Се здебелив четири кила ама зошто не вежбав периодот многу видливи четири кила, четири кила факинг сало. Сакам да намалам поќе, прва станица ми е 57, на 66 стојам. После то зависи како ќе се бендисам зошто и вежбам и сакам здраво, затегнато тело, безразлика на колку кила ќе стои то. Едит. Исто така со шетањето куче и вежбање и други обврски стојам во просек по 18к чекори на ден. Малку по малку да го навикниме кучето и би се вратила по навикнатите 20-23к чекори на ден.
Втор ден, арно се тера. Ист ко вчера... млеко, јогурт, кафе, цитрон, јаболко..додаток семки и вчера и денеска. Задоволството е во малите нешта))))
Хормоните топ, не е тоа, мрза е. Логиката ми е демек да не е калорично. Ќе пробам да не мешам, јадев посен сендвич (интегрален леб, тиквичка, марула, зелка). Вечер леќа, салата и овошја. Па да видиме.
овошје навечер не овошјето се јаде до ручек вечер само салата обилна не јади лека она е скроб а денски си имала јаглехидрат гледај само на протеини да бидеш за ручек вечера салата појадок овошје и мора да имаш резултати ова совет од мене до се научено до сега од нутриоцинист
Нутриционист би прашала ако сакам да се изделкам скроз, манекенка да станам а имам само неколку кила на одредено место или здравствени проблеми па детално кога, точно колку и што да јадам. Но ако имаш 15 или 20 кила за симнување, нема што да се пази оти леќата била скроб па за вечера пак да не е скроб. Такви ситници кога ќе дојдете до неколку килца до посакуваната тежина, па и тогаш не оти леќата нема сигурно да ти направи проблем при слабеење освен ако не ја изедеш со пола леб. Штом си со 20 кила вишок, еден куп храна имаш за отфрлање пред да стигнеш до леќа.
а ништо не и кошта па да отфрле тоа шо треба нека проба реков една недела на тој режим сама ке осете дали и прија или не ти тераш некој режим диетка било шо? колку имаш за симнување?
Јас засега се надевам дека со нејадење леб, мрсно, благо, пржено и слично, ќе намалам. А и се надевам ќе се движам, можам цел двор да го прекопам Ке видиме вака, па после и поинаку. 15 кила не се малку
Кај нас проблемот е што од некаде 17.00 не иде ред веќе да вечераме, па касно, деца кога ќе заспијат, во 21.00 јадеме.... Кој зеленчук би бил најдобра комбинација за да најаде а да не се фаќа?
ништо од зеленчукот не е страшен навечер јајце к млеко сите зеленчуци освен компирот се ок за навечер може и некое мевце да се убаце
Ние или многу овошје јадеме или мезиме...и оп, качивме неколку кг. Се мислам да сменам нешто, а со гладен стомак знам нема шанси да заспиеме.
Боркула, морков и пченкаа варени можеш и ко салата да си ги направиш. Марула и туна исто така. Карфиол, краставички, црн домат, тивички печени.. не ми текнува сеа друго
Оваа нутриционостката кај шо сум а и од секаде кај шо сум читала сегде вика овошје навечер не се јадело само до ручек после зеленчук
@Bridget Апсолутно се согласувам со напишаното. Кога станува збор за губење тежина помала од 4-5 килограми, потребно е ептен строг режим. Но, за губење 15 и повеќе, потребно е целосна преобразба на животниот стил. Лошите навики во исхраната да се исфрлат, нездравата храна и сл. Не е една леќа или грав виновникот А физичката активност е задолжителна за сите @danichap Потребно е внесеното да се потроши секако, а предлог за вечера зеленчукова салата со риба или со крем супа. Земи си и пола парче леб, ако не би се чувствувала заситено само со тоа. Шеќери како што е и самото овошје остави го за наутро. Исто, гледај да пиеш повеќе вода, а во истата може да си додадеш ѓумбир или цимет, некој таков зачин, кој го намалува апетитот
Ми касни неколку дена и сум премногу подуена во стомак а јадам малку на пример денес само овошје и кај 20ч краставица и одбегнувам сол и пак не мрдам од кг... како ви е вас пред да ви дојде
@Vegegirl Потребно е и да се храниш здраво и квалитетно. Цел ден на овојше и една краставица не чини. Лошо му влијаеш на организамот и нормално не губиш килограми, туку само се изгладнуваш и го ставаш телото под стрес. Нередовната исхрана и прескокнувањето на оброците исто така може да резултира со подуеност.
Трет ден, немам поима што да јадам. Ќе видам според 8 за 8 што беше по план. до сега, кафе, јогурт, цитрон. Ништо не вежбам, нит се движам. Е тоа е лошо. Лошо е и ако не ослабам. Полошо ќе е ако упорно треба да се борам овде. Си мислам деновиве баш ради тоа..на колешка која после долго се истенчи, стегна и еве ја 10+ години не мрдна со килажа. Није свеједно.
Ќе си дадам за право да те посоветувам првин со BMI калкулатор пресметај колку калории му требаат на твојот организам секојдневно. Јас работам канцелариска работа со седење пред комп и минимална активност и мојот организам троши 1500калории дневно за дишење и одржување што би се рекло. Ако немам дополнителна физичка активност, а сакам да ослабам треба да јадам под 1500калории. Од тука симни си my fitness pal или грубо разгледај ги храните кои најчесто ги конзумираш колку калории содржат. Не обраќај внимание на мешање, ама користи ги калориите на храна која ќе те најаде и нема да паѓаш во искушенија за друго. Ако сакаш да ги симнеш килограмите навистина најоптимално е да почнеш од малите навики кои носат екстра калории на долг пат- зошто да испиеш сок од 200калории кога можеш да изедеш резен диња плус цела банана за истите калории?