32/90 јаглехидратен ден Банана и кафе. Бевме цел ден на базент па три кифли со доматен сос ги јадев на два пати. Вечера нес кафе и малку торта. 33/90 Овошен ден До 15 часот супер само кафе и цреши. После зафркнав. Го ранев синко лебче и јогурт па неможев да одолеам и каснав и јас малку. Потоа направив за другиве дома манџа со телешко и грашок и толку убаво изгледаше и мирисаше што пак каснав малку и толку. Многу ми е тешко кога готвам нешто а неможам да каснам Денес. 34/90 Протеински ден. Појадок само кафе. Ручек. Динствовано свинско месо со моркови, печурки, кромид, лук и малку пиво ставив. Салата роквици и краставица и малку интегрално лебче. Вечерата ќе биде исто од месото со салата но без леб. Мора да се стегнам малку да не грешам. Не сум задоволна од резултатите. До 45 ден ќе ја држам диетава потоа од септември обавезно почнувам пак.
Девојки и јас сум истата....пред 6г стигнав до 68 и успеав да се пошравам цели 24 кг...до пред 5 месеци тежев 92 кг Почнав со УН па продолжив со постење и моментално сум 80 кг. Сега повторно почнувам со УН и орбитрек. Цел 70 кг. Само напред и да се бодриме
-5,4кг за 5 завршени недели пред цикус сум така да очекувам да ми дојде и да изгубам повеке наредната недела
Како иде друштво? Јас конечно влегов у шема. Денес ептен успешен ден. Според вага сум -2кг, според мене ептен сум поенергична, поубаво спиам дека се изморувам со вежбањето, стомачните од порано почнаа да ѕиркаат. Искрено не изгледам дека имам толку килограми колку што имам и не сум многу вишок според висина, но критични ми се задникот и горниот дел од нозете, па и рацете и слабеам поради нив. И на фаца се осеќам веднаш побуцкаста, повеќе се свиѓам послаба. Од стомакот сум најзадоволна, рамен е тој колку и да јадам. Мени: Доручек: овесни снегулки со јогурт и 2 праски Ручек: 2 јајца, 2 двопек црни лепчиња и чаша јогурт Меѓу оброк: нескафе И после ќе земам парченце лубеница. Испив околу 3Л вода и 1Л јогурт денеска, така да и течности и се ми е задоволено. Глад никаков не осеќам. Воркаут: 63мин орбитрек и 30мин овие вежби ( ). Вистина помагаат ептен, од поранешно искуство кажувам. Идеме понатака, успешниов ден ми е само поголема мотивација да си го вратам старото телце.
Еве почнува среда и тука ми беше прва цел на диетата да стигнам до 60 кг, е па не стигнав до 60 ама до 61 сум, и баш сум задоволна. Може и ќе стигнев до 60 ама вчера ко будала ждерев овошје и зеленчук и шо треба и што не треба. На такво ждерење и никаква физичка активност добро е и ова. Денес пак намерно денот го испланирав да сум цел ден зафатена за ништо да не јадам. Се надевам барем до 60 да стигнам. Ако ја видам 5ката напред на вагата частам лубеници за цел форум.
Здраво диеталки. Онојден пишав огромен пост и не сакаше да ми се постира, па се баталив. Завчера имав за доручек урда и пиперки, а за ручек бевме во кафана јадев парчр месо и салата ама си дозволив и алкохол. Па затоа вчера ми беше пак овошен ден. Количински малку јадам се на се од кога ја имам видено најголемата бројка до сега имам 10кг намалено, некако сакам за месец ипол барем уште 10 да намалам ама мислам дека ми е кратко времето, а не би ни сакала да гладувам тогаш би грешела. Денеска за доручек јајца или урда ке е, сега за сега омилено ми е. Ручек би тррбало парче месо со салата. Многу сакам и осеќам потреба барем нешто да сум физички активна, имам и велосипед ама незнам зошто срам ми е сама да го возам( будала), можеби ке се наканам.
Дечки јас полека се откажувам.. А до целта имам уште некое килце,ситно, 3-4... Си грешам еве два дена, некако стрв ме фаќа за смоки, грицки, мевце и гравче... Дајте ми мотивација ајде,утре сум на овошје па белким ќе се вратам во нормала ...
Салце воопшто ми се нема стопено освен задршката на течности и малку во обем. За овие денови е малку. Незнам дали тоа се должи на грешките или таков си ми е организмот. И многу бавен метаболизам имам. Тоа е. @CrazyOne не ми преместувај мислења.
Колку што следам Ун диета ја држиш,.а си има тема за тоа. Поддршка, како Ви иде со диети, совети и слично може да стои тука не е проблем.
Да УН. Знам дека има тема. Ама секогаш пишувам и плус од менито, како денес на пример. И ми треба подршка, ми треба некаде да се искажам. Слики ќе постирам во УН, OK!
оваа тема морална подршка е за сите небитно на која диета се за порции прашања за стрикно некоја диета ок е да се праша во стрикна тема а во ва аможе општо прашања мотивација и се друго за тема слабеење да се дискутира така да пишувај си слобдно тука
Па тоа што пишува Орхидеа е баш како и иде со диетата. Има и тема "слабеење без леб, благо, грицки итн", 80% од овде слабеат на тој начин, па не ги преместувате мислењата таму. @orhideea може понекогаш успат да пишеш и рецепт заедно со сликата. Ме интересира како ги правиш манџите без запршка, конкретно оваа со пивото, многу вкусно изгледа. Инаку, @Dream-Girl , нескафето со шеќер го пиеш? Во план ми е целосно да исфрлам шеќер од исхраната, ама нескафе не можам без шеќер, а многу често го пијам. Утеши ме дека се слабее и со шеќер.
Шеќер уште пред 2г кога слабеев го исфрлив од чаеви/кафиња (а пиев дури со по 3 лажици...). Инаку јадам понекогаш и нешто благце помеѓу (ако имаш голема физичка активност се слабее и со шеќер, но не претеран). Еве ја да се пофалам, -3кг, ден 4ти како сум на режим без да го прекршам, во јуни имав неколку обиди така неуспешни. Денеска каснав и нешто благичко, но сепак не сум си толку ригорозна, сама си праам јас план за исхрана, не се придржувам кон некоја диета, сметам дека тие се глупости, а сами треба да истражиме на нашето тело која храна ни помага да слабееме, која ни одмага. Јас како досегашен борец со диети, на времето -25кг ослабев, бидејќи знаев што највеќе му одговара, а што највеќе му пречи на мојот организам. Терам сега на истата шема.
@waterllady и да не пишам рецепт прашај ќе ти кажам Динствовано свинско месо Сецкаш една главица лук ( колку повеќе толку повкусно) 2 главици кромид, 3-4 моркови, печурки околу 200 гр и свинско месо околу 500 гр и магдонос се става ама јас сега немав, налеваш пиво повеќе од пола во тавата или може и бело вино (јас секогаш го правам во глинена тава со капак) и вода до горе, ја ставаш во загреана релна прво на најако еден час па намалуваш и уште еден час се динствова преклопена со капак. Зачини по желба. Ако многу испари водата налеваш уште и барем еднаш во текот на печењето ќе измешаш. Инаку се прави и запршка од масло и брашно но и не мора. Превкусно е
Здраво девојки, јас со ун некој си 15-16 дена ја држев ама не можам јас со диети, имам мој начин на кој сум сигурна дека ке си ослабам, мене диети ми делуваат првите 3-4 да ги изгубам и после тапкам во место Вака од понеделник ке си терам по мое, бидејќи без житарици јас денов не можам да го поминам кога ги јадам стомакот веднаш ми се израмнува, да јадам манџи, меса навечер и тоа не можам тешко ми доаѓа на желудникот. Од понеделник доручек обавезно ке ми се житарки и овошје, ручек тоа што имам дома и навечер салата, без леб, газирано, пржено, чипсови грицки и такви работи ке ви пишувам редовно
@Carolin. Со тебе сум! Наутро овес, ручек воглавно јајца,туна или месо со салата и евентуално оризови галети место леб, и навечер салата или супа. Ун и јас јас напуштив
Јас од Ун се одкажав, се чуствувам подуена и стомакот ко на трудница ми стои, не знам зошто така, не може секому да делува едно исто.