Абе не е фиксно што и кога треба, може и месо со салата за појадок и јајца за ручек. Значи нема јадење кое е обавезно и мора да е така. Суштината е ако сакаш да слабееш, масти и протеини на утро, хидрати, протеини и жастипо тренинг(ако имаш потежок тренинг хидрати и пред) и вечера масти протеини од млечно потекло поради казеинот.
Зошто празна кифла? Што добиваш од неа? Празни јаглехидрати и нула протеини или витамини и минерали. Океј јаболкото, но мора да го спариш со нешто квалитетно. Како што ти предлагаат, на пример овес. 3 лажици овес (сосема ти се доволно) искомбинирај ги со мало лажице мелен лен (здрави масти) и мало лажице чиа (здрави масти, плус протеини, плус антиоксиданти и омега 3). Заедно свари ги во вода додека да се направи каша. Оладената каша искомбинирај ја со ете или јаболко, или јас би ти препорачала банана или цитрон. Можеш да додадеш и семки од тиква (плус протеин и здрави масти) или мало лажице путер од кикирики (здрави масти). Поентата е да искомбинираш се', и протеини и јаглехидрати и здрави масти, да извлечеш што е можно повеќе од оброкот. Ем ќе бидеш заситена подолго време, ем ќе јадеш здраво. Веќе ако наутро се решиш да јадеш некаков вид на леб, избери квалитетен и понекалоричен (читај ја табелата со нутритивни вредности на амбалажата и спореди ги лебовите, некои се со 220 калории на 100 грама, а некои се со 380. Има разлика, нели?). Таа кришла леб искомбинирај ја со варени јајца и свеж зеленчук. Зошто макарони? Исто како и со кифлата, ништо не добиваш од макароните. Претерано калорични се (можеш многу попаметно тие калории да ги искористиш) и имаат многу јаглехидрати (што и не е толку лошо, но има многу подобри избори на јаглехидрати со помалку калории). Ако внесуваш ЈХ, искористи го ручекот за тоа, но не заборавај на ПРОТЕИНИ! Со макарони со кечап ништо не внесуваш освен еден куп калории. Искомбинирај парче место (секако тоа да не биде виршла, поховано нешто, кобасица некоја и слично, туку пилешко/свинско/говедско/риба) со добар ЈХ како варен ориз, варен грав, варена леќа, варен грашок, варени компири, варена киноа, варен карфиол, варена брокула, варен наут, варена хељда, итн. Варени за да не мора да користиш масло. И не заборавај, сваж зеленчук. Никаде не спомна свеж зеленчук. Барем со еден оброк во денот јади салата. Салатата зачини ја со лимон или мало лажиче балзамико и мало лажиче маслиново. За вечера батали ЈХ, комбинирај протеини со свеж зеленчук. Туна со свежа блитва или спанаќ и свежи бели шампињони и свеж изрендан морков, на пример. Варени јајца со свеж зеленчук. Урда или моцарела со свеж зеленчук. Кроасанчиња и колачиња батали скроз. Целосно исфрли кечап и слични непотребни додатоци. Батали процесирана храна, готви си оброци. Барем издржи во фаза на слабеење, па откако ќе ја постигнеш посакуваната цел, повремено каснувај си си колачиња и слично.
Здраво девојки Од денес повторно повторно активна со нај нај голема позитивна ЕНЕРГИЈАААА !!!! Зека се враќа!!!! Пред неколку години успешно САМА ослабнав за Една година 47 кг!!! Овие три години ,цепидлачам' за 15 кг како резултат од бременоста, реков веке Доста е!! Ова не сум јас!!! За денес на мени 1 ден. Појадок: чинија со овошје круша, јаболко и банана. Ручек: туна со кромидче и салата од цвекло Вечера: туна со кромид Станав свесна од спиење дека треба нешто да превземам! Не сум спремна со производи за режимот, подоцна ќе се снабдам со сите потребни намирници.
Ви благодарам многу за советите , значи добро ми беше што ме советувавте за ова. И што е најдобро ќе останам на оваа диета, но на поправилен начин. @MissChievous Сосема си во право. Од салати јадам зелка салата. Комбинирам со млечен производ. Ама не во голема количина, на пример едно парче сирење или кисело млеко. Леб јадам еден од жито лукс од овој . Сметам дека е добар за јадење во време на слабеење. И да прашам дали воопшто смеам да консумирам млечни производи? Порано пиев многу повеќе млеко, но некој период прекинав да пијам, а сега гледам да е што поретко. И дали млекото дебелее?
Сабајле сок од пола лимон и вода кафе 1 овошје може банана заситува и околу 13 часот цеден цитрон со вода во чаша Ручек нормална порција околу 400гр.готвено јадење 2 кришки тенки црно лебче или било што парче пита пица со салата И вечера рендано цвекло и морков многу заситува и енергија дава или некој зеленчук Вака правам 1 недела -3 кила сум. Порано јадев многу калории сега скратив на 1500 и паѓа килажата а најадена сум Јадам и по едно чоколадно бомбонче дневно.
Да секако млечни производи, особено навечер, бидејќи содржат протеин казеин кој поспоро се разложува така да телото ќе има храна во текот на ноќта. Можеш млеко јогурт кисело мчеко сирење урда.
Совет за денешното мени? Како за почеток планирам за појадок омлет, ручек пилешко и салата а за вечер ако сум ептен гладна корнфлекс или пуканки така нешто.. Што мислите?
Појадокот и ручекпт се одлични, за вечера може салат и млечни производи како кисело млеко , урда, сирење. Немој пуканки или корнфлекс, боље ти е овес ако си ептен гладна.
Eпа тогаш вечера ќе е шопска, до сега се е според планот..На утрешното мени: појадок мусли со овошен јогурт, ручек марула со ракчиња, вечера краставица со фета сирење
Отварам тука со најдеж дека ќе најдам некој познат и ете, мојата најголема инспирација! Ти посакувам со леснотија да го истераш периодот. Мене некако ми фали инспирација, ми фали мотивација, никако да престанам благо дс јадам. А толку треба, само благо да не јадам. Ама тешка зависност е тоа!
Ti blagodaram mila Za zal nema motivacija vo temata kako pred X godini a zaedno, nesomneno sme posilni. Citam , citam i nemozam da veruvam deka sekoj saka da ispadne pomudar od drugiot a se zaborava deka tuka sme da se motivirame obostrano i isto da se podrzyvame. Svesno go pisuvam ova iako znam deka ke bidam napadnata od mnogumina.
Еве ме мене, пак. За овие две недели пола кило симнав. Преку неделата главно јадам избалансирано, а викендите ептен ги утнувам. Денес не доручкував, за ручек варено пилешко(околу 150грама), 1.5 парче црн леб, зелка салата, кисели краставички. Ужина јаболко и лешници. Вечера околу 100грама пилешко, карфиол и кисели краставички, парче леб. За ужина може лажица мед и ореви. @zeka се согласувам.
И јас се приклучувам, ова ќе сметам дека ми е електронски дневник за да ме држи во такт. Менито денес: Бранч: Грав со домат и пипер, јајце и пржен пилешки стек, со парчиња интегрален двопек Вечера: Супа и нудли со сирење Десерт: Колачиња Мој режим ќе терам, како ми одговара во моментот највеќе според можностите и околностите. Денес испив супер многу вода, што многу ме радува. На крајот кикснав малку, ама цимерката испорача благо, па сега ќе ми биде во мисли додека го снема скрос. Ама не ми е толку важно, бидејќи пливав и плус вежбав денес, па немам грижа на совест до толку. Знам дека утре ќе внимавам. Немав внес на свежо овошје и зеленчук, но утрината излегов во брзање и цел ден бев на факултет. Затоа утре ќе го имам истиот ручек како денес, плус свежа краставица. И нема да скипнам доручек, банана и житарици со јогурт ќе биде најверојатно. И сакам да отидам да трчам вечерта, ама ќе видам бидејќи имам пливање наутро, а добро сум улежена последните 4 недели, па бејби степс превземам отново.
Па супер ти иде, половина килограм би требало за 1 недела ама со оглед да ги внимаваше и викендите ќе беше топ. Така да на месечно ниво треба минус 2 кг да бидеш , а толку е потребно.
Девојки мили , прв пат ве дружам во оваа тема. Посакајте ми добра почетничка среќа! За овие изминати три студентски години сум се здебелила 12 кила. Оф оф не можам да се поднесам. Мора да се промени нешто
Денес прескокнав појадок бидејќи доцна станав, ручек туна салата, вечера овошен јогурт со малку мусли.. Во моментов се чувствувам ептен гладно ама ќе си легнам, мора да издржам.