Најновиот. Црниот. Не е трик. Проверен ми е. Патем да знаеш повкусен е тостиран јер зрната така пуштаат повеќе на вкус. Дај слика од тој
Потврдено одличен, и по состав, а лично за мене и на вкус. Јас го јадам добри 4-5 години, уште од кога испадна. Тостиран е топ, како што ти рекоа. Богат е со диетски влакна, за мене уште поголем плус оти си поштувам fibers. Нели рековме, среќно меше, среќни луѓе. Со јајца оди топ, со хумус исто. А тостиран со павлака па ептен. На почетокот ќе ти биде чуден оти не си навикната на таков леб. А и е малку посув од „обичниот“ леб, јас не можам да го јадам само така ако не е со нешто друго. Патем, чувај го во фрижидер пошто мене многу брзо ми се расипува на собна температура. Ова особено летно време. Сите ми се убави мене, но за почеток земи го зелениот, некако најнеутрален е. Виолетовиот кога го пробав првпат се шлогирав, сега ми е омилен со тоа црното семе.
Брашното е ситно дробена, пченица, пченка итн.... па така и овие зрна ги дробеле кое ситно кое поголемо и така испаднал дека без класично пченично брашно е.
Лушпите од зрната не се двојат и фрлаат туку и тие се користат за правење на лебов, каде уствари се наоѓаат најмногу од хранливите материи.Тоа кај бел леб/брашно го нема, зрното е "соголено".
Пробав секакви и сега сум без леб. Скиснати, од пченка, од р'ж, овес, интегрални, со секакви семки...ама без брашно не сум сретнала. Поточно читав од јајца, од бадеми и павлака, нешто слично, ама не го правев. Знам дека со лушпи е интегрален, не знаев дека изртен се нарекува -без брашно. Овој скиснатиов да не е тој? Кисел е малку на вкус?
Најпаметно. Интересна работа колку заситува лебов. Пример обичен бел леб можам (со летна манџа или топол ајвар) цел да го изедам. Од овај три парчиња (помали се од обичен леб) изедов мислев ќе пукнам. Ај да не ти го фалам, штом можеш без никаков, не ти треба ни овој
Не е кисел, не е како тие скандинавските/германски лебови од цело зрно. Таков е тој еден од Кам, ама тој е со шеќерна репка. (Некогаш и тоа ставаат на таквите лебови) Тонусот нема вкус, само посув е и по... како да кажам, почуден е. Тостиран е скроз нормален. Речиси. Има еден и без брашно и без квасец, арен е и тој Тонус. Плавиот е тој. Пробај го баш кога ќе си во Мк. Тостиран, со павлака е мој предлог. Инаку, јади леб, интегрален по можност. Јас со години не јадев (у на Цвета филмот кога бев, строго овошје) и ептен си ја зезнав цревната флора, имав страшен проблем со дијареја од какво било јадење. Кога и кажав на матичната дека со години немам јадено леб, за глава се фати. Откако воведов пак леб, сум немала проблем.
ШпагетКи, noodles, пица тук там, не се оставам без ич ама гледам ретко да е. Не сум само на салата и овошје, си јадам машала. Некако не ми е верно дека заради нејадење леб проблеми некакви здравствени може да имаш ако јадеш се друго во нормала, ама што знам јас. Околу мене ретко кој јаде леб редовно па навикнати се.
Јас не јадам леб. Додуше имам јадено неколку пати без глутен (само таков смеам) жива сум.. А не јадам од минатото зимо. Ориз и компир се таман замена.
Аа ја ептен хардкор бев. Најкратко објаснето, проблемот беше во тоа што внесував премногу insoluble fiber, па богами ми беше весело. Плус следев такво репетативно и рестриктивно мени... арно и со толку поминав. Ова на Лили е друго веќе, тогаш немаш избор. Ама чим каснуваш чат пат, ништо не ти е.
Мене железото ми е ниско ама и тие што јадат бг леб имаат исто така ниско железо. Сосема нормално било за нашата дијагноза...