28/90 Овошен ден Супер поминат со 2 банана и 6 урми. Утре би требало да е воден ама овошен ќе го држам.
е бев -5 денес после месец -4кг ама до вечерта пак ке спуштив на -5 ама ја си викам наутро е точното мерење ама пмс е задржувам течности отоци ке се стабилизирам за недела време па ке смкнам наеднаш не се плашам за тоа денес успешен овошен 1банана лубеница 2патлиџани салата и вода многу
3 ден П.овошје индиски ореви една рака вода Р.грашок манџа со салата и 2 тонус лебчиња В.салата малку грашок ако несум гладна само една рака леблебија.
3/90 П-праски лимонада и кафе Р-макарони со салата В- торта или сладолед Ќе ми биде омилен овој јаглехидратен ден
Update: После 2 месеци од пишаново, имам изгубено 7кг, моментално тежам 74кг Браво за мене! Сто пати браво! Никогаш не сум стигнала олку далеку со диети, секогаш сум се откажувала! Идеме понатака! Од денес почнувам со plank вежба, сега засега само таа ќе ја правам одреден период, дур се свикнам, а после тоа ќе почнам и со некпи јутјуб вежбички за затегање. Само уште малку салцето да го смалам
Како оди девојки? Јас така си имам прва фаза на привикнување на диета што може да трае со месеци таман тогаш ослабам неколку кила па ми доаѓа мотивација, и после си имам десетина дена строга диета, и на крај одржување. Фазата на привикнување ми завршува денес, и ми треаше доста долго, дури не видов на вагата дека неколку килограми ме напуштиле (се надевам засекогаш). За два месеци едвај 4 кила со броење на калории и малку вежбање, но тоа е доволна мотивација за сега да почнам со кратка построга диета. Всушност оваа килажа од 62 -64 кг ја имам неколку години, но минатата изгледав сосем различно. Сега дали од тесни фармерки или не знам шо , целулитот ми се проширил до колена, морам да го сопрам дури не стигнал до стапалата и бидејќи ме советуваа дека масажите со сатва и разноразни глупости не се за луѓе на кои им пукаат капилари, единстен начин да го намалам е пиење многу вода, здрава храна и кардио. Значи целта ми е 10 дена да јадам само необработено овошје и зеленчук (без банани , без грозје и калорични намирници) . Значи само домати лубеница , краставици и секако мноогу вода. Ако ептен сум гладна може ете морков неварен. Ни алкохол, ни кафе , ни никакви такви нездрави срања. Мислам дека ќе направам добар детокс . Денес прв ден. Сабајлето една лимонада За ручек неколку домати веќе ги изедов Вечера неколку парчиња лубеница. Е тешко ми е на жешково да вежбам, ама морам. Сега 15-20 минути ќе скокам на јаже , сабајле малку возев точок . Ааа да, сабајлево бев 62,5 кг. Првична цел ми е до наредната среда да бидам 60 кг , а до крајот на диетата 58 или 59, плус детокс . Извинете на долгиот пост ама ќе ме трпите наредниве 10 дена , освен тука нема каде да се фалам колку сум издржала и ослабнала
Денеска на мени имав. Доручек- туна и 2 парчиња тонус леб. Ужина- праска и 2 мали кајсии. Ручек- 2 помали парчиња свинско месо и салата и толку за денес. Утре овошен ден.
Втор ден голгота ! Пробувам мозокот да си го навикнам дека не е голгота , туку нешто најубаво што можам да го направам за себе, а тоа е да изгледам онака како што сакам и да го исчистам организмот од токсини. Мајка ми денес почнува со УН па добро е ќе имам друштво. За прочистување сабајлево пиев солена вода. Искрено не знам колку беше добра таа идеја, ако се земе во предвид дека јас сакам да го ослободам вишокот вода од мене а солта ја врзува истата. За доручек имав праска Сега за ручек 3 моркови За вечера ќе се домати или лубеница. И секако мноооогу вода. Немам чувство на глад, супер ми е, а за резултати сеуште е рано. Единствено не можам да се натерам да вежбам но барем 50 стомачни и 15 минути скокање на јаже мора да направам во текот на денот.
Вчера ми беше 29 ден и требаше да е воден ама после овошен секако немаше да го издржам па си реков ај и овај ќе го држам овошен АМА бев на пат со мм и тој беше гладен и мораше да седниме да јади и јас кафе пијав ама и каснав од неговото не беше многу де... Денес 30/90 Протеински ден Појадок цреши потоа кафе. Ручек 3 јајца пржени со многу малку масло, домати салата, коцка супа и интегрално лепче. Од како ја почнав диетава прв пат јадам јајца, се израдував
E убаво ве читам во темава, сите си се држите за режимот. Ја пак малце забегав од здрава исхрана. Ми се погодија искачанки, родендени... Од утре морам да почнам пак ама сеа поупорно.
31/90 Скробен ден Немав време ништо да појадувам само едно кафе испив и дури сега ручав. Ручек: Леќа, домат и интегрален леб. Вечерта ќе биде исто леќа.
5 ден Овошје јатки вода Гравче со салата 1 тонус Салата леблебија Ќе држам вака без шеќер и брашно 5 недели да видам колку ќе симнам. Инаку почнав со 87.4 Сега сум 84.8
Здраво, Јас пак ви се приклучувам. Се надевам дека ќе ме примите. Претходните 2 недели внимавав на исхраната, но не толку многу. Ја одржував килажата која ја имам. Не ме прави многу среќна но тоа е што е. Имам 58/57 кг варирам во текот на денот. Сакам да стигнам до 54/53 затоа што не изгледам убаво вака. Но без вежбање не верувам дека ќе можам да го оформам телото. Дали се придржувате кон некакви вежби? Или само внимавате што јадете?
Здраво диеталки, како сте, како се држите? Вчера и завчера менито ми беше скоро исто така налагаа условите. Доручек пиперки и јајца со лебче и салата. Ужина овошје Вечера шопска и малку јогурт. Денеска терам пак овошен ден. Овиа 2-3 дена се осеќам издувано и нелагодно бидејќи ми дојде. Од првиот ден не се мерев и незнам точно колку имам намалено, но по облеката Да има, ама имам уште многу. Така да за следниов месец ке знам и ке видиме на крајот колку кг ке бидам во минус. Успех на сите.
Денес денот ми помина со малку месо (морав после долго време) и лубеница. Ај не е лошо, вчера ја зафркнав работата пиев алкохол и тоа е. Но не се откажувам од такви минорни киксови. Утре е први, таман и понеделник, супер датум за уште појако да се стегнам со диетава.
вчера -овошен денес -овошен вагата не мрда ама обем на пола сеа и пред циклус не сум да се качам на вага знам имај милост Господе гладна и дебела ке си умрам хахахаха се држите ли бе