Од вчера почнав и јас, многу сакам да се вратам на килажата пред да останам бремена. Вчера: -доручек: јајца со ајвер -ручек: грашок манџа -вечера: варен компир Денеска: -доручек: варен компир со ајвер -ручек: ориз со месо и марула салата -вечера: ориз со месо и кисели краставици
Еве едно резлутатче да пишам За точно 2 месеци: Обем на рака: -10cm Обем под раце: -10cm Половина: -7cm Колкови: -5cm Бут: -2cm Мислам дека е очигледно дека слабеам од горе надоле. Презадоволна сум на резултатите. Одиме напред.
Значи 45ти ден ќе да му се фаќа денес. Режимот се тера. Слабо вежбав деновиве оти немав баш услови за тоа, вчера дури па почнав со вежбање и плус се изнапешачив. Дур бев надвор од дома..исто си се држев до помалку калории со тоа шо, немав баш контрола некоја врз храната шо ја јадам освен врз количината..па се издувував, дури и метформинот не ми делуваше ко шо ми делува дур сум дома и имам контрола врз изборот на јадења (прочистува црева ко мрднат). Сега кога сум дома, спласна подуеноста и метформинот па ми ги излудува цревата)) викендов пак патувам, пак неколку дена хаос, али...глеам само да изедам шо помалку и некои работи во чинија да ги избегнам скроз. И т'ј.
Тоа е затоа што не се јаде свежо овошје на гладно.Најдобро било појадокот да ти биде протеински. Инаку за слабеење многу добар резултат дава intermittent fasting начинот на исхрана.Прогуглајте го.
Да си ја кажам мојата приказна, може ќе му биде на некој од корист. АВгуст месец 2018, носев број на фармерки 48. Знам дека имам вишок кг, ама точно колку не знам. Да напоменам работата ми е со стоење, и плус пешачење. Денес, после година и два месеци, носам фармерки број 38, кои ми се широки. Јадам се и сешто, ама знам дека ќе го потрошам. Порано се водев по некои диети, пробував се и сешто, но и се откажува брзо.
Се извинувам вака што касно одговарам. Мене ме вади движењето. Плус работата ми е на нозе. Инаку немам некој посебен ред за исхрана. Знам и чипс да јадам, и благо. Маана ми е што скокам оброци. И после се прејадувам за сите пари
Хелоу, Јас почнав од вчера со диетата на Ирена. Овде ќе пишувам што сум јадела, како распоред. И исто ќе барам од вас да ми кажете дали имам некоја грешка. Си бев супер ослабена претходната година во истово време, ама преку едн година оттогаш јас се опуштив и си јадев мислејќи дека ништо нема да ми биде. И кога се гледам сега на огледало се разочарав. Си вратив дел од килажата што ја имав. И сега решив со оваа диета да почнам да не е некоја многу строга диета и да ми е дозволено да јадам се. Но јас внимавам во исхраната за време на диетава. 1 ден- за поручек јадев кифла празна, едно јаболко и кафе средно со шеќер како што си го пијам. (дека треба да се консумира шеќер и јаглехидрати ама јас тука количински внимавам дека несакам да ризикувам да јадам благо наутро и да очекувам позитивни резултати) за ручек јадев макарони во мала количина со кечап и пред тоа пиев смути. за вечера јадев зелка салата, кисело млеко и парче сирење. Поддржете ме.
Поддршка!!! Но треба некои корекции во оброците да направиш. Ако сакаш да слабееш, во појадокот не внесувај јаглехидрати(и шеќери) особено овошје, бидејќи тие предизвикуваат покачување на инсулинот, а кога е покачен инсулинот преатануваат некои хормонски процеси кои помагаат при слабеење. За појадок пример можеш јајца. Јаглехидратите внесувај ги понатака во текот на денот. А вечерата ти е супер со кисело млеко и сирење. Можеш место сирење, урда да пробаш.
Па нели јајца не треба за појадок? Овошјето дава енергија и е шеќер па затоа наутро се јаде. Јас мислам дека оброците и се во ред.
Овошјето недава енергија пошто тој шеќер е фруктоза а фруктозата не се искористува за енергија туку се складира во црниот дроб. На сабајле се јаде варени јајца сако белка и порција овез со замрзнато овошје и банана. Бананата содржи калиум а овезот содржи здрави хидрати кој даваат енергија подолг временски период и исто така содржи растителни влакна и фибри. Овезод неправи брз инсулински скок пошто растителните влакна го одржаваат инсулинот во нормала. Овезот се вари бавно и затоа дава енергија подолг временски период. Протеинот е градител на мускулна маса но доколку немаме хидрати во исхраната,тој протеин не се искористува целосно за опоравак туку дел однего се претвора во енергија.
@DiCaprio @Capricorn96 @AAKG Да, па баш и јас се зачудив кога прочитав дека смее да се јадат шеќери, па и затоа не консумирам претерано шеќер. Досега пиев наутро кафе/чај со шеќер(обично го пијам со половина шеќер) и во придружба некое мало колаче, кроасанче од оние малите 7 дејс што се или што и да се најде по дома нешто такво. Не претерувам со внесот на шеќери наутро. Овошје сметам дека може да се јаде ама нешто како банана, јаболко или грозје. И јас во тоа што не сум сигурна дека треба да се јаде го прескокнувам. Јајца тврдо варени, јадев навечер. Значи воглавно се трудам да опфатам од исхраната све што е вклучено во диетата.
Како што ти кажа аакг, овошјето не ти е пријател при слабеење. Бидејќи овошниот шеќер се складира во црниот дроб околу 50 гр. а друго се претвара во масти, и 5 гр шеќер да внесиш или јаглехидрати го дигаш инсулинот, потруди се без никаков шеќер или хидрати наутро. @AAKG брат знам дека поштуеш маса хахахха али за дефка(слабеење/дефиниција) наутро е најдобро само масти и протеин, за воопшто да не го дигаш инсулинот. Така јајцата идаат цели плус јаткасти плодови или путер од кикиритки. Иначе и јас сум на маса сега и цепам како што викаш со овес банана јогурт и замрзнато овошје и јајца