Форумџика на годината 2019: НОМИНАЦИИ

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. DiCaprio

    DiCaprio Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Машки
    Па супер ти иде, половина килограм би требало за 1 недела ама со оглед да ги внимаваше и викендите ќе беше топ. Така да на месечно ниво треба минус 2 кг да бидеш , а толку е потребно.
     
    На GoodGirl45 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Feminka88

    Feminka88 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2019
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Девојки мили , прв пат ве дружам во оваа тема. Посакајте ми добра почетничка среќа!
    За овие изминати три студентски години сум се здебелила 12 кила. Оф оф не можам да се поднесам. Мора да се промени нешто :|:D
     
    На Касија му/ѝ се допаѓа ова.
  3. GlowGirl

    GlowGirl Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Денес прескокнав појадок бидејќи доцна станав, ручек туна салата, вечера овошен јогурт со малку мусли.. Во моментов се чувствувам ептен гладно ама ќе си легнам, мора да издржам.
     
  4. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    1.854
    Допаѓања:
    6.549
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво.

    Октомври и Ноември „лошо“ се хранев ама не се здебелив, само не мрднав. Не знам што ми стана, кога почнав со слабеење во јули немав никакваа желба за нездрави работи (ако не се пред мене) и многу ми убаво одеше хранењето. Сега постојано мислам на лиснато. :rofl: Мислам дека благо ќе одолеам ама лисната кифла никако. А и сите видови на кифли ми се воедно слаба страна, душата тоа ми сака насабајле.

    Сега за сега сум -12 килограми, кои ги изгубив во период јули-август-септември. Ќе беше многу, многу супер ако изгубив по 2-3 кила во октомври и ноември ама се случи што се случи.

    Денеска сум болна и се хранев како што се хранам кога сум болна.

    Д: ладен сендвич со р'жан леб со некој млечен намаз, кашкавал, пилешко сувомеснато
    Р: супа 2 чинии без нудлите
    В: овес, чиа готвено во вода и 1 лаж. мед и одозгора солен путер :inlove: (ова е за доручек обично ама многу ми помага кога сум болна и затоа вечерав тоа)

    Ужина мандарини.

    Денеска не вежбав затоа што му давам простор на телото да се оздрави наместо уште повеќе да се разболи па ептен да не можам да вежбам.
     
    На Касија, DiCaprio и Ariel им се допаѓа ова.
  5. GlowGirl

    GlowGirl Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Девојки ми треба совет за вака касно навечер кога ќе ме фати страшен глад.. Знам дека причината е што многу доцна станувам, технички ручекот ми е појадок и јадам два пати дневно што не е во ред. Некоја закуска за вака во 12-1 навечер? Сега јадев половина краставица со парче сирење зачинети само со балсамико
     
  6. DiCaprio

    DiCaprio Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Машки
    Најдобро некоја лесна вечера со кисело млеко или урда и салата некоја плус некој јаткасти плодови пример кикиритки, ем ќе те заситат и воедно нема да ти го кренат инсулинот и да чувствуваш многу глад.
     
    На Касија и GlowGirl им се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    1.854
    Допаѓања:
    6.549
    Пол:
    Женски
    Да пишам денешно мени.

    Доручек: пак ладен сендвич, ама овојпат домашен со многу зеленчуци и мандарина
    Ужина: смути (банана, брокула, спанаќ, вишни, аронија, јаболко)
    Ручек: варен компир, путер, еден лут мексикански сос
    Вечера: супа и сарма

    Да појаснам, јас вечерам најдоцна 7, како главен оброк ми е. :)

    Денеска пак одморам, утре ќе вежбам дефинитивно.
     
    На Касија и DiCaprio им се допаѓа ова.
  8. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    9.737
    Пол:
    Женски
    Denes na meni

    Za pojadok 2 ovoski
    Rucek omlet so kolbasi i maslinki. Salata krastavici
    Vecera istoto od rucekot so plus pecurki.

    Nedelava sum treta smena na rabota. Pa 'pojadokot' mi e okolu 2 po polnokj i pocesto za 3ta smena imam ovosje. Za mene licno , toa, najdobro mi odgovara so smenskata rabota.

    Se nemam izmereno. Ne se meram. Gi ocekuvam vidlivite rezultati posle mesec ipol do dva. :)

    Pred X godini koga bez na rezim si zamisluvav vizuelni sliki vo glavata, kakva sum a kakva sakam da bidam. Isto i sega pocnav da go pravam. Vetuvam sekoj mesec ke stavam sliki pred i potoa. 15 kg ne se voopsto vo sporedba so tie -47 koi sto gi simnav od moeto telo. Zosto da ne bideme zadovolni od samite sebe za samo nekolku meseci istrajnost.

    @Ariel ajde mila :) te cekam da se bodrime.

    Mojata dnevna aktivnost e od 10 do 15 km sekoj den :) :muscle::muscle::muscle:

    ... jaci od sudbine.
     
    На Касија, DiCaprio, Snow-Star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    9.737
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh ajde mila pridruzi se vo temata :) zabelezav po forum deka si isto taka na rezim :nod::inlove:(hollest):muscle::muscle::muscle:
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.363
    Допаѓања:
    43.798
    @zeka браво за енергијата и мотивацијата што ја имаш!

    Јас овие две недели повеќе ќе се инспирирам, отколку што ќе внимавам. Во движење сум цело време, тешко ми е да се организирам за храна. Ама за две недели кога треба да се стабилизирам, ветувам дека активно ќе се приклучам. Сега за сега сум само пасивна поддршка :)
     
    На Касија и Snow-Star им се допаѓа ова.
  11. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    12.118
    Пол:
    Женски
    Денешното мени:
    -3 бананани
    -2 мандарини
    -2 варени јајца
    -парче стек
    -кришка интегрален леб
    -пакетче соленки Хелоу од 45 грама

    Немав доручек, ручек, вечера. Јадев разделено се', така испадна.

    За вечера можеби ќе изедам 2 јаболка и чаша млеко, затоа што чуствувам глад.
     
  12. Justicija

    Justicija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    11.139
    Пол:
    Женски
    Од утре почнувам ...
    Планирам да јадам само овошје,зеленчук и јаткасти плодови ... и шумливи таблети ќе користам ...сакам да пдам и на третмани за слабеење па ќе видиме ...
     
  13. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    1.854
    Допаѓања:
    6.549
    Пол:
    Женски
    Само утре на овошје, зеленчук и јаткасти плодови или секој ден?
     
  14. Justicija

    Justicija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    11.139
    Пол:
    Женски
    Да :)
     
  15. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    6.714
    Пол:
    Женски
    Што да? 8-|
     
  16. Justicija

    Justicija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    11.139
    Пол:
    Женски
    Секој ден :)
     
  17. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    1.854
    Допаѓања:
    6.549
    Пол:
    Женски
    Мислам тоа е практично вегански начин на исхрана, но ако сакаш да се храниш така, готви зеленчуци со зачини и комбинирај, печи, гледај рецепти на интернет.
    Препорачливо е да се јадат поголеми количини на протеини (јајца, млечни производи, месо, леќа) доколку сакаш да изгубиш килограми.
    Ти секако ќе ослабиш доколку си во калориски дефицит без разлика што и да јадеш, ова ти го кажувам за да не се чувствуваш дека треба да се држиш толку строго.
    Но, нема да те демотивирам или да те разубедувам како да се храниш, само да те советувам дека напразно овошје и салата не е одржливо и ќе те тера да се откажуваш.

    Секоја среќа и се надевам дека ќе си најдеш здрав начин на слабеење што тебе ти одговара и секако дека ќе достигнеш до целта. :)

    Јас да си пишам:

    Д: овес, чиа, мед, мрзнати вишни
    У: половина банана со домашен „крем“ (мед и какао убаво измешани)
    У2: смути (половина банана, киви, јаболко, брокула, лимон, спанаќ)
    У3: индиски ореви (50gr, ми се усладија јбг)
    Р: сарма

    Вечера ќе видиме, ќе пресметам калории и ќе видам што можам да јадам. :) Едит: Ништо не можам да јадам. :D Ама секако ќе земам нискокалорично овошје затоа што не сме тука да гладуваме.

    Активност: 45 минути орбитрек, ОБИД за 30 минути тежински вежби за цело тело со тегови од 2кг. :D

    Одиме напред. :muscle:
     
    Последна измена: 21 ноември 2019
    На Касија, Ariel, Justicija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    6.714
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Срцка. Ќе ти се здосади секој ден зеленчук и овошје и аконорганизмот ти е навикнат на бели пецива и благо тоа и ќе бара.

    Денеска јаболко за доручек.
    Ручек: грашок манџа, домат, парче црн леб, малку пилешко, маслинки
    Ужина: јаболка
    Вечера: не знам.

    Вчера јадев кифла со кашкавал и чоколадо. Инаку се трудам да внесувам до 1300-1200 кал. дневно. Мерење во понеделник (poolparty).
     
    На Касија, Ariel и Srckata28 им се допаѓа ова.
  19. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    9.737
    Пол:
    Женски
    @Ariel , sobiraj hrabrost i motivacija i pocnuvaj :) nema dve nedeli.. momentot koga ke odlucis bez razlika koj den e vo nedelata.

    Denes na meni
    Rucek riba i kiselo mleko so domat salata.
    Vecera riba, domat salata i omlet so pecurki.
    Pojadok vecer 2 po polnokj 2 jabolki :)

    Od nedela si go fakam redot kako sto e :)
     
    На Ariel, Srckata28 и GoodGirl45 им се допаѓа ова.
  20. GlowGirl

    GlowGirl Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Еве и јас:
    Д: ништо
    Р: парче стек со ориз
    В: планирам краставица и фета
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.