Здраво диеталки тука сум уште јас. Од 10 јуни сум на своја исхрана и добро се држам. Во понеделникот си дозволив пица да јадам, многу ми се јадеше и знам ако не јадев наредните денови само ќе ја мислев и ќе ми беше тешко. Не се каам и наредниот ден си продолжив со здрава исхрана. Резултати имам, луѓето околу мене почнаа да приметуваат, а тоа ми дава дополнителна мотивација. Почнав и да пешачам, искрено сакам и да вежбам. Имам целулит на нозете и страшно ме нервира. Се надевам на уште минус 10 кг и чувството ќе биде прекрасно.
Јас вчера прекршив. Првпат. Се обидувам да не се чувствувам виновно. Изедов геврече. Доручек: виталиа мусли + млеко (требаше нешто друго да земам после прекршкот, ама океј е, треба да ги изедам да не ги гледам веќе...) Ужина: 2 праски Ручек: зелено смути Вечера: цезар салата (ќе излегувам со друштво па така...) Вежбање: 1 час на орбитрек + вежби за стомак + пешачење Мислам дека на многу малку калории ќе сум денеска ама се чувствувам многу виновно за вчера и за појадокот, не можам да си дозволам повеќе.
Интересен метод од типкава со броење калории, ама не она броење до ситница, туку порелаксирано. Погледнете, мене ми се допадна многу и почнав да применувам, па ќе видиме. Еве и уште едно нејзино видео како продолжение на првово со по неколку предлози за оброци.
moj sovet za slabeenje: obavezno sport bilo sto nikako vecera dorucek i rucek normalen spor no ZDRAV nacin za slabeenje
Како никако вечера, мене вечерата ми е главно јадење во денот. Здрав начин на слабеење значи 3 оброка дневно, идеално е на чинијата да имате јаглени хидрати, протеини и масти за секој оброк. Инаку, јас имам Многу за симнување и ми е страв од вишок кожа. Ќе одам пополека, најмногу 4-5 килограми месечно, а може и помалку, плус уште немам 18 години, плус вежбам така да се надевам дека ќе биде се во ред. Ама се грижам затоа што не користам никаква тежина (тегови) во моите вежби, туку можам само кардио и вежби за затегнување без никаква опрема. Мислите ли дека со тие за затегнување може да се намали вишокот на кожа?
Невечерање може кај оние што до 10 си легнуваат. Невечерање кај мене е пат до загарантиран неуспех, затоа што најрано што заспивам е 02:00. Епа од 4 ипол поручек кога ручам, до 2 сабајле има 10 саати. Еден ден доволно ќе огладнам за да ми се смачи и да се откажам. Пробано ми е, џабе трудот е секогаш. Вака сега ми е подобро, вечерам секако, не повеќе од 300 калории оти не ми се ни јаде повеќе, гледам докај 20:30 да вечерам, па пак имам 5-6 саати до спиење што е добро.
dietata ima dobra no i losa strana. organizmot ima potreba i od mrsno itn... sekako vo normalni kolicini
Во 100гр џигер има околу 100 гр калории, на еден оброк би требало околу 300гр. да изедеш. Е сега дали е токсичен не знам, ама глеј малце мешај јадењето Јас денес имам уште 650 калории ама ништо не ми се јаде, а тоа е скоро уште пола од вкупно калории. Ќе акнам едно пивце, Корона 150 калории има во една флаша. И ќе лапнам рибизли.
Не консумирам месо никакво, па не ме ни интересира колку е џигерот токсичен. Инаку, знам која му е улогата кај живите суштества
Вечерата е оброк како и доручек и ручек. Вистина е дека доручек треба да ти е најобилен ама не можам да замислам без вечера да останам. Јас станувам во 8-9, појадувам, ручек, како најнебитен оброк, ми е накај 1-2 и вечерата ми е до 7 најдоцна. Си легнувам пред 12. И секако ужини си дозволувам меѓу оброци најнормално. Јас не сум тука да се изгладнувам, овој режим ми е за цел живот. Секогаш ќе советувам да не се прескокнува ни еден оброк, да не се исфрлува ниедна хранлива група од исхраната. Се имам информирано толку многу пред да почнам со здрав режим и сега уживам без да се малтретирам и да имам по пола јаболко за секој оброк.
Не пазам на грамажа. Повеќе глеам да биде протеинска исхрана. Верувајте има резултати. Ако ми се јаде стек, јадам и по 300 - 400 гр во текот на денот. Само што не ставам сол и никаква зачини. Не користам никакво масло. Само варено и свеж зеленчук. Сакам организмот да ми е сит. Ако ми се пие литро јогурт го пијам. 2018та симнав 15 кг за два месеци само според ваков режим.
Вакви диети имам пробано во минатото, и да успешни се. Ама не можам вечно да живеам на варено месо и салата. Ќе ослабам и враќам после. Затоа знам дека не е реално тоа, барем за мене. Башка не ми е важно брзо да ослабам. На крај на месецов -5 да бидам, презадоволна ќе сум.