@Doozy си иам и јас докторка од кај Жан. Влагаш од врата и вика да ослабеш! ЈХ ако веќе јадете (јадам и јас) нека се само наутро. И полека со овошјето не ни е тоа баш пријател.
Бројките на вага ретко ги гледам бидејќи можеш паралелно да топиш масти и да зголемуваш мускулна маса, така да бројките се ирелевантни,повеќе сум за огледало, споредба на слики и споредба на измерен обем Оброците ти се екстра, само продолжи. Можеш intermittent fasting да убациш повремено, на 3-4 дена да испразниш убаво гликоген.
Се согласувам со поназад мислењата дека сите што сме се здебелиле 30+ ни треба психијатар ..ама најсериозно . Моето здебелување траеше со години за сега коа ке се видам во огледало не можам да се препознаам ...сега почнав да ја држам Ун диетата , трет ден терам без грешка , но ќе бидам искрена Spoiler примам терапија за аксиозност,секогаш кога бев нервозна посегнував по висококалорична исхрана Сега сум решена да одам до крај , ама најсериозно , ми фали мотивација ,ветар во грб , но секогаш кога и да се видам во огледало плачам.... не се ни качувам на вага од страв/срам, само ќе терам со диетава па ќе видиме дали ќе ослабам ... Со среќа на сите кои што држат било каков режим на исхрана ..
Подобро јх со овошје да вметнам, него ли со смоки,чипсови и крем бананки Зборам за мене. Мене овошјето не ми е непријател. Тестото ми е. Просто немам контрола над него. Ќе изедам и колку што не ми се јаде, само да се натискам асално. Пиците,питите,сендвичите што си ги порачувам со достава во дома навечер после 23ч кога сите спијат мислејќи “ќе се скријам”.. Е тие ми е.аа матер Мојата исхрана моментално е претежно протеинска. Ориз,компир и слично едвај една во неделата јадам.. мислам и пред,не само сега. Денес свеки преубав сукан баник со праз имаше направено,мојата самоконтрала проработи и изедов само осминка !!!!!! Инаку си јадев по пола тепсија ко од шала, па ќе мачкав павлаки низ него, па ќе си пиев кока кола, а после тоа благце.. Овојпат не ја симнав Фитнес пал, ништо не бројам. Оти ако бројам и се притресавам за две недели ќе ми ску.чи. Мразам “диета” и мразам да сум роб на нешто... Сама себе си ќе си се извадам на прав пат, и ќе си ја научам лекцијата веќе еднаш
Нема ќе видиме дали ќе ослабам, ќе ослабеш и тоа сигурно! Само биди упорна и не се откажувај. Чим ја држиш диетата без грешки и имаш 30+ килограми за симнување, сигурно слабееш. Немој да се разочаруваш на почетоков, резултатите си доаѓаат со тек на време. И јас имам анксиозност, меѓутоа не примам терапија, мојата терапија беа по 300 (и повеќе) грама чоколадо дневно, премногу леб и пецива (по пола леб на јадење го јадев), чипсови и грицки и премногу кафиња со шеќер, хамбургери, пици... Стигнав до +20 килограми, ама немаше кој да ми мавне шамар, сите ми викаа абе убава си вака, не си премногу дебела, таман си.. Додека еден ден сама не сфатив дека морам под хитно да кажам СТОП и да превземам нешто за себе. Заедно сме почнале и истата диета ја држиме. И нема плачење, нема нервози, таму каде што ќе вложиш труд и упорност ќе добиеш резултат, а секако дека ќе сме упорни бидејќи се работи за нас самите и за тоа да станеме најдобрата верзија од себеси.
Најпрво да ослабеме ради здравјето, а потоа за да бидеме задоволни гледајќи се во огледало. Треба да бидеме свесни дека не е воопшто здраво да се има многу вишок килограми.
@GlowGirl не се обесхрабрувај, продолжи со исто темпо и ќе дојдат резултатите. Денес на мени П: мусли со овошје, кафе лате Р: костени В: леќа и салата. Вежбав, ама како без душа. Гладна бев, немав енергија. Не планирав така, ама излезе. Леле колку сум уморна. Добра ноќ.
Сабајлево се качив на вага чисто да знам со колку почнувам, леле луѓе, цели 80 килограми. 8 кг се имам здебелено за 2 месеци. Нема да барам оправдување за ова, само си кажав дека ќе ги стопам и тие и останатите +15. Мојата цел е да симнам околу 25кг до на лето. Колку што можам ќе ги симнам со УН, останатите со калориски дефицит и вежбање. Туку, можно ли е да е до диетата што сум премногу жедна? 700мл вода испив за нецели 10 минути, а до пред некој ден ни по една чаша дневно не пиев.
@Maylin мене ми се случувало да ми се пие повеќе вода во деновите кога јадев протеини, т.е месо, ама после оброците. Инаку - не. Одамна ја имам држено, ама го памтам ова.
Вчера си останав доследна. За вечера салата од краставици и домати , и 2 мали мрвки мевце каснав. Утрово го почнав конечно со чаша вода. Д : Какао и смуди од овес, банана , капини и 100 гр јатки. Р: надвор , некоја салата ќе биде В: планирам варени јајца , ајвар и моцарела , со тонус лепче. Да видам со ужинки само како ќе бидам денес
Овошен ми е денес, уште немам ништо каснато. Вчера за вечера направив овесна каша, ама само 2 лажички пробав и толку, не ми беше вкусна, муабетов ми е не јадев благо па од тоа да сум жедна. Или можеби ми се испомешани чувствата за глад и жед.
Годете кој по 100ти пат иди да дружи тука. Не е на арно ако сме иста дружина ама ако, ве сакам. ДЕН 1, се надевам дека ако пишам вака негде дека поќе ќе се држам. Јас имам многу голем проблем со благото и зато сега недела дена сум со план да не јадам благо (и са глеј, до утре можи ќе издржам ахахахха). Планирам да го заменвам со овошје. Појадок: две пржени јајца, едно парче бело домашно сирење, пола лајче хумус со домат и лајче сечкани маслинки. Ручек: тавче гравче, едно парче леб и кисели краставички. Ужинка: банана и зелено јаболко. Вечера: уште ми е отворена, се надевам на грав пак пошто сакам грав многу, не можам да опишам колку сакам грав. Ама ќе пробам да смачкам нешто друго за да можам за ручек утре да си јадам грав пак. Или да најдам нешто шо оди со домата пошто сега ми текна на домата. Ќе се самоцитирам вечер да кажам колку се додржав. И во овој ден 1, извежбав јуначки. Не кажвам колку кила кренав во меѓувремето кај шо си се гоев.
Дојдов само да се пофалам во минус сум 5 кг за месец и половина а во обем, освен во гради каде немам мрднато нити см, во задник стомак и струк - 4 до -5 см. Задоволна сум.ма ваква има да станам Да не се зезнам само за празниците...муабетот ко невидена...вака за јадење треба Вчерашно мени турско кафе х2 плескавица со компир пилешки копан со подкопан со печен компир и многу марула салата со млад кромид семки од тиква околу +- две дланки ( не заендо споени дланките, ами една по една)....чунки мноогу битно де...Да не беа толку компири вчера, и не е лош денот...ама ....
Колку чекори е пожелно да се направат дневно? @Doozy Чек да кажам што направив. Јас оти не се разбирам во симнување апликации ( а моШ па за тоа треба и посебен тел) решив да бројам. И броев бе 2400 чекори од дома до кај маШ на раб дојдов. Како за почеток арно ли е? Уште пола литар вода испив до сега До вечер ќе се потрудам 2л да имам испиено
10,000 Бубче. Уште четири пута толку и тамаМ си. Почни со 4000, па 5000, па 6000, итн. Не можеш од одма да ги изодиш 10,000, ќе те фане кичма веројатно. Каков телефон имаш? Не треба посебна апликација, бар не ако имаш Ајфон или Самсунг, за другите не знам. На скоро сите само брои, јас случајно си ја открив опцијава и се заакав. На Samsung Health следам. @Espadrila двете раци семки од тиква ти се скоро како едно бурече да си лапнала. Таму е проблемот, не во компирот. Умерено, ќе биде, браво за резултатот
Добро утро/ден на сите! Ден 12 П/Р: 5 ќебапчиња, еден огромен патлиџан и мало ќоше сиренце, сакав и супа ама немав време В: зелка цвекло и некое мевце, може и туна али тоа ќе е, до покасно ако ми се пријаде нешто, ќе сецнам некоја краставица. Плус секојдневното лимони чаеви вода. Не се откажувам, мерење на ден 20.
Бурек не мора, ама бар некоја баница да беше...или некое така тесто домашно... Е затоа од мене манекенка нема да биде.Се дур вака размислувам..Ах тоа мајндсет од каде се купува? А се јаде? Воздржување малку и малку умереност... А за пуканки шо ќе кажеш...неш да има...ЗОБ
А оти да зобаш? Седни, најади се како човек, ете мислам копанче си јадела за вечера. Јади копанче, салата направи си, напиј се едно чајче после... Смири го панкреасот, нека се смали инсулинот, нема да ти се јаде. Вака ти цело време си грицкаш и цело време се лачи инсулин, само погладна стануваш. Шо има везе ако јадеш компир за ручек? Ќе те држи сита подолго, нема да ти се јаде толку навечер. Пуканките, особено тие купечките, се скоро исти како чипсот. Читни етикета да видиш. Да напоменам, нормално дека семките од тиква или пуканките имаат повисока нутритивна вредност (т.е. се поздрава варијанта) но кога човек сака да ослабе, мора да биде свесен и за калориската вредност. А за турското кафе да почнам или да си ќутам?
Е шо па за турското кафе сега? Без шеќер го пијам. Несот го избегавам или строго во летните горештини, по на млеко да биде, или сега зимото топол нес со цимет.Исто по млечно., Макијато може. Или 2 во 1. А ко ќе ми текне дека пиев нес само со вода, без млеко без шеќер и нематено....од помислата сега ме фаќа тахикардија Иначе не сум некоја грицкалка некоја до толку, ако треба чипс или пуканки , пуканки би одбрала, меѓу смоки и семки- семки, и тоа оти ми се допаѓаат. Ама ете де..по нештичко Ај, Еспадрило молчи си