам. До следен месец 10ти се надевам ќе истерам некој режим и озбилно се надевам ќе ослабам. Денес и утре детокс - течности од типот кафе, јогурт, млеко, сок и овошје (цитрон и јаболки). За понатака ќе видиме, валјда ќе се држам до стандардната 8 дена 8 килограми и една 20 дневна диета што имаше тука. Ќе видиме. Од вежби... без рипање и скокање ќе мора да бидат ради колената. Секој ден движење, пеш и некои со тегови, вежби за раце, стомак, грб, нозе, задник и такви мити ствари. Држ те ме мотивирана, пор фавор. Редете слики некои, пишувајте дека и вие држите диета)
Јас од денес ја почнувам УН, летово наеднаш дојде Од пред две недели понувам и се нешто ке ми излезеше, веќе нема бегање. Се надевам ке се дружиме и поддржуваме
Како се држите последен ден од втора недела вчера имаше киноа варена со к млеко денес овошен ах мори жабо ами од кога те викам ти се прајш на три и пол ај ај никад није касно еве јас денес последен ден од втора недела си терам од утре трета недела ке се почнува имам цел 8недели и -10кг
) јас сега дури видов, погрешна Жаба имаше тагнато. А и да сум виделе шо џабе. Волја немав за диети се надевам сега ќе се оправам. Денес супер помина. Се држам по мои правила и прописи. Ќе се бодриме неделиве значи
Читам приказни на луѓе што ослабнале преку 20кг и си јадам хамбургер со екстра мајонез... Секој ден јас почнувам, ама никако да почнам. А имам повеќе од 20кг за симнување.. Беа 15, последниов месец се направија 20. Најголем проблем ми е организираноста, по 12 часа сум излезена од дома и нема како да ги организирам оброците, а немам ни време да си зготвам нешто од дома. На работа е турбо и не можам ни да седнам, па најчесто јадам од нога нешто од таму (најчесто нездраво и прекалорично). И така се ближам до 80ката... Би ве замолила да ми предложите некој план за исхрана, што за доручек/ручек/вечера? Утре планирам од сабајле варени јајца и краставица, ручек шопска пошто е единственото здраво нешто што можам да го порачам во ресторан, се останато пржат во 3кг масло... и вечера некоја салата што ќе се најде дома.. Па ќе видиме.
15 кила за симнување. Ужас. Почнав вчера поригорозно да пазам на јадење. Само овошје, освен за ручек, јадев варен компир, шопска и таратур, без леб. Денеска пак планирам овошје и за ручек ориз и салата. Никако леб, нкако газирано, никако грицки.
Цел месец на ун последниве 10 дена стагнирам со килата ми се згади од јх ич не го сакам тој ден. Многу малку протеини а мене баш тоа ми фали.Од денес почнувам моја диета сабајле смути ручек протеини вечера салата до 1500 калории дневно.
мене работата ми е исклучиво канцелариска, и немам движење. Порано имав активна работа, нон стоп стани седни, ама сега не смеам да се поместам Треба некако да пресечам, да одам со точак или не знам што и ќе ослабам
Кај мене очигледно лето почна, прозорец за јадење ми е од 10 до 18 часот, ама се обидувам да го поместам од 11 до 19 или од 12 до 20 зошто спијам многу нерегуларно и испаѓам да сум гладна на сред вечер или дур сум излезена. Теретана 5 до 6 дена во неделата. Да немам за учење ќе почнам и дома да се тегнам, ама сега не можам и за то време да губам. И после ручек кога ќе залади, шетам куче и тоа доста голем и добар круг. Седнувам на кафе, па шетам куче пак. Уште немам почнато со рутата од лани за пешачење, мало ни е кучето го чекаме да потпорасни за скроз да почниме да го малтретираме со големиот круг на шетање. Вчера само ручек имав, се друго ми беше во многу мали оброци. Ми се чини цел ден јадев во тој прозорец за јадење. Мај се здебелив многу, стрес си прај свое, ама да ми е здрав и жив инаетот само ќе речам.
јас терам некој таков режим од нутриоцинист напишан за мене наутро овошје цеден лимон портокал и цитрон и литро вода со тоа ручек и вечера ми се исто углавном протени стално е готвено јадење конзервирано нема ништо неделно еднас два пати може овошен ден д асе изтера ако можам другото е се на протеини редко еден ден скроб и тоа само боранија и лека компир грав ориз рече за мене нема шанси @Cka Женче елај прочитај шо пишав тука да не пишам дупло усте еднаш ова и за тебе важи те пратам гладуваш а резулатит немаш ај пробај вака терај недела време па ке кажиш ем си најаден ем симнуваш исто и ти тироидна да видиш ама мислам скорто пиша некаде дека ти е ок исто те гледам и мешаш не мешај пример компир и таратор не гледај да јадеш или само протеини или само скроб тука сме се собрале се стари борци брееејјјј колку кг имаш за симнување јас си турив цел -10 не е лошо и повеке да се ама и со 10 ке бидам препре задоволна добив комплимент дека сум ослабнала значи се познава до денес завршувам две недели со режимот мислев да се мерам крај на месец ама ке се мерам сеа на пола месец