Јас ручав туна со кришка леб, и јадев пуканки. Вечер сум на роденден, ваљда ќе пројдам со цеден сок повторно. (се надевам)
Колку што знам јас, со фолија само ја вадиш водата од организмот, тоа не е целулитот, а водата е многу битна за одржување на природната рамнотежа на организмот. Една моја другарка трчаше завиткана со фолија секој ден и почна да губи свест, да малаксува, од кога ја тргна и почна да пие повеќе вода се поврати веднаш.
Не,зашто веќе си дозволив кришка леб поради тоа што ми доаѓаше нагон на повраќање од туната а морав да јадам нешто Смучена ми е, кај што никогаш не ја сакав
Па земи од лебот Жито Лукс кафеавиот, една кришка 60 калории. А на диета некоја си или смислен режим?
Само одбегнувам тоа што јас сметам дека не треба да се јаде, и некој мој режим терам. Тука барем секој ден пишувам што, колку и кога јадам. Сабајле овошје, нескафе и цедевита претежно, ручам што било од ориз до месо, вечерам туна, марула, салата некоја и така ...
Искрено да ви кажам без лутење многу се оптоварувате со тие калориите.Зошто едноставно не си јадете све во помали количини,Отколку да сметате пресметувате колку онолку.Јас пробав една ден да пресметувам и спобудалев.Си јадам све во помали колочини и поздрава храна и за скоро време се надевам ке има некакви резултати.
Јас денес ручав нешто ко пинџур, од печени пиперки, домат и тиквички. Со многу лук Дојдете да ви хухнааааам, ааааааа И минијатурно парче сиренце. Се мислев помеѓу леб и сиренцето победи, цели 20 дена без него... Hola mi amigo! А супа си имам сварено постојано, кога ме маваат кризи, вадам подгревам и сркам. Снемувам веќе од домашниот јаболков оцет, премногу е добар, се надевам и тој што ќе го купам ќе биде барем малку ист. Започнав да пијам и по 2 шолји чај на ден, незасладен. Прво го допив еден заборавен од памтивек по дома, Слим енд фит, од Виталиа, а сега сум на зелен. Па слободно кажете некој нискокалоричен оброк, некое трикче за подобро слабеење. Јас освен овесната каша, немам друго да споделам, ја јадам околу 13.30 часот, точно помеѓу појадокот и ручекот и одлично ми го балансира денот.
и јас јадев пунџур со 30 грама сирење, и плус мусака од тиквички од вчера тоа јадев во 2, сега изедов 1 мала праска, во 8 и пол ролање, и во 10 саат чаша јогурт со крастајца или праски и црешки едит- Tрендафиљ купечки супи јадеш? мене татко ми ми купи, ама не знам дали да варам зашто се си викам мрсни се
Па пишав еднаш, со наградна игра - пронајди го месото. Купечки бре, едни нискобуџетни од Таково мислам дека се. Пилешка и говедска супа, со 40% смалени маснотии. Една чинија има помалку од 50 калории. Spoiler Секако нема да јадеш со кнедли или крем супи.
Лудо, вари супа и уживај, 70 калории имаат во порција, во вита чим цвета ми ги даваше по колку сакам да јадам значи немај гајле. И се туку се токмам д а те искарам нешто и еве дојде моментот , овошје не јади после 12 часот, шекерите што ги содржи ти се складираат во организмот, а до 12 ако сакаш 2 кила изеди ... од кога ќе имаш еден оброк, после тоа овошје не би требало да се внесува. Tрендафилке и јас тие супи ги јадам, 13 денари една
а на овие пишува 15 калории значи цела чинија тука некаде! ајде ќе сварам утре, и ќе го барам месото и јас Jаде ми се супичка, ама овие домашниве ми се тмурни
Јас имам едно списание и од него црпам податоци. БРАШНО-8ч.до14ч. ОВОШЈЕ-8л.до18ч. ЗЕЛЕНЧУК-неутрално МЕСО, МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ-12ч.до20ч.
Нема споредба меѓу пржен и варен компир, пржениот е еднаков на куп калории, а варениот е обилен здрав ручек полн со скроб ... подобро варен компир салата, отколку помфрит. И јас преферирам овошје после 12 не, така сегде сум читала, така и од вита имам навика тоа до 6 попладне овошје малку ми е нерелевантно.
Може да ми кажеш каква е таа диета? плис Накај колку саат нема никој по кеј? Затоа што и јас сакам да трчам,ама несакам за време гужва меѓу оние кои се се “фрцкаат“ само за да ги видат останатите Се извинувам морав да искоментирам Ја читам темава, па не се чудете ако не скоро секој коментар правам “Цитирај“
За овошјето велите до 12 часот ама јас станувам накај 13:30, па накај 14 каснувам овошје, па накај 17 часот ручам. Еве сега завршив со ручекот. Јадев гравче и салата. Накај 19:30 планирам да трчам, а потоа да вечерам некоја салата. Тоа ќе биде најкасно до 21 часот. И толку. А легнувам накај 4 часот после полноќ. Нездраво е, знам, ама таков ми е начинот на спиење во лето. Немам обврски за да се будам порано, а сакам. Мислите дека влијае тоа во колку појадуваш?
Појадок е препорачливо да биде во првиот час по станувањето, а најубаво е веднаш пос танување да се испијат 1-2 чаши вода.
Знам, значи прво што правам кога станувам од кревет пијам вода. Околу пола литар, едно шишенце , бидејќи си мерам вода колку пијам дневно. Потоа следува овошјето. До ручекот гледам водата да биде 1 литар до литар и половина. Зависи. Пола час пред јадење и околу еден час после јадење не пијам вода. На овие правила строго се придржавам. И овошје никако после ручекот. Значи до ручек може, после не.