Апсолутно се согласувам, само да бев толку упорна во откажување цигари колку што сум упорна со шеќерот, непушач ќе бев Ама навистина сите овие години, не успеав друкше кафе да засакам. А и секое кафе со млеко пијам. Нес, турско, филтер - без млекце и шеќерче не можам... еспресо и др. кафиња на база на еспресо воопшто не пијам. 10кг не се премногу. Зошто не се обидеш со вежбање?
@CameliaMiller Затоа што се вадам со “не можам од бебето” Не знам што и како да вежбам. Страв ми е да не се воспалам цела,па да не можам во раце да ја кренам. По цел ми е во раце, ми треба сила. Сум пробала... многу брзо се откажувам. Почнав со plank,сакав да го зацврстам стомакот кој после царскиот не изгледа воопшто добро , таман помина мускулната болка-се откажав.. Стварно не знам што да вежбам.
Дечки..имам вишок 5 6 кг..сакам да ги симнам секако..ама ме кочи што работам физичка работа 8 часа во денот сум постојано активна на нозе...и трошам и огладнувам...што да праам совет?
Запиши се на аеробик Мене многу ми беше убаво. 3 пати неделно. Само сега доволно сум тешка да не можам да издржам 1 саат на нозе, па ќе морам да комбинирам фитнес, со стоечки и седечки вежби. Инаку да подослабам, аеробик е закон
Имам ослабено 3-4 кила за 12 дена. Мене тоа ми е премногу така да ќе се обидам повеќе да јадам, но ќе продолжам да вежбам 6/7 дена во неделата, па ќе видиме. Можеби ќе треба и малку помалку да вежбам. Доручек: тост од whole wheat леб со кашкавал направен со путер + кечап Ручек: ќе видам колку сум гладна, но најверојатно овошје, салата, нешто лесно. Вечера: домашно направена кинеска храна со пилешко, бел ориз (!!! не бидите како мене, не јадете бел ориз) итн. Активност: -вежби за стомак -вежби за раце (пауза ден од кардио) Не би ви препорачала да се храните како јас што ќе се хранам денеска. Појадокот и не е толку страшен, ама белиот ориз.
Ваљда нема цела тава бел ориз да изедеш Јадам бел ориз, ама само варен, со малку златна мешавина, како гарнир, кога главно јадење ми се печурки
@CameliaMiller Нема во мое село такви активности Има една теретана која брои 10тина справи и одат исклучиво мажи. Аероник,зумба,јога.. in my dreams. Вежбање само дома. Сакам паралелно со кето предизвикот да најдам и некој 30дневен фитнес challenge. На време со Jillian Michaels вежбав,треба нешто слично да пробуричкам.
Денес 4ти ден. Оууу добро е. Напредува. На мени белки, патлиџан, магдонос, кромид, урда. За вечера веројатно риба со лимон. За ужина: 5 - 6 бадеми. И вода не знам више колку пијам. Само земам шишенца од фрижидер ладни. Се мислам утре да правам протеински мафини ама ќе видиме. Ако не ме мрзи.
Денешно мени: Доручек: банана палачинки (1 банана + две јајца + какао по избор) + малку мусли одозгора + вишни Ручек: пуканки + подоцна лубенче Вечера: грав + сирење Не сум задоволна како се хранам последни неколку дена. Утре ќе се обидам подобро, па после 2-ри август.
https://www.crnobelo.com/hrana/dieti/68156-tridnevna-vojnicka-dieta-so-koja-ke-stopite-4-kilogrami што мислите за оваа диета?
Мојот начин да делување кога внимавам построго- секогаш салата за да не го нападнам главното. Најчесто зелка, цвекло и морков, ретко таратур, тиквички-не панирани, обични на скара, печурки на скара, стек на скара со прилог салата-напоменато при нарачка. Ако ти го донесат со компир веројатноста да си боцнеш е голема, а за замрзнат помфрит не вреди. Пилешки ражнич со зеленчук. Колбас ако некој домашен од проверен ресторан со салата. Секаква печена риба со лимон. Без десерт Избегнувам мелено зошто сигурно е со лебни трошки. И секако сведување на седењето во кафани и ресторани на максимум еднаш неделно.
Вчера главно на течности го минав (вода не сокови и кафе), праски, многу малку сончоглед. Денес исто ќе ми биде. Почеток со малку шок и прочистување. Ајде вклучувајте се, мотивирајте ме и мотивирајте се.
Каде сте децО? Лето дојде и заборавивте диетите? Јас официјално сум 73кг, т.е уште поофицијално тоа значи -13кг севкупно изгубено. I’m really proud of myself. Моментално сум на 30 дневен Кето предизвик, кој го започнав и поради килограмите, и воедно да се оттарасам од канидата. Досега сум малку во кг, но повеќе во обем ослабена. Ќе ви пишам за една недела, т.е на точно 2 недели ќе мерам обем и килограми.
Хелоу женски. Америка и нездравиот начин на живот таму ми донесе 9кг плус. Со оглед на мојата висина не можам да си го дозволам тоа, многу потешкотии ми создаваат тие неколку килограми до тој степен да станав безволна, одењето по скали стана хорор за мене, за едно врзување патики трошам огромен напор и сила, така да сите овие работи ми станаа преку глава и решив дека мора да се вратам на старата килажа. Прва недела ми е на хроно, се надевам ќе има резултати, од физичка активност нема ништо освен одење пешки од работа до дома по подолгиот пат.