Здраво диеталки. До денеска две недели како сум на свој режим и може да се каже дека сум задоволна. Сабајле ја пробувам сукњата што не ми ја бидуваше, чисто онака да видам уште колку ми фали да ја закопчам и замислете точна ми беше. Се израдував, посебно дека овие денови имаше нркои коментари на моја сметка, па вака сум уште по мотивирана. Овој ден: Појадок: туна со салата и 2 кришки тонус леб. Ручек: малку ребро со салата и тиквички. Помеѓу изедено 2 праски и тоа ке ми биде за овој ден, а утре повторно овошен ден.
Татко ми ми вели:”Колку си ослабена?! На пола си од тоа што беше пред некој месец” He made my day!!! Денес сум на свадба и денот нема да биде според правилата. Можеби утре овошен ќе биде, за да се прочистам од свадбарското мени Треба да е скробен ден, ручав ориз и салата, ама и малку домашна баница... и до вечер ќе биде попара.
Ајде помош. Кој беше на УН диета? Денес прв ден, појадок две праски и кафе без шеќер. Сега за ручек спремам три јајца со салата ама ова со супата не ми е јасно. Може било каква супа од кесичка процедена од резанците? И ова правило дали го разбрав: ако имам месо или јајца треба и супа а ако имам сирење тогаш јогурт? Ајде со лесно нека ми е
Почнувам нешто без тесто благо грицки и газирано.Ќе видиме како ќе оди.Денес супер Појадок овошје лешници вода до 12 Ручек 3 јајца сирење салата малку пинџур и 2 тонус лебчиња Вечера нешто протеинско.Од благо само сладолед ќе јадам на 10 дена.
27/90 Јаглехидратен ден Кафе и една рака ореви Ручек неутрални намирници, маслинки и 2 лепчиња. Вечерата ќе биде нешто благо и нес кафе. Чоколадо неможам да јадам па како замена може ќе сварам какао.
Е, шо убаво Орхидеа. Браво. Деновиве не бев посветена на пишување, нити на посебен режим, освен што порциите ми останаа помали и помалку калорични. Сепак, гледајќи ги постовиве на Орхидеа, и јас сакам така .утре ќе го рачунам за прв ден а другиве денови...загревање беа.)
Се собрала стара екипа вечити диеталки на темава , па ај да ви се придружам . Тешко оди слабеењето после 25тата година дефинитивно. На толку активности и нејадење едвај од 66 до 62 кг стигнав за три месеци со броење калории. But we can do it И јас овие денови си ги рачунам загревање па од утре почнувам и планирам за 20 дена по брза постапка како знам и умеам уште 3 кг да намалам.
Можеш во протеински со сирење + јогурт / јајце + супа, можеш во скробен како неутрален додаток , можеш во јх како главно јадење со 3 парчиња леб/кифла/геврек
2 ден Овошје лешници вода Р.компири со сирење салата едно тонус лебче В.2 јајца сирење салата Ќе минимизирам јагленихидрати да видам дали ќе симнам нешто. Пријателка вака ослабе 11 кила за 5 недели.
Вчера овошниот супер го поминав. Денеска за доручек: Пиперки и јајца со 2 парчиња тонус леб и салата. Ужина: праска и 2 мали кајсии Ручек сега завршен: Печен модар патлиџан, домат, парче сирење и чаша јогурт. И толку за денес. Вие како сте диеталки? Јас многу сум мотивирана, се надевам ке ме држи мотивацијата
денес цел месец направив -4 кг за овој месец ке беа и повеке да не требаше да добјам и да јадам два дена како од ланец пуштена ама тоа е штое одиме понатаму