(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    17.637
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е да пишувам измеѓу сите обврски периодов, ама ќе може темава да остане доследна за тоа што е, без некои летечи офф-топици? Само се трупаат страни со работи кои не сакам да читам и да скорлам за џабе, ноуп. Не прегледно е, и кој и да модерира тука, нека надгледува што се случува.

    Тука сме да пишуваме како го водиме режимот и да се мотивираме.
    Се' друго е сувишно и не е за тука.

    Доручек: цеден греипфрут со течен оброк(кисело млеко, замрзнати сини сливи и праски и 1 свежа банана плус 3 лажици овесни снегулки)
    Ручек: ориз со зеленчук и јајце, можеби и едно парче леб бидејќи сум на работа и ќе бидам во движење
    Ужина: банана
    Вечера: не знам се уште, можеби повторно течен оброк само во помала количина и без банана

    Периодов забушавав, во смисла на тоа што јадев, и малку претерав, ама бидејќи не јадев редовно не го земам здраво за готово.
    Бројам калории, ама огледалото ми е поважно. Кога гледам резултати таму, сум посреќна.
     
    На Bubce38 и Ariel им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.504
    Допаѓања:
    144.705
    Вчера излезе според планот.
    П: потпечени лепчиња со сирење
    Р: многу тиква
    В: риба, салата, 2 посни сармички и неколку индиски ореви. Како за на слава и на излегување после тоа, многу сум задоволна.
    И вежбав, и тоа доста сериозно.

    Веќе неколку дена воопшто не ми фали благо. Втората недела ми е секогаш најкритична, ама овој пат ја истерав добро. Ме фати малку криза, ама издржав.
    Уште оваа недела да ја издржам, ќе бидам во ПМС, а многу ме тера на благо. И после тоа знам дека ќе бидам стабилна. После 3 недели е многу полесно, навиките се веќе сменети.
     
    На Espadrila, zeka, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Примате некој кој сака да ослаби, ама се нешто му се јаде :)
     
    На S.o.F.i, rumcherry, Ariel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. GlowGirl

    GlowGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Девојкииии ден 14, не можев да издржам и се мерев значи не ми се верува -4 кг!!! :D:D:D
    А баш ви се пожалив пред некој ден.. Како и да е, значи дека режимов функционира, знам дека добар дел од тоа е вода, ама јас сум пресреќна и страшно помотивирана.

    П: /
    Р: туна салата
    В: шопска
     
    На S.o.F.i, teaiva, DiCaprio и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.504
    Допаѓања:
    144.705
    @GlowGirl -4кг не се само вода. Браво!
    И јас така слабеам, на почеток ништо, па после 10-тина дена ќе тргне. И така некако, на секои 10 дена одеднаш симнувам 1-2 кг, како кога.

    И јас се мерев. После 2 недели -2.5 кг. Многу сум задоволна, а посебно ми е драго затоа што планирав да почнам од сега поради доста обврски претходниот период, ама @zeka ме мотивира да почнам порано. Да се држев до мојот план сега ќе имав +2.5 кг :)

    Денес:
    П: колбаси и јајца
    Р: тиква со мед
    В: Риба и салата

    Од дневните успеси би го издвоила прескокнувањето на кафе со млеко. Втор ден.

    @supergirlmb добредојде! Повеќето не мачи истото, се нешто ни се јаде. Ама со упорност се надминува. Моето искуство е дека ако издржиш 3 недели, после е многу полесно! Пробај, единствено што можеш да изгубиш е некој кикограм :)

    Нова недела е утре, нека биде уште една успешна недела којашто ќе ја завршиме со помалку кг!
     
    Последна измена: 8 декември 2019
    На teaiva, GlowGirl, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  6. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    А на какви режими сте? Некој ефикасен а да не гладуваш? Фала на добредојдето:). Ајде од утре понеделнички, да стартувам, кажувајте идеи.
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.504
    Допаѓања:
    144.705
    Сите различно :)

    Јас на пример исклучив благо, што ми беше главен порок. Исто така генерално намалив на количина, т.е не се прејадувам, што порано многу често ми се случуваше.

    Најефикасно според мене е многу салата и да се намали или исклучи се што нема хранлива вредност, како благо, грицки сокови и слично.
     
    На supergirlmb, theowndemon и Srckata28 им се допаѓа ова.
  8. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Машки
    Прво и основно калориски дефицит. Второ редуцирање на јаглехидрати до 100-150гр дневно, повеќе зеленчук помалку овошје и тежински тренинг.
     
    На teaiva, supergirlmb и GlowGirl им се допаѓа ова.
  9. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Грицки и сокови скоро и да не јадам/пијам. Јас на вода сум :).Ама благоооо. И со лебче знам да си претерам. И знам дека тоа ми пречи. Ама ај од утре пишувам што ќе јадам па карајте ме слободно.
     
    На DiCaprio му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Не сум доктор, ама препораката верувам дека ти е дадена повторно, ради хормоните, инсулинот и проблемот што го имаш. Храната што ти е препорачана е таа што не го ,,крева,, драстично. Оризот крева, да знаеш. :)

    Види, да сум на твое место, ќе стиснам заби и ќе пробам да го правам тоа што ми го препорачуваат. Знам која ти е маката па... не можеш многу да изгубиш, можеш само да добиеш. :hug:

    П.С. Во групата за хроно имаше еден куп хроно-бебиња. Симињаат инсулин со таква храна. Зошто не пробаш, ама дисциплинирано и до крај? Храната, дебелината, стресот и цигарите се најчесто причините за стерилитет во 21 век. Се надевам нема да ме сфатиш погрешно со муабетов, ќе го ставам во спојлер, а ако ти смета, те молам пријави го мислењето да го избрише модератор. :)

    @GlowGirl не, со пиење кафе рандом се крева инсулинот. Затоа се препорачува после јадење да се пие :)
     
    На teaiva и Bubce38 им се допаѓа ова.
  11. GlowGirl

    GlowGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Ден 15

    Го започнав со цеден лимон со млака вода, а тавчето веќе се грее за омлет.
    За ручек ќе биде ладен сендвич
    Вечера краставица со фета.
    Вода колку можам повеќе, и стандард зелен чај 1-2.

    Како се држите вие понеделнички? Има ли некој што почнува денес?
    Декемвриски е многу лесно да се потклекне, да си речеш ајде здравје од нова година, ама истото си го викав и лани и годината пред тоа.. А зошто кога може да влезам во новата година со -4кг, со добри стекнати навики? Се чувствувам одлично, не гладувам воопшто, не си кратам од се, скратив само на лошите мисли и на она што ме тапкаше во место.
    Ви посакувам успешен нискокалоричен ден на сите, фала ви, зашто без вас немаше ни до волку да стигнам. :)
     
    На Srckata28 и Ariel им се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.504
    Допаѓања:
    144.705
    Понеделнички влегувам со -3кг з 15 дена коишто веќе ги расипав :)

    Појадок - пита со месо. Добрата страна е што ми падна толку тешко и лошо, што друг пат нема на крај памет да ми падне да јадам. Сум се одвикнала од мрсно.
    Имаше и еден залак пита со јаболка донесена од странство, само да го пробам вкусот. На ексклузивитет паднав :D

    За баланс, ручек прескокнувам, а за вечера наместо ориз со кокошка како остатокот од семејството, ќе јадам риба. Доволно беа јх за денес, а веројатно и за утре :D

    Утре пак ќе биде тежок ден, по патишта ќе бидам, а делумно и по кафани. Ќе смислам нешто. Најверојатно ќе јадам 2 јаболка по пат, а во кафана салата. Уф, тешко ќе биде ова.
     
    На Doozy, Srckata28, Arja и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.900
    Допаѓања:
    24.014
    Пол:
    Женски
    Хело! Јас сум вратена.

    Да речам дека јадев умерено, ќе лажам. Можам да кажам дека првиот ден беше супер, после отпатував во една специфична држава каде што ни на крај памет не би ми текнало да одам на сопствена иницијатива ниту пак да се вратам таму, па така сакав убаво да им пробам од храната, имаа навистина некои многу специфични нешта. :)

    Тоа не го сметам за карање, ама денеска денов го сметам за карање затоа што беше патување цел ден и јас поткленав на уморот и ептен многу јадев. |(

    Но, на позитивна страна, успеав да одам во теретана во сабота - мотав точак и правев вежби за нозе. Веќе сум спремна да се вратам на регуларно кардио, тетоважата ми е при крај со заздравување.

    Од утре малку чистење со IT fasting.

    Се враќаме со исто темпо и никако не потклекнуваме на празничната атмосфера. :)
     
    На S.o.F.i, GlowGirl, DiCaprio и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.926
    Допаѓања:
    178.425
    Пол:
    Женски
    Терам некако и јас
    Вчера скроз дисциплинирана.

    Д: Какао и бејк ролс
    Р: риба и салата
    У : оревчиња и мандарина
    Нес кафе со бадемово млеко
    В: кисело млеко и двопек.

    Денес
    Д: Чорба телешка
    У : Нес кафе и суви смокви
    Р: Салата марула јајца и домати
    И малку гулаш од телешко и печурки.
    За маШ имаше и ориз, ама не го чепнав:)
    У : јатки ќе бидат. И некое јаболко.
    В: планирам палента и моцарела.

    @Doozy ќе се трудам максимално овој пат:!:
    Шеќерот и инсулинот ми се идеални веќе пола година.
    Ама морам вака 'поздраво' да се хранам
    :)
     
    Последна измена: 10 декември 2019
    На Ariel и Doozy им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Кешки нека бидне, ќе идеме да чуваме сите од темава. :D:!:

    Батали сувото овошје, многу го крева шеќерот, подобро земи си темно чоколадо. Коцка и тамаМ, ќе те стабилизира. Тоа од Кам е фино. Ако имаш Кит Го, имаат фина селекција на црни чоколада таму. Јатките ти се добар избор секогаш, се разбира, се' додека не се претера количински. Ама имаат здрави масти, а здравите масти ни се потребни на сите. :)
     
    На Bozica1980 и Bubce38 им се допаѓа ова.
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.926
    Допаѓања:
    178.425
    Пол:
    Женски
    Па ми рекоа да удрам на јатки и суви смокви.
    А јатките баш со жив зорт ги јадам.

    Ама немам проблем јас со шеќерот.
    И кога пиев метформин појќе го пиев ради гинеколошки работи.
    Едно време малку, ама сосем малку ми се јави скриен шеќер. Околу 1 ипол мерна единица над.
    Али ти велам, сега ми се добри
     
    На Doozy и EuHenIa им се допаѓа ова.
  17. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.801
    Допаѓања:
    14.723
    Пол:
    Женски
    На режим на исхрана сум, иако не ми е намерата да ослабам, туку од здравствени причини. Нема да пречи ако се приклучам во темава?
    Режимот има неколку правила, а тоа се: наутро овошје (цитруси посебно, слатко овошје со јатки, неутрално овошје може со слатко или кисело), за ручек протеин(растителен) + салата, вечера салата (може со скроб).
    Денешно мени:
    Д: чаша вода со лимон и сода на гладно, по половина час сварени ‘ржани снегулки со сецкано јаболко, агаве сируп, цимет и малку кокосово млеко.
    У: банана, 3 урми и десетина лешници
    Р: малку домашна зеленчукова супа и салата од марула, краставица, варен наут, црвен грав со балзамико сос и сос од путер од кикирики.
    В: ќе јадам краставица и печен сладок компир.
     
    На LiliBoz и Ariel им се допаѓа ова.
  18. GlowGirl

    GlowGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене, ден 16

    Одма штом се разбудив цеден лимон со млака вода и кафе.
    П: јогурт со мусли
    После појадокот: зелен чај и цеден цитрон разреден во чаша вода.
    Р: стек со ориз и салата - порцијата готова се купува и нит се замарам, ниту можам да се прејадувам, зашто е прилично скромна, особено оризот, ама тоа и ми одговара.
    В: оризови галети со крем сир, ми стојат може месец дена, ич ми немаше текнато дека може да ги вклучам во мени, а ептен се добри и што е најважно - нискокалорични.

    Ме интересира да не случајно е штетно ова секојдневно цеден лимон и цитрон, зашто случајно негде прочитав дека киселината од лимонот може да створи проблем?
     
    На S.o.F.i и Ariel им се допаѓа ова.
  19. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Машки
    Од суво овошје добри ти се урмите, бидејќи имаат низок гликемичен индекс, односно што понизок гликемичен индек тоа по комплексен е јаглехидратот и така поспоро влегува во крвта и нема нагли скок на инсулинот.
    Јатките се добри поради мастите бидејќи ја стимулираат работата на хормоните, па ако неможеш толку јатки јади и авокадо(мене не ми е баш највкусно), мене најмногу ми одговараат кикиритки и индиски ореви.
     
    На Bubce38 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Машки
    Не, лимонот можеш секој ден и јас го практикувам тоа и сум читал доста студии океј е. Ама цитронот портокалот цедени не, зашто имаат висок гликемичен индекс и навлегуваат во крвта брзо и има инсулински скок, така да тоа не баш мораш секој ден, или конзумирај ги целосно за да ги внесиш и влакната и на тој начин се спушта гликемичниот индекс.
    Бидејќи кога инсулинот е во крвта престануваат со лачење скоро сите хормони.
     
    Последна измена: 10 декември 2019
    На GlowGirl му/ѝ се допаѓа ова.