Вчера 25ти..не беше по прописи пошто патував и пошто "мораше" да угодувам со јадење се' и сешто што ми се принесе. Претходниот ден ориз тавче без месо,со домат,пиперка морков за ручек малку за вечера малку,кис млеко и истото овошје. Денес, 26,ти..идеме даље. Волјата не ми е спласната. Ми фали вежбањето, многу побрзо ќе беше ако вежбав али..битно се' повеќе енергија имам. Да видам резултатите од испитувањата во понеделник па, ќе планирам шо како понатака. Режимов ќе си го држам. Се изнадрндав глупости по сабајле.
27ми...вчера, малку ориз и малку пилешко за ручек. Малку компир и многу кисело млеко приквечер. Диња сабајлечки. Денес ќе видиме.
денес појадив 1банана и 2праски ручав лека манџа и стомакот ми се буни одма гасови милион и станав одма балонче
28ми.. вчера, јаболки сабајлето и кафе. Слабо пијам деновиве оти ми смета. Шо е фино. Кисело млеко и салата домати,краставици, плус варено јајце, малку кашкавал и козјо сирење. Вечерта пуканки. Веќе треба да се ориентирам кон вежбање,оти се осеќам многу по ок, повеќе енергија имам, не сум млитава ко шо бев. Плус, измачување ми е само режим ако продолжи, пошо, ова што е останато - стомаче, чварчиња лево десно.., никад не ќе се оправи само со контролирана исхрана. И тоа. Денес на мени..ќе видиме.
жабо само ја и ти ратуваме изгледа денес овошен да се оправам од вчерашниот ден од таа леката за ручек 1банана 2праски појадок вагата де горе де доле оде незнам шо и е бутурт ама ми иде да се откажам
да се доведеме ние во ред па, нека да сме сами ратници))) таман реков дека ќе почнувам да вежбам и нешто ми направи крц во коленото. Хахааа! Тешко мене со оваа старудија од тело. Денес... пилешки стек, диња, домат за сега. Патлиџан и сирење ваљда вечер.
Не знаев каде да прашам па решив тука. Дали некој го пробал шејкот од форевер ливинг баш за оваа намена искуства ме интересира
29ка)) ќе се частам макарони со сирење сабајлечки, малку, пошто ми кркори желудник..леќа ручек. Коленото боли, вежби ..у лежечка положба ќе бидат)
Мене само броење калории ме спасува. Си инсталорав фитнес пал и за 5 дена 1.5кг симнав. Бел леб, грицки и газорано не јадам. Без благо не можам и еве пак минус кг. Знам дека е вода, но голема мптовација ми е. Идемо даље за исте паре . Со среќа.
до 30ти ден се стигна. Лесен ќе биде ... кисело млеко, овесни, обичен корнфлекс. Мозоков и телото се навикнаа да бираат и пребираат и се навикнаа на мезење. Такихардија каква имав, притисок у гради..неамам осетено цел овој период. Тоа ми е уште поголема мотивација.
Јас нема да диетувам некој период, само повремен пост.. т.е ќе се јаде од 10 до 5 навечер а после тоа ништо.. Ај да пробаме
Мој совет е прво да појдеш на лекар и да видиш зошто ги имаш - крвна слика нека ти направат. Ако треба да слабееш и истовремено имаш такихрадии, во никој случај не го испостувај организмот со гладување. Уште повеќе ќе го ослабиш срцето. Внесувај протеини и здрави масти повеќе, помалку јаглехидрати. Ништо не исфрлив освен што намалив со кафе, чак и какао помалку пијам. Од се' јадам ама внесувам во апликацијата my fitness pal за да видам дали претерувам со јаглехидрати и шеќери особено оти имам проблем со тоа...плус, дали доволно протеини внесувам.
Pijam apce za tahikardija prepisano od kardiolog.. Ti blagodaram na info. Kolku si oslabena za 30 dena?
До сега ве гледав скришно и неофицијално, денес почнувам официјално. Сакав вечер да пуштам мислење после успешен ден, али еве ќе пишам сега дур имам време. Денес утрово се исцедив од вежбање. Онака дур пишам ми се чини дека секој мускул го сеќавам кај е. Многу за успешни денови ми помага водење дневник. Јас посекако сум водела дневник ама сега и вежби и храна почнав да внесувам па денојве, со мали исклучоци, се доста успешни. На крај имам оставено место за оценка, зависно дали цел замислен план сум го исполнала. Се мотивирам така, сакам убај оценки. Сам свој наставник муабетот. И денес сакам да го рачунам како ДЕН 1 чисто за мотивација и во глобала зошто почнав со едни вежби од старт оти немаше шанси да се оптегнам поќе на право. Ама за вежбите ќе пишам во соодветната тема. После ручек, таман да залади оти по жешково живот нема ќе одам и во теретана. Понеделникот кога се мерев 70.0кг, коса ми се крена, ми се приплака дека уште 7ка ми е првата бројка. Ама јуначко срце - мерив и обем и се фатив на работа. Денес 68.9. Знам дека ништо немам баш изгорено и се е то течности ама е ставарно голема мотивација ко ќе оди надолу вагата. Си симнав неколку апликации и сакам да зборам за нив зошто кога ќе зборам со некои членки колку апликации имам во телефон и постојано дека сум на лоу мемори се смејме за то ама знат дека ако им треба за нешто апликација да ме прашат оти веројатно ми е пробана. Од таму, си симнав апликација за внесување вода. Одамна барам добра апликација за тоа и сменав неколу. Дур и една каде полевав и си растев цвеќе. Ама сега си ја најдов вистинската и пошто пијам доволно вода - јадам помалку. Имаш опција да те потсетва на 1 сат да пиеш вода, и имаш опција да те потсети кога теоретски би му требало вода на телото. Јас пошто пијам од чаша 400мл, ме потсеќа на околу 3 часа. Плус е многу лична и симплистичка, то е секогаш голем плус кај мене. ЛИНК Следна апликација која ја користам и која никогаш не сум прекинала да ја користам, макар и ко ќе сум гнетела благо и упорно ми светеше црвено - мојата омилена апликација за броење калории. Како widget ми седи јаболко. Ако е зелено - си во калориски дефицит. Ако е црвено - си надминал калории предвидени за тој ден. И лично преферирам да јадам зелено јаболко и ми е како плус мотивација некогаш да посегнам по едно кога ќе ме застрви апликацијата. Мора вака сама да се лажам, оти нема кој да ме лажи. ЛИНК Овие би рекла дека ми се најбитни во поглед на исхрана, во поглед на вежби кои ги користам ќе пишам во соодветна тема. Да, цел ми е да ослабам ама ја имам таа цел за да бидам здрава и неќам да ослабам на нездрав начин зошто тогаш нема да се гледам себеси како здрава личност, како што не се гледам сега. Зависта ми е благо и то е едина причина зошто некогаш кревам и само кревам. Немам самоконтрола. ДЕН 1 5/9/19 Појадок - овесно смуди (банана, малини, аронија, овес, јогурт) 451 калорија, и уште ме држи имајќи во предвид дека сум во движење цело утро, ама то и ми беше целта со калоричноста. Ужинка - нескафе без шеќер, со млеко 99 калории, млечно баѓи го напрајв, јбг. Друг пат поќе памет. Ок и јаготче има тука едно демек за украс ама го голтнав. Допрва: Ручек - ориз, копан, салата, само уште да се решам каква салата. Немам за ова колку калории зошто ова ми е во план, уште не сум до тука стигната. Далеку е ручекот. Ужинка - дупло еспресо со мраз и има едно полнето јајце шо сакам да го пробам со кашкавал и било какво чадено месо. Еднаш беше неуспешно оти на висока температура варев па ми пукна, сега ако памтам и ако не го зафркнам јајцето сакам да ужинкувам варено, полнето јајце. Да го манчам како да нема утре. Вечера - немам врска. Ќе читам да видам шо ќе јадите другите. Кога ќе излезам после ако земам марула можда една шеф салата ќе прам, малку калорично ко за вечера ама и не премногу ако ставам соодветни замени. Можда голема шопска. Ќе пробам да украдам некоја идеја. Имам многу семиња, ако завршам со работат можи некои интегрални гризинки ќе напрам, можда салата со киноа. Ако има некој со кој сме се дружеле лани, знајте дека мене вечерата ми квари сите планој. И од сега сакам да пишам тука секој ден, некој ваков долг и досаден извештај. Поќе е за мене вервајте, јас си барам начини на мотивација и држење себеси под контрола дур некои работи шо ги прам ми преминат во навика. Ко ќе ми преминат во навика лесно е. Прва цел: 60кг, да влезам во здрава тежина за мојата висина. 62 е за здрава тежина на моја висина ама сакам малку под горната граница да ми е првата цел. Втората цел ќе ја откријам штом прва цел се исполни. То е то, на кој не му беше мака да чита, ви благодарам што присуствувавте на мојот FOODtalk. Имајте убав ден и држете се, помалку ригорозни режими, поќе овошје и зеленчук.