Вчера - ден без грешка. За денес Какао и цеден лимон Д овесна каша со банана, капини и еден ред изрендано црно чоколадо. У 100 гр јатки Р ципура ( ама пржена на тефлон со капка зејтин) и многу зелена салата. 100 мл бело вино ќе се напијам денес. У урми, брусница и некоја смоква В варени јајца и таратор со козјо кисело млеко. Можно е и едно парче тонус лебче 2, 5 л вода во план И само ( околу) 4000 чекори
Колку отприлика визуелно е тоа? Јас бројам калории некогаш ама не сфаќам како да знам колку е 100гр сирење или кашлавал па погаѓам.
100 гр е пример од калапчето помалку од прст дебелина парче, нели правоаголник и половина од тоа е 50. Си измерив на кујнска вага и толку излезе околу 46-7гр, заокружи 50 Ама и зависи сеа и од калапот, калориите зависат и од видот на сирењето.. За сигурност внеси си го сирењето на апликацијата, тоа ќе го направиш еднаш и после си го имаш у база, а за грамажата најсигурно ти е со вагичка.
Денес: Појадок: палента Ручек: направив оброк со рендан компир, морков и 2 јајца. Јадев со лут сос и оставив малку затоа што се чувствував веќе заситено. Вечера: пилешко, салата Ужина: овошки Би требало се на се да е околу 1200 калории, вчера изгледа изедов околу 1600, па нека се направи баланс. Јас вежбам 5-6/7 иако заборавам да пишувам, така да денеска само кардио ќе е изгледа.
,, Sleden pat kombiniraj, ili parce torta ili sendvic so sendvic i torta nwmoze da barame kaloriski deficit Od greskite se ucime. Den 28 Pojadok 2 japonski Rucek 100 gr stek i malku ruska salata . 2 lazici... Vecera 2 batacinja i tanjir supa. Denes kasnav pola parce torta. Mi se sladi, epten, kjere bila do slatkarnica da ,kupi, kako da ne probam? Na ogledalo gledam veke rezultati, navistina.
Ден 24 Добро утро добар ден на сите. По вчерашното откритие прилично се заиграв со апликацијава за броење калории и почнав да скенирам баркодови на производи на се што најдов по дома . И така сега за денешното мени точно знам што и колку содржи. П: 50гр корнфлекс со 100гр млеко, од око тоа е една рака корнфлекс со половина шолја млеко (200 kcal) Р: 130гр туна, тоа е цела конзерва од тие средните, марула, домат и 5 маслинки (околу 230 kcal) В: ќе бидат макарони со сирење и кечап, частовка за сите овие заштедени калории. Е за ова само не знам како ќе пресметам ама сигурно нема да го надмине зацртаниот дневен внес. Плус вежбање 30-40мин, лимон секако и чај. Многу вода.
Хелоу. Денеска на мени: Појадок: ладен сендвич (путер, црвен сол, кашкавал, суви врат, краставички - домашно направен) Ручек: ориз на тавче и пилешко Вечера: до крај на вечерата ќе имам ужинки како кефир, овошки и слично. Појадок изедов, и ручек само што јадев исто така, а изедов и една мала пржена кришка бел леб, ги видов на маса и ми се изјави желба. Вклопена е во дневните калории. Исто така и кафе. Вежбање орбитрек 45 минути.
Ден 25 Прво морам да признаам дека вчера си лапнав благичко, страшно многу ми се јадеше, сама отидов и си купив, ќе да е до пмс. Среќа што имав доста заштедени калории па не беше страшно, благото беше околу 300kcal според амбалажата. Успешно терам низ преполни маси со поховани даски, не боцнувам ништо зашто сум без осет, ако пробам подоцна и ќе се најадам од тоа, затоа ми е подобро скроз да избегнувам. За денес нема искушенија, мирен ден П: варено јајце, сирење и патлиџан (250 kcal) Р: стек со топка ориз и салата (330 kcal) В: некоја лесна салата, ќе видиме Вие другите каде сте да се мотивираме? Ве чекам
Денеска за доручек јадев туна од големите, скоро цела ја изедов со парче црн леб. Ужина некое овошје Ручек пржено свинско месо, што ми остана од вчера со салата. Веќе сум во ПМС се надевам нема да имам големи кризи. До денес точно еден месец како сум на оваа исхрана, во Новата година ќе влезам со моите 88кг. И на 31 ќе се частам и потоа ќе гледам да сум малку построга со исхраната
Умирам. Еве јас ќе ве мотивирам. Ај што едвај се натерав да вежбам, поубаво никогаш не сум вежбала. Прво ме мрзеше да станам од кревет, се мислев што да вежбам па и одлучив да не вежбам. Ама се решив ајде имам прилика сега, утре сум зафатена, дај тежински. Ама многу супер испадна. Многу ме радува прогресот што полека го правам со тежински тренинг. Иако се уште сум далеку, далеку од саглам правење на вежбите, денеска многу подобро ги правев - помалку мандање, помалку занесување, а повеќе паметно користење на мускулите. Интересно ми е да пронаоѓам мускули што никогаш во животот не сум ги почуствувала, а сега ме болат. И така како што поцврсто ги правев вежбите, повеќе боли. Почнав да се тресам и велам ајде пола од тренингот ќе го направам, газот ќе ми отпадне инаку. Ама тие знаат дека е така и наредни две вежби ги направиле за стомачни, легаш на грб, па јас реков нема смисла да прекинам. И ги истерав цели 30 минути со тоа што се струполив на пола од последната вежба. Вежбам со тегови од 2кг инаку и почетнички вежби од јутуб. Посно мени, дека е слава, ама не постам од религиозни причини туку дека е предизвик. Појадок: интегрално ѓеврече со маслинки Ужина: Банана Ручек: Не знам, уште сум утепана од тренинг, ако ми се јаде ќе видам. Желбата ми е некако насочена кон нудли од пакетче, ама ќе видиме. Вечера: На слава. Риба, грав, погача, посни колачи, се по ред. Во умереност. Убав ден.
Јас што ќе пишувам. П: перек, лате Р: пита со зелка, банана В: ќе одам на слава Среќа што немам качено. Барем со вежбањето добро ми оди.
И да ви кажам, се измерив на вага и сум -2 кг. Реално, ова може да значи повеќе работи - тежината се менува дневно, па и часовно, НО да бидам фер, се измерив одма после обилен оброк така да мора да сум изгубила нешто. Од друга страна се мерев и физички и немам изгубено цм никаде на телото, што океј, кога почнав со слабеење мнооогу долго не ми мрдаа димензиите и потоа одеднаш се смалив, што ме научи на трпеливост. Не се чувствувам разочарано, баш мислам дека ми беше успешен ден и јас си легнувам задоволна со тоа што бев на слава а не си легнувам во кревет прејадена. Еве трпелива сум, продолжувам напред, му верувам на процесот. Ако по некое време навистина не забележам повеќе резултати, ќе сменам нешто во исхраната. Ама знам дека наредно мерење ќе имам одлични резултати.
Мерењето секогаш се изведува наутро на гладно и после извршени физиолошки потреби. Тие 2 кг на јадено на гладно може да се 3 и пол кг.
@Srckata28 Како што ти кажа членката погоре, јас секогаш така се мерам и само таа бројка ја признавам Не се откажувај ќе стигнат резултатите, сепак килограмите одат надолу нели!? А што правиме со мене, вчера вечерот утнав. Значи се разочарав од себе бе Ви реков во пмс сум и потклекнав. Ме фати нервоза, ми се јадеше и солено и благо во исто време и бидна работата. Не сум за оправдување, за карање сум знам. Се чувствувам лошо, скршнав од патот.
Мислев маркетиншки скем да не е, како пример црниот леб, кој не е црн туку полн со прехрамбена боја. Али ќе земам да пробам. Кој би ми препорачале, мислам дека има неколку вида?
Ама ич да не се замараш, па не може само треви да пасеме, нормално е да си каснеш, не си крати толку, повеќе ќе истраеш со повремени “грешки” зашто ако се си забрануваш брзо ќе падне се у вода.
Јас овој го земам. Некако најАрен ми е. Терам со режимов. Најважното е што веќе свикнав на 'ваквата' исхрана. Гладна Не сум, а не јадам ни количински многу. Понеделник ќе се мерам, баш да видам имам ли намалено некое килце. Иако Не ми е приоритет да намалам на килажа, убаво би било да сум 2-3 кг во минус За денес Д какао и 2 парчиња тонус со намаз од авокадо и маслинки У Кафе и урми 100 гр Р грав и шопска салата У јатки В надвор ќе биде Салати и некое парче месо, најверојатно пилешко во некој сос