Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Extraordinary.girl од мене имаш најјјјјјјјголема поддршка на цел свет да знаеш и тоа во секое време.Инаку еве и јас од вчера сум на диета,но истовремено и скокам на јаже секој ден,зумбам и дигам тегови веќе некој си месец дена.Мислам дека имам 6 кг вишок,т.е сакам да сум 52-53 кг до одмор,значи месец дена,така да држете ми среќа,ќе ми треба.Let the force be with me :lol:
     
    На Extraordinary.girl, zhap4e и Trendafilka им се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    уф ролав до сега 1 саат :) јадев во 2 икри и мусака, и после во 6 само мусака, а сега не знам, само чаша јогурт ќе се напијам, но не се задоволувам толку, накај 10 ќе мавнам зумба 30 мин ]:)
     
  3. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Мислевте ме нема веќе на форумот?
    Грешете. Бев на гости.
    Преѓеска легнав во 5 и станав во 9 [сабаље] наааааспиено и гледам ме чека мало пакување Киндер чоколатца. Бебенца мили си ги слапав едно 30 мин. ги јадев :D.
    Потоа 2 рибанки со крем и во 5 ќе ми припаднеше - четврт бурек.
    -btw. повеќе од 900 немам внесено, а и не се сеќирам.
    Вчера тост еднооо супер што јадев, го „сонував“јадејќи го 1 час |(
    Ма давам НАЈГОЛЕМА подршка, ќе успеете.
    PS:Валерин, 4 парчиња пица ти се 360 калории, ма не се сеќирај бре женска 8)
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.191
    Допаѓања:
    156.738
    Од утре,медицинска златна диетичка,да си финиширам,ама затоа денес и тост си бапнав и крекери и ич не ми чуе право да ви кажам.Ама истрчав 6 км.
     
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Гага пицата вчера ме фати околу 1000 калории бидејки 4 парчиња беа во прашање, а само две имаат 500 како што веќе кажаа девојките претходно :$
    А бурекот и јајцата (киндерот мислев) :lol: се и те како калорични. Биди сигурна дека си внела маалку повеќе од 1000 калории.
    Но ти немаш толку проблем со тежината, така да дозволено е :)
     
  6. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    WTF? Не е точно. Не се занесувајте бре пицата цела има 900 калории. :tmi:
     
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Некоја феминка пишала од нервоза се слабеело?
    Можда нервозата делува така на нејзиниот организам не знам, ама јас знам дека стресот и нервозата итекако дебелеат.
    Посебно стресот, затоа но стрес, но нервоза за побрзо борење со кг . :muscle:
     
  8. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Не дај боже стрес! Све пред мене јадам - не доволно. А пак благо ако има... :devil:
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Стандардно - цедени лимони со лен.
    Јаготки. Овесни трици со мед.

    Печени тиквички и дури еден ражнич.
    Салата.

    Супа.

    Крај.

    Девојки, браво за оние кои трчаат.
    Некаде прочитав 10 км! :o
    Како бре, како ви успева?
    Јас 10 дали ќе ги изодам...

    После 20 дена интензивно зумба, орбитрек, секојдневно пешачење, а од пред некој ден комбинација од тае бо + стомачни, па мислам дека не би истрчала ниту километар.... браво.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.191
    Допаѓања:
    156.738
    Се истрчува и тоа како.За 2 недели набивање на кондиција,ама по програма,кој ден по колку и со кое темпо.За 15 минути треба да си во можност да ги истрчаш со средно темпо без особен замор и напор.Кога ќе го можеш тоа,значи супер функционираш.
     
    На Dulce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Јас си трчам секојдневно на фудбалскиот стадион 10 круга со другарка ми и одлично се чувствувам.Почнав и зумба од денес, интересно е и тоа. И плус редуцирана исхрана мора да има резултати.

    А слушнав нешто секое утро да се пиело лимон и маслиново масло, само незнам колку лажички точно и за слабеење било добро. Слушнал некој вакво нешто :?:
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.082
    Допаѓања:
    66.928
    Пол:
    Женски
    Јас мразам трчање. Се чувствувам некако... хммм, неприродно :lol: Затоа си вежбам по дома, најопуштено :) Јас ако продолжам вака ќе ми треба морална поддршка да почнам да јадам. И денес само овошје нешто каснав, колку да не сум без ич. Топло ми е, уста не ми се отвора...
     
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Абее за трчање потребно е мнооооогу кондиција, не може туку-така одеднаш ај де почни да трчаш и ќе видиш една минута колку и да си слаб ако немаш кондиција ќе се замориш и срцето бум-бум-бум и ооп одма одмор.
    Затоа напорно одеднаш не се почнува, прво со мерење на време и метри и постепено, одеднаш е штетно и колку и да си упорен ќе папсаш и ќе се одкажеш, од искуство ова.
     
    На gaga.rocks му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Lux доволно кажа ;)
    btw. пуканки за вечера - да си започнам од утре така. За калории не се многу, али малце солта ме за***ва. што велите?
    :)
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.191
    Допаѓања:
    156.738
    Не знам на памет,ама си пишува по посебна програма,на колку метри кој ден,во која недела се трча,па колку метри брзо се оди,ама никако запирање,освен ако ептен не можеш,па да подзастанеш со рацете на коленици,ама да не седнуваш.
    Многу добра ствар е што ти се враќа бодроста на телото и многу полесно се осеќаш и се правиш полесно.Баш напротив,најприроден начин за слабеење на телото е трчањето,а зумба,пилатес и слични глупости се комерцијална ствар,која е навистина ефикасна и забавна и сработена врз основа на отпорот на луѓето кон трчањето.Е сеа,не секој може да трча,тоа е факт.Луѓе со проблеми со срцето најмногу,проблеми со коските и зглобовите и оние со мн.кг. вишок,кои без физичка активност или со лесно одење мора да ги симнат,па да почнат да трчаат.

    Се на се,каква и да е физичката активност,полезна е,ама за кондиција само трчање.
    Скоро читав некаде по проталиве,дебелите луѓе со кондиција се во подобра здравствена состојба,отколку слабите без кондиција. :)

    Гага,секој има право да пишува и да прави шо сака у животов,демократија,ама мајке ми,кога ќе те видам на темава ми се темни.Ова твоево не е само внимавање,туку опсесија.Ти девојче стварно не знаеш што значи проблем со дебелина и стварно ми е грдо кога читам некој како си го сквернави телото.Со тие кг ќе ти отворам тема морална поддршка за повеќе јадење.Да сум ти родител,сериозно би се замислила што ти е.Со 40 и кусур кг би јадела што сакам,кога сакам и нема да се замарам,само ќе вежбам чисто за да зајакнам,а воедно ќе качам здрави кг со качување на мускулна маса,а не да се потам на зумби кои топат само и да не јадам.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Да, точно е, трчањето е најздрав и најефикасен начин и за слабеење и за одржување и за други работи за здравјето првенствено, поентата е што не може секој да трча и што се нема доволно кондиција за трчање и затоа се одкажуваат.
    Ако можеш да издржиш да трчаш подолго од 5 минути без замор веројатно имаш кондиција, ако не, фрлај се на работа е работава, ама знаете што е битен фактор? - ТЕМПОТО, да трчаш во едно темпо, значи ако си почетник треба споро, ако запниш брзо на почеток многу брзо ќе се замориш, со поспоро темпо полесно е и за стекнување кондиција и за поспоро уморување.
    А да, и за полесно, на почеток не мора да трчаме цело време без престан, убаво било и поттрчај неколку минути во едно темпо, па после примени брзо одење неколку минути, па пак вратисе на истото темпо и така пример одреден период(во недели, денови) дур набиваш полека кондиција и после веорјатно ќе имаш поголема и подолго време ќе издржуваш и донекаде ќе се изненадиш самиот од себе, колку си можел на почеток, колку можеш после одреден период.
    Морам да почнам со трчање бе луѓе, тоа е најголемиот противник и смрт за целулитот .
     
  17. tigeress

    tigeress Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
     
  18. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Лилит невидлива си за мене :)
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.191
    Допаѓања:
    156.738
    Што ме прочита,видлива сум и друго,хани,ако ти продолжиш така,ти ќе станеш невидлива.
    Човек што ти збори за твое добро,а ти си мала,неблагодарна,арогантна и истовремено некултурна,а друго е што повеќе ти забележаа.
    Ајт,прави што сакаш.
     
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Гага бе, во ред што си толку оптеретена со телото, изглед, ја те сфаќам потполно, ама немој бе дотолку, тоа ти се замерува, дека не е убаво за тебе, ја ко бев анорексична и мислев дека сум дебела кај беше Лилит да ми акне еден шамар и да ми рече девојко претеруваш, ова најсериозно 8)
    Ама ајде, немој да се зафркаваш со сопствено здравје, мене не ми смета твоето броење на калории само немој толку да се замараш, немаш потреба.
    И место пуканки мојш житарки со млеко или јогурт, тоа поубаво ми е мене , него пуканки тебе не знам како ти одговара, а и зависи од тоа колку ќе ти се јаде и си јадела претходно дента ;) .
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.