Идеја за еден рецепт, штом си љубител на јапонски јаболки. Изблендирај една банана, 2 јапонски јаболки, малку кокос и малку кокосово млеко. Излегува преубав “пудинг”. И држи многу. Еве и една слика На темата... не сум денес ич за фалање, така да подобро да го прескокнам менито
Како што пишав и вчера, викендите се декадентни. Д: лате, мафин (по грешка без шеќер беше направен) Р: пица, греана ракија В: малку чварки, биено сирење на скара, една обична и една греана ракија. Дека малку е калорична ракијата, па греана со екстра шеќер пиев. На тема баланс, завчера затворив кафана, вчера теретана, а денес игротека. Ме плаши тоа што утре ќе бидеме со гости. Ќе се јаде нешто.
Тука, сум продолжувам. Шо би рекла Ариел декаденција и јас за викенд правам, ама не се откажувам иако грешев. Продолжуваме понатаму. Менито од викендов не ви го кажувам. Неделава се надевам ќе е ок . Бидете умни и дисциплинирани,
И јас викендов се опуштив. Не дека нешто кој знае што јадев, ниту јадев од 'забранетите' работи ама сепак... опуштена бев. Важно леб и благо Не каснав. Ама можам и подобро За денес: Какао Д палента и козјо сирење У јатки 100 гр Р грчка салата и телешки медаљони ( уште сега знам што ќе нарачам у Боко). У кафе В марула салата и туна. Ништо друго нема клавање во уста И 5000 чекори за денес се предвидени
@Avery , ti blagodaram mila za predlogot, bas ke probam da go prigotvam. Den 27 Denes na meni Pojadok japonski jabolki Rucek parce stek, kiselo mleko i salata Vecera ... na rabota ke se krcka ovosje. Nezamislivo mi e od doma da spremam hrana i tamu da jadam... no, no..
Ден 22 Само да ве известам дека вчера издржав не мушки туку женски Строго течности до крај и еве тек сега ќе јадам, значи се повеќе од 24 часа. П: омлет Р: плескавица со мала шопска В: или ништо или краставица/супа
Добар ден. Одвреме навреме избирам денови кога да не јадам месо, или пак две недели со 3:4 денови јадење месо, но не заради диетални причини туку најмногу еколошки и чисто здравствено. Сега се одлучив 2-3 дена да не конзумирам млечни производи, па затоа ќе ги нема во моето мени. Ова е највеќе за да видам дали ќе има некакво влијание врз состојбата на мојата кожа. Појадок: ѓеврек Ужина: 2 мандарини, полна шака бадеми Ручек: туна, салата Вечера: компир чорба Уф, сигурно убаво му дошло на организмот. Јас не би издржала. Браво! Останете мотивирани.
Сподели како помина, дали осеќаше глад, кризи за храна, како се чувствуваше. Значи цел ден фастинг направи?
Да, цел ден. Епа вака, како што пишав првата половина од денот ми помина незабележано зашто бев растрчана по обврски и не ни почувствував глад, а откако дојдов дома, значи веќе накај 4-5 попладне пиев кафе и тоа до негде ми го уби апетитот, ама да речеш гладна бев па издржував не. Главната причина што издржав е тоа што во ниеден момент не се почувствував многу гладно ниту пак помислував на храна. Вечерта кога веќе почнав да приметувам дека кај и да е ќе ми се пријаде си направив зелен чај, гледав филм, и два часа подоцна - си легнав. Испив преку 3л вода исто така во текот на денот. Сума сумарум, кризи немав и не бев гладна до тој степен да не се издржува, сабајлево се чувствував одлично, не потрчав одма по храна како резултат на вчера, туку си терав регуларно, цедено лимонче, кафе, па тек после тоа појадок. Доколку не е штетно би го повторила пак во недела.
Не е воопшто штетно, баш е супер, можеш еднаш неделно да го практикуваш. И јас еднаш во неделата обавезно целодневен фаст правам. Цела недела терам 16/8 и два дена претходно пред целодневен убаво се полнам со хидрати и дента пред целодневниот фаст јадам вообичаено. И никогаш не чувствувам глад.
Трета недела, опуштено. Резултати - нема. Цела недела стагнација, а добро е и што не качив. П: мусли со банана Р: пилешко со спанаќ В: пола сендвич од Ројал и парче торта. За атер. Има и позитивни страни денов. И покрај роденденот на детето, отидов да вежбам. Ме чекаат уште неколку прослави. Ќе се издржи. Се бара @zeka да ми удри една воспитна.
И јас после фастинг пијам кафе (со засладувач) само колку е правилно а и здраво, кафе на празен желудник не знам
Биди во калориски дефицит и јади што сакаш, немај гајле. Нема да е тоа на долга стаза. Океј е кафе нема гајле. Ама пробај без засладувач(природен/вештачки). Бидејќи го активира инсулинот. Турско без шеќер е права ствар за мене
Па нема да е скроз џабе, бидејќи телото на овај или на онај начин мора да бара од некаде храна и ќе почне да ги троши протеините од мускулите повеќе наместо мастите, плус при дигнат инсулин се осеќа и повеќе глад. Не е толку страшно, ама пробај да го редуцираш. Или прескокни го или еден ден со засладувач еден без.
Фала ти, е ова не го знаев..каде наоѓаш повеќе инфо? Јас моментално ја пратам една српска фб група AUTOFAGIЈА ама е прилично нова па нема баш многу информации..
Хаај тука сум, ама не сум безгрешна Вчера беше роденден на маж ми, арно ама ние кренавме уште од недела да го славиме. И што да ви кажам. Божем само еден ден, испаднаа два. Јадење и пиење хаос. Ама искрено порано кога ќе направев така, па утрето грижа на совест ќе ме изедеше, сега не. Си продолжувам и едвај го дочекав овој доручек. Киселини ме утепаа два дена, ама така е, ко се јаде се и сешто Денеска доручек стандард Јајца, к.млеко и парче црн леб Ужина некое овошје Ручек таратор ќе биде и може супа. Да го освежам малку желудникот
Ден 23 П: омлет со парче сирење и еден патлиџан Р: стек со ориз В: салата За оние што веќе бројат калории ова сигурно им е познато, ама јас денес го открив и сум многу воодушевена. На апликацијата my fitness pal има скенер за производи што веднаш ти даваат податоци, ама можело и да си внесуваш пр. сирење, не знаев како да го барам, го скенирав и иако го немаше во нивната база си внесов се што си пишува на амбалажата и апликацијата ми пресмета се. Не бројам калории, вака знам од време на време да внесам оброк чисто од интерес колку калории содржи вкупно, и пример сега воочив дека наместо 100гр сирење подобро е да намалам на 50гр зашто е најкалорично од целиот оброк. Дефинитивно ја препорачувам.