11 или 12кг Со Ун диета, која ја почнував 3 пати Првиот пат месец и пол и резултати -6кг, па после пак тргни-застани И уште -6кг Моментално сум 75.5
Тука сум и јас, еве веќе 10 дена терам некој мој режим. Мислев УН да ја почнам, ама искрено насабајле само овошје неможе да ме засити. Почнав да слабеам 7 кила па останав бремена прекинав, ама лошшо се заврши пак и еве сега продолжувам со диета. Килажата ми тука стои кај што застанав иако доста обилно јадев, се надевам барем 12 кг да ослабам па потоа за другите. И така многу успех на сите и побрзо достигнување на целта.
Како сте диеталки? Денеска терам овошен ден. Еднаш неделно ке имам таков ден, сега барем има секакво овошје во изобилие. Не се поднесувам ваква сакам што побргу да ослабам, ама тешко.
Дојди си ,дојди си ние прибираме птици преселници јас по 2--3 овошни си терам без проблем 1-2 неделно симнувам
Да еве и јас сабајле се мерев и уште едно кило го снемало. Исто и јас си помислив секој втор или трет ден може да ми биде овошен, бидејќи воопшто не сум гладна цел ден си поткаснувам, барем сега кога го има овошјето.
Здраво, Леси се врати дома Не кажувам колку сум поправена срам ми е. Од 25кг ослабени на времето сега ми е срам да се погледнам у огледало и да се измерам. Но, тука сме да се поддржуваме. Овојпат имам помалку за слабеење оттогаш и тоа речиси пола помалце , па би требало отприлика до септември-октомври да се дружиме само. Ако тогаш ослабев за пола година, сега за 3месеци. Брзо слабеам, брзо се дебелеам. Ден 3 на диета и -1кг. Веројатно се изгубени течности. Исфрлив само благо (кое ми е гилти плежр) и сокови (кока кола ми е слабост ама сега ќе бегам од неа како ѓавол од крст) и понекогаш фаст фууд зашо сум мрза да си направам јадење или зашо дечко ми е премногу слаб и шо и да јаде не се фаќа за него ама затоа ја се здебелив. Сега ќе си пијам вода и кафе само надвор од дома кога ќе сум, казна зошто претерав со нездрава исхрана. Немам мерки и претерувам. Инаку вежбам ама порано вежбав повеќе. Навечер не јадам веќе 2г. Така да, само имам слабости кон нездрава храна. Е, така ви се исповедав дур си ги јадам овесните снегулки за доручек и сега пола ми се простува. Ме примате у друштво?
Иста сум како тебе брзо слабеам брзо си ги враќам килограмите, ама тоа е бидејќи си немам ред. Таман малку намалам и почнува моето неконтролирано јадење и се така се вртам во круг Пред 5 години ослабев и бев 60кг, за мојата висина е премалку ама јас тогаш мислев дека сум уште дебела си ја одржував килажата еден период. Со вртрње во круг јас денес тежам цели 90кг искрено ми е срам да ја пишам килажата, никогаш не сум била волкава и на мои 25год ова е срамота . Ама овојпат сум решена 15кг ке ги намалам па што сака нека биде Со лесноо и на тебе па згодници да се направиме
Јас пак си се вратив Колку и да пазев на режим дури бев дома, а заминев Скопје да полагам, одма посегнував по кифли и кроасани, преживував на тоа. Па што и да изгубев тука, надохнадував таму. Сега ќе бидам само дома, па ќе можам комотно да се посветам Ќе си терам некој мој режим на ун диета, сфатив дека тој ми годи најмногу. Па така, денес за доручек имав две праски, за ручек салата, супа и кремендла. За вечера ќе биде салата само. И да напоменам, пијам многу вода. 2/3л сигурно. Единствено многу сум мрза за било каква физичка активност, ама ќе пробам да вметнам нешто. Го можеме ние ова
Ај еден репорт и од мене вчера појадок банана ручек зелка манџа со мелено месо исто и вечера денес појадок банана ручек зелка свежа салата со туна вечера исто од ручекот терам 4та недела па ке видиме со колку ке го заокружиме месецот некаде до пола пат сум изодена
Јас би рекла дајте си време. Полека навикнувајте го организамот и полека откажувајте ги лошите навики кои ве довеле до вишокот килограми, односно постепено воведувајте ги добрите. Не мора уште првиот ден 1000 часа активност и од исхрана само вода и воздух , туку полека менувајте си го животниот стил, без да му правите шок на организамот и така нема никогаш да си ги вратите килограмите
Вчера на мени За доручек малку пропржени пиперки и урда со едно парче домашно месено црно лебче. Потоа отидов на гости убаво ме пречекаа ама јас земав само малку зелка салата За вечера најрано до 6, 7 часот завршувам, ама вчера се фати во 8часот. Малку домашна плескавица и салата. Денеска пак цел ден овошје Вие како сте диеталки мои
Вчера 23/90 јаглехидратен ден Ореви и кафе Ручек шпагети со сос од зеленчук Вечера 2 палачинки со нутела и нес кафе и една коцка црно чоколадо. Денес 24/90 овошен ден. Дури сега изедов една банана немам апетит. Планирано ми е и лубеница да јадам.
За да ослабите, престанете да јадете се додека не добиете видливи стомачни. Пијте си вода, со сол и калиум хлорид кога не јадете. кога ќе стигнете до идеална килажа, можете да јадете еднаш на ден.
25/90 Протеински ден Банана и кафе, кафе Бев на ручек во ресторант и месо не иде без компир па каснав малку. Не јадев ни супа ни салата. Вечера мезе пршута и едно пиво. Тотално утнат ден.
ајде од утре построго деее биднало веке колку повеке грешиш помалце ке симнеш ја денеска овошен некоја касија за појадок и за ручек жетварска салата
26/90 Скробен ден 2 кафиња 1 банана Ручек домати салата, грав без запршка и домашно интегрално лебче. Прв пат правам интегрален леб и превкусен ми беше. Вечерата ќе биде исто само без леб.