Мислам дека е подобро да ги запазиш сите три оброка дневно, меѓутоа да не бидат обемни и секако вежбање,мислам дека воопшто нема да претставува проблем, бидејки јас така правам и стандардна тежина имам 55-57 кила, веќе неколку години наназад.Навистина не е добро да се прескокне некој од оброците, бидејки самиот организам се истоштува, за да има човек сила,енергија,потребно е да се запази редоследот на исхраната.Како што кажа Лукс, наместо пуканки, можеш житарици со јогурт кои се здрави за јадење и јас така правам, нормално не често, но гледам да е разновидна храната.Ова е мислам сосема доволно
Јас трчам на орбитрејкот и ми ги брои и калориите и колку сум истрчала на дистанца... Просечно секој ден трчам по некои 20 километри од прилика. Машината е прецизна, да не мислите дека сум забегала
Валерин после во втората реченица, машината што ја спомнуваш е лента за трчање или орбитрејкот? Ама на орбитрек не се трча туку се врти и има голема разлика од трчање трчање вистинско и на орбитрејк дури и на лента за трчање.
Си ја читам темата така подолго време и баш ме мотивирате да си симнам 4,5 кг што одамна ми се желба. Не сум на некоја конкретна диета, само внимавам што јадам, навечер гледам само на салати да бидам, и пијам зелен чај, само што сакам да сум повеќе активна. Проблемот ми е тоа што кога нема кој да ми прави друштво и јас не сум активна, некако неможам сама да се натерам да трчам или сама да возам велосипед. Вас како ви е подобро сами или во друштво?
Jас да се пофалам дека по диетата на жан митрев,почнав да се хранам поубаво,помала количина,сега јадам појадок на сабајле обавезно,а порано мразев појадок,и мислам дека ако јадеш појадок за ручек и вечера не ти се јаде толку многу,чуствувам дека килограмите пополека си заминуваат со куферот в рака се чуствувам ослабена кај стомакот,спојлерите,нозете,ама не чуствувам разлика во лицето и градите,рацете,откажав многу работи,физички активна сум ама не претерано многу,еве после одам на зумба едвај чекам и така,се надевам ке продолжам вака
Денеска почнав со трчање,да не се фалам ама некаде 5 км истрчав што за мене е премногу,бидејќи немам кондиција. Намалувам и со јадењево,а за некој ден планирам да ја почнам диетана 4кг за 4дена па ќе ви кажам резултати! Позз
Јас зумбав сабајле, т..е до сега, некои 30 и нешто минути ама негде си враќам пак си ги правам вежбите што ми се интересни, а тоа калипсо најмрчаторско ми е, мислам дека со ци*ките лустерот ќе го сркшам, плус боли, па си забушавам на калипсото, а на салсата растур правам Инаку сега кога зумбам, пошто вежбам само кога сум сама дома, ја разместувам цела дневна, и на изгасен телевизор си се гледам како играм Си се обожавам бре Од сабајле пиев нескафе и цедевита, сега пак ќе јадам лубеница ако е изладена, а за ручек можеби ќе си правам компир салата, а можеби ќе јадам туна, или евентуално јајца. По се мислам туна ќе биде изборот, денес некако не ми се готви
да се пофалам 2 кила сум ослабела ! викам сега се мерам што сака нека биде и се качувам на вага и гледам -2 се надевам дека за 15 дена ќе ослабам уште 3-4 оф пуста желба
Јас од утре ја почнувам диетата што ја има постирано Ирена, па ќе видиме како ќе оди. За трчање, не можам да трчам, зумба - немам услови пошто баба ми живее под мене, а и ретко сум сама, па останува на пешачење. И онака секоја вечер скитам некаде.
Денес пробав да трчам. Ахахахаха , кој блам! Потрчај малку, пооди, потрчај, пооди и така некои 7-8 пати, броев по бандерите со светилки на кеј, 4 ќе истрчам, 2 паузирам и така, за гревови, среќа нема никој посабајлечки да ми се смее, освен пензионери-желки. И така, чудо и толку како издржав, да речеме сум истрчала половина км... грев. ГРЕВЧЕ.
Трендафилке, немој да си строга према себе, не е ништо гревче Така и се почнува. Негде сум пишала за трчањево по темиве. И јас така почнував, долго време убрзано одење во темпо, потоа кратко трчање па пак одење. Битно е да не запираш воопшто и да фатиш некој свој ритам. Музичето на увце и шибаш! Немој со сила, полека. И секој ден ќе видиш како се повеќе и повеќе ќе набиваш кондиција и како помалку ќе одиш а повеќе ќе трчаш, се додека не трчаш сосема. Ама пишав комплицирано Земи го Мураками, има објаснувано у една книга како почнувал со трчање - разбирај никако, а стигнал до маратон, така да се може ама постепено, затоа што е напорно. Ама за мене лично најубав начин на спортување. Плус ништо не те кошта - излегуваш и си трчкараш. И многу убави стомачни се формираат од трчањето
Многу е важно дишењето при трчање. Треба да биде урамнотежено, пр. три чекори вдишуваш, три чекори издишуваш. Или помалку или повеќе, во зависност од сопствениот ритам. Гарантирано помалку се замараш. Плус, ако се концентрираш на дишењето нема многу да мислиш на напорот.
Цело утро си мцкам крекерче по крекерче да ви кажам прво.Не бе,не можам од сабајле да јадам и точка.Кафето и желудникот да лелека,најубаво изгледа ми е.
3 ден со диета, практикувам брзо одење по 1 час цела завиена во фолија за да го стопам целулитот, сега за сега 1 кг. имам држено диети 895587 пати но безуспех( луда сум по чоколадо) но за 20тина дена ке одам на одмор со дечкото па морам да бидам "заледена" !!!!! ај со срека нека ми е хуху
И јас се виткам со фолија,ама синоќа кога ја извадив од мене (околу стомакот и спојлерите ја ставам) имав што да видам,ми течеше пот по нозе,абе жива вода бев,како од туш излезена....реков не се предавам дур не стигнам до 52
Иста бех и јас како бркната во вода и извадена, тоа е целулитот нека се топииии. Инаку сега сум 59 а исто сакам да достигнам 51,52
Најважно е да имате друштво. Мене една другарка ме натера да се запишам на комбинирани вежби. Бев на аеробик, пилатес, зумба, се качив со жичара до Водно, се симнав пешки. Се ме боли, ама вечер сме на зумба а утре пак на аеробик. Се ова го правам една недела и жива вода се правам. Симнав 2 кила а нормално јадам и се чувствувам супер. Среда одам на базен во Карпош, го отворија. А во петок заминувам на Караџица. Значи само упорно, и со друштво, сама до сега не ми успеваше.
јас денес сум на петиот ден од диетата на ж.митрев за овие 4 дена сум - 3кг.. но и трчам многу сепак утре и задутре имам пауза па се надевам дека нема да направам некој голем грев после паузата имам уште 2 недели од диетата па ако слабеам по 3кг неделно ... презадоволна ќе сум ...