Четврти ден и ништо освен течности не ми сака телово. До сега само кафе и праска. Подоцна можно е мала чаша томатело со зачини.. пилешки стек и толку.
Здраво, не знам дали ова е соодветна тема за моето прашање но ќе си ја пробам среќата . Ве молам доколку некој има искуство со Д-р Митов да ми пиши нешто повеќе. Благодарам
Здраво, би сакала некој што имал искуство или па слушнал од други, да ми каже која од тие диети изгуби х (поголем број) кила за пр две недели т.е краток период (ме разбирате нели) е најдобра и најефикасна? Да свесна сум дека воопшто не се здрави овие диети и дека секако има јо јо ефект но овој пат ептен ми е итно, за две недели имам многу важен настан, после тоа веетувам ќе почнам со здрава исхрана и вежбање
Јас ја држев диетата до јаворов сируп, 10дена е ама имаше и те каков ефект Никогаш не сум имала порамен стомак и поубава кожа
Пет. Мотивацијата ми е сеуште присутна. Издуеноста, т.е. течностите се слизнати. Цревата прочистени)) За јадење, поима немам шо ќе биде...правев полнети пиперки со ориз и месо ама јас нешто немам ќејф за такво нешто. Туна можда, јајца варени..салата некоја.
Шести ден. Ептем сум хепи. Мотивација продолжува, немам напади на 'сеа ќе го изедам фрижидерот', се е под контрола и ќе се иде даље. По одреден момент ќе може и физичка активност, ова жешково да мине прво оти срцето ќе ми откаже. Денес...за сега јогурт за подоцна ќе видам што ќе ми се јаде. Можда компир да сварам и домати,краставица салата, вечер па јогурт, јатки и тоа е. Мишелинките се слизнати али рано е за веселби. Ова се течности и ако продолжам, а ќе пошто конечно инаетот ме фати....ќе заличам и на човек.
Јас ги имам пиено капсулите од SLC и немаше апсолутно никаков ефект. Истото е и со чаевите. Без правилна исхрана пиј што сакаш залудно ти е. И мој совет, подобро не се лажи со чаеви и апчиња ќе си заштедиш пари , а воедно и нерви. Верувај ми нема никаков ефект.
Резултати за 12 дена на Кето: 1ви август 75кг Обем на рака:32 Обем на гради:98 Обем на струк:90 Обем на колкови:103 Обем на нога:62 12Август 73кг Обем на рака:30 Обем на гради:91.5 Обем на струк:82 Обем на колкови:100 Обем на нога:58 Вагата во пензија оди. Од денес само метрото ќе “игра”.
Браво Chanelle. Требаше и јас да се измерам со метрото. Седми ден. Боље не сум се осеќала сто години. На пола ми е телото од балонот кој бев. Се е спласнато особено половината и стомакот. И сепак ова се течности. Коа фаќам кожата сега, толку минијатурно салце има не неа...а изгледав ко двеста кила да имам, отечено, изобличено. И градиве не ме стегаат деновиве, и срцето не го осеќам слабо ко да ќе престане да работи. Ќе сменам исхрана јас за до крај на животот. Денес...печени тиквички, моркови со лук. Јогурт, домати, варен стек.
За 10 дена е тој резултат. Јадам најчесто јајца за доручек, во комбинација со парче сланина и краставица/домат, ручек е месо секогаш скоро, вечера туна со маслинки/кисели краставички. Полнети модри домати со мелено месо, или со моцарела, исто често ми е на мени. Кога не сум гладна си правам нес кафе со стевиа,една лажица масло од кокос,малку млеко од бадем и шлаг внатре. Ова заменува оброк бидејќи внесуваш доволно маснотии со маслото и шлагот. Ужина кикирики со мала количина на јх или две коцки темна чоколада. Бадем,лешник, краставичка со крем сир.. Се уредно си премерувам на дигитална вагичка и си внесувам во my fitness pal, па водам сметка да дневниот внес на јаглехидрати не надмине 30грама. Многу вода пијам, и обична и кисела.
Ден 20, хроно исхрана. Појадок, пржени пиперки со јајца, тонус леб и домат Ручек, ради претоплото време трети ден како ручекот ми е само салата затоа што ми е претешко да јадам месо. Домат, маслинка, пиперка, белка од јајце, кромид, зачинето со оригано и маслиново масло Вечера, парче месо со салата Се немам мерено ниту во обем ниту во килажа, ке чекам да помине месец дена и тогаш ке се измерам затоа што секогаш до сега вагата е она што ме демотивира. Се станува полесно, полна сум со енергија и од четири реда стомак сега остана само еден. Разликата се гледа само се плашам дека вагата нема да се сложи со мене И ден 20 без благо и лубеница, тоа ми е најтешкото и не ми се верува дека издржувам без било каков вид на шеќер. Вода по минимум 3 литра дневно деновиве И така...
Осми ден кој инает ме има фатено, т.е. ми се има вратено, немогуќе. Ми фалеше оваа мотивацијава. Урда (несолена некоја), пиперки, јогурт, домати..такви ствари за денес.