Па очигледно сакам чим барам хелп Единствен проблем ми е шеќерот па затоа имам проблем со начинот на исхрана. Не можам да не јадам и кога сакам да ослабам знае да падне. Незнам ни како да го контролирам а да нема проблеми со тежината.
@Dashing:) Срцка ти не треба да симнеш килограми, колку и да си висока (т.е. ниска) не верувам дека грам од тие 46 килограми се вишок. Што треба да направиш е да се сакаш повеќе и евентуално да правиш вежби за затегнување, што и мислам дека е проблемот ако се чувствуваш дека треба да ослабеш. Прави стомачни, вежби за нозе, има многу на јутуб и за неколку месеци ќе видиш дека само тоа ти требало а не слабеење. Ова е најдобар совет што можам да ти го дадам затоа што да сакаш да се симнеш до 40 килограми не е здраво размислување а уште помалку здраво ако навистина се обидеш да го направиш тоа.
Немам проблем со љубовта кон себе. Единствен проблем е шеќерот Размислувам за ун диета, бидејќи има и благо во неа или да си склопам некоја своја секој ден само 3третиот како во ун, т.е. само тесто да јадам може ќе личи на еднолична исхрана Има некој правено експеримент ваков?
@Dashing:) со таа килажа се што можеш д анаправиш е да си го зафркниш метаболизмот диета па јо јо ефект и така ке го изпореметиш организмот па после само ке одиш нагоре со вагата затоа само вежбај и формирај мускулна маса друго не ти треба доста си набиваш комплекси Денес ден незнам кој хахаха појадок банана 3праскии 1круша ручек пинџур-модар пиперка и патлиган со лукче
20ти... Вчера, црвена пиперка ипол, полнета со урда и јајце, печена у рерна, плус домат за ручек. Филџан томатело со оригано, неколку кикирики вечера. Кисело јаболко и зрнца грозје за ужина. Денес ќе видиме...ако можам, ќе истерам течен ден. Ако не, здравје. Трпение спасение. Половината ми е стопена, треба уште и бара вежбање, искрено. Стомакот такуѓере. Грб подистечен,раце, гз, нозе. Уште чварци за топење има и мускули за обликување после ќе останат. Вчера повртев малку орбитрек и како ми се раздвижи енергијата...една недела вежбање и мислам ќе стопам повеќе од дваесте дена режим. Претерувам, али фино е за бустирање на ова старчевско, успано тело) држте се.
@zhap4e Може ли споделиш начин на приготовка на пиперката со урда и јајце во рерна? Најверојатно е само мешање на урда и јајце и полнење на пиперката, ама колку е одприлика соодносот и колку време се пече одприлика? Ја имам јадено комбинацијава во пржена верзија и баш ми се допага, а и обожавам кобинација урда и јајца Ама печена не сум пробала а дефинитивно е подобра опција. Сакам да заврши летово само заради сладоледот, не можам да му одолеам
не сум многу по точните мерки, повеќе пиперки, големи црвени земав и пола од онаа осоговска кравја урда искористив со две јајца. Овој пат ги засеков пиперките на половинки и на секоја половинка намачкав од смесата. Тавчето го премачкав со малку масло и малку врз секоја пиперка. Печев на најјако, не знам точно колку време но ќе приметиш по пиперките..омекнати ќе се и малку боја ќе фатат. Следен пат нема да ги засекувам за посочна да е урдата оти пиперката ќе пушти сок врз неа.
Регулирајте ја количината на оброците и времето на конзумација, отфрлете леб,благо, мрсна храна,газирани пијалоци и грицки. Јадете умерено и имајте многууу физичка активност од седење дома нема никакви резултати, кај мене се покажа ова успешно со изгубени 45+ килограми, но морам да напоменам дека секој метаболизам е различен и не мора да значи дека кај сите резултатите ќе бидат исти. Ви посакувам среќаа и што е најважно во најтешките моменти НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ...
Ден број незнам кој овошеееенннн еден овошен еден протеин или скроб и пак овошен таква ми е сеа тактиката видечемо
21ви. За сега празен стомак пошо идам на испитување, може ќе го искористам желудников за да биде течен ден, најмногу кисело јаболко и кисело млеко да јадам. Вчера мрсев...мало парче домашен пица бурек со готови кори,кечап и посебна малку)) најс. Еднаш на сто години частовка. Вечерта пола домат и две лажици урда.
Тушкам некако вчера тој овошниот многу тежок ми се виде 4ти за оваа недела вчера 1банана 2праски 1краставица 3патлиџани 2кафиња и тон вода Денес појадок 1банана 2праски ручек планирам пилешки џигер +патлиган салата Сега за сега е добро јас се осекам убаво некако полесно се осекам стомакот и визуелно ми е израмнет а и добив комплимент сабајлето шо вака сум изцадена на лицето мое е да терам даље за исте паре
22ри... Посен ден,посни ствари ќе се. До сега,пола кисела јаболка, една праска, неколку кикирики. Покасно за покасно.
За вишок кожа еве и теб е и на другите да ви пишам вадење на кожата и салото кај Даскалов во ремедика 2600е резултатите се гледат и во наредните 6месец сепак хирушки зафат е Додека сум тука да се пријавам за успешно испукан овошен ден 2банани 2патлиџани и мнооогу вода и едно нес со млеко несот не се уклопува у овошниот ама ај се тешам не е страшно за утре уште сега се токмам за ручек мевце на скара најбитното вагата лета надоле дури и не ми е верно затоа не пишам колку се мислам ме лаже
23ти... не знам шо ќе биде, од 20 саат синоќа сум без јадење и пиење ради испитувања..ќе видиме. Вчера, освен она за доручек, изедов мало парче ослич и малку краставица за ручек. Потоа кисело јаболко, малку корфнлекс погрицкав и пред 20 кришка црн леб и шолја томатело.